Македонија
Почна продажбата на едномесечен зелен картон

На почетокот на туристичката сезона, кога македонските граѓани најчесто заминуваат на одмор со своите возила, Владата ја операционализираше најавата на премиерот Никола Груевски, дадена во Охрид минатиот викенд, за измени во цената на зелениот картон, при што покрај едногодишниот се воведе и едномесечен зелен картон.
Едномесечниот зелен картон ќе чини 30 евра за тие што имаат патнички возила до 66 киловати, а 50 евра за оние со повеќе од 66 киловати. За ова, во петок наутро, се известени подрачните канцеларии на осигурителните компании, а објавено е и соопштение на страницата на Националното биро за осигурување.Македонските граѓани до септември 2011 година за зелен картон со важење од еден месец плаќаа 2.450 денари (40 евра), за три месеци 3.670, за половина година 5.500 денари, а за една година 9.760 денари (150 евра)./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Владата на ДПМНЕ се фали со наши проекти, овој пат во Кавадарци

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со познатата практика на сликање покрај проекти од претходната Влада, велат од СДСМ.
„Последен пример е Кавадарци, каде премиерот Мицкоски, членови на владата и градоначалникот Јанчев се фалеа со проекти како што се колекторскиот и канализацискиот систем во населеното место Моклиште, проекти кои беа планирани, финансисрани, започнати и во напредна фаза на реализација токму во време на Владата предводена од СДСМ.
Добро е што овие проекти се завршњни но граѓаните знаат: овие проекти се резултат на одговорна и визионерска политика на СДСМ која секогаш работеше во интерес на сите граѓани.
За жал, после 10 месеци Вадата на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден сопствен капитален проект“, се вели во нивната реакција.
Македонија
Меџити: Во Кавадарци инвестираме над еден милион евра во подобрување на водната инфраструктура

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес беше во посета на општина Кавадарци како дел од владината делагација предводена од премиерот Христијан Мицкоски која направи увид во реализацијата на повеќе проекти од различни области што се реализираат со државна помош.
Меџити најави дека во Кавадарци, заедно со општината, Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање се финансираат три проекти во делот на подобрување на водната инфраструктура со вкупна вредност од 1 милион и 300 илјади евра, од кои околу 1 милион евра се неповратни грант средства државна помош, а 300 илјади евра е сопствена контрибуција на општината. Овие средства се обезбедени преку кредитната линија од Европската инвестициска банка наменета за сите општини во државата.
„Во село Моклиште градиме на водоводна и канализациона мрежа во должина од 6.4 километри и резервоар со капацитет од 150 метри кубни. Во самиот град Кавадарци ја градиме водоводната и канализационата мрежа во блок 5.9 ул. „Вељко Влаховиќ“ со што за оваа новоизградена населба ќе обезбедиме поврзување на станбените објекти со постоечката водоводна и канализациона мрежа за 400 домаќинства и набавуваме водомери со далечинско отчитување за замена или поставување на нови мерни инструменти за над 2000 домаќинства“ изјави Меџити.
Според него, со овие проекти Владата и Министерството за животна средина вложуваат во подобрувањето на животниот стандард на кавадарчани и социо-економскиот развој на општината. Од друга страна државата ја помага општината и со имплементација на нова современа технологија за точно отчитување на потрошената вода со што ќе се намалат загубите на вода на територија на Oпштината и ќе се овозможи одржливо и економично управување со водните ресурси, со што се заштитува и животната средина.
Македонија
Муцунски – Катаока: Јапонија е значаен економски партнер на Македонија

Во рамки на работната посета на Јапонија, владината делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во Токио оствари средба со Сусуму Катаока, претседател на Јапонската надворешна трговска организација (JETRO).
Досегашната соработка и можностите за нејзино продлабочување преку конкретни активности и иницијативи за поврзување на бизнис заедниците од двете земји беа во фокусот на средбата.
Муцунски истакна дека Јапонија е значаен економски партнер на Република Северна Македонија, при што нагласи дека нашата држава нуди одлични услови како стабилна и конкурентна дестинација за инвестиции и трговска соработка.