Контакт

Македонија

По повеќе од една година избрани претседатели на 14 основни судови низ Македонија

Објавено пред

Судскиот совет по повеќе од една година од огласот, избра претседатели во 14 Основни судови низ Македонија и 22 судии поротници во Основниот суд Скопје 1.

dobivaj vesti na viber

На денешната седница Советот не избра претседател на Апелациониот суд во Скопје, каде подолго време на оваа функција има вршител на должност.„За Апелација и за уште еден суд ќе бидат избрани на една од наредните седници. Покрај овие критериуми и условите кои се определени во законот за судовите и во начинот и постапката којашто е утврдена во законот за судовите и деловникот на Судскиот совет, ние покрај овие критериуми коишто се многу битни, имаме широка можност на секојдневните состаноци што ги имаме подетално да утврдиме каков е нивниот начин на соработка со граѓаните, каков е нивниот начин на соработка со колегите судии, каква е нивната соработка со судската администрација итн“, рече претседателот на Судскиот совет, Бранко Ушковски.Ушковски не сакаше да коментира зошто на Советот му беше потребно повеќе од една година да ги провери биографиите и да избере претседатели во судовите.„Не би имал коментар, јас сум претседател на Судскиот совет од пред еден месец, не би можел да коментирам“, изјави Ушковски.За претседатели на судовите избрани се судии кои во последните две години од страна на Судскиот совет се оценети со највисок број на бодови во однос на другите противкандидати. Меѓу кандидатите за претседател на Основниот суд Скопје 2, со највисок број бодови беше и Шукри Сејдиу, судија уапсен во полициската акција „Јустиција“ во којашто беа уапсени 14 судии од Одделението за прекршоци во Основен суд Скопје 1. Сепак, Судскиот совет поради неговото апсење утврди дека не ги исполнува условите да биде кандидат за претседател. Ушковски, исто така, не сакаше да коментира како е можно судија со највисок број на бодови да биде уапсен за несовесно работење, бидејќи, како што рече, истрагата за овој случај сè уште трае.Неколку дена пред изборот својата пријава за кандидат за претседател на овој суд ја повлекол и Ѓорѓи Радојков, досегашниот вршител на должност на Основниот суд Скопје 2.За претседател на Основниот суд Гевгелија, одделение Валандово беше избран Драги Дилберов, иако како што потврди и Ушковски имал уште година и половина до пензионирање. На новинарско прашање дали е избран, бидејќи е тетин на сопругата на премиерот Никола Груевски, Ушковски вели дека не е запознaeн со тоа и дека ќе се воздржи од такви коментари.Претседателите на сите судови беа изгласани едногласно без ниту еден глас против. За претседател на Основен суд Берово е избрана судија Голубинка Козовска, за претседател на Основен суд Битола е избран Дејан Крстанов, за Претседател на Основен суд Велес е избран Александар Шопов, Претседател на Основен суд Виница ќе биде Благој Цикарски, Драги Дилберов ќе биде претседател на Основниот суд Гевгелија, одделение Валандово, за претседател на Основен суд Делчево е избран Миле Ѓорѓиев, за претседател на Основен суд Кавадарци е избран Зоран Јосифовски, за претседател на Основен суд Кичево, одделение Македонски Брод е избран Баки Алили, а Анкица Димитровска беше избрана за претседател на Основниот суд Крива Паланка.За  претседател на Основен суд Неготино е избран Ацо Анѓелковски, Јане Тренчевски ќе биде претседател на Основниот суд во Прилеп, Илир Сулејмани е избран за претседател на Основен суд Скопје 2, Слободан Арсовски за претседател на Основниот суд Свети Николе, а Емил Пилатов за претседател на Основен суд Штип.Судскиот совет избра и 22 судии поротници за во Основниот суд Скопје 1, каде имало 71 испразнето место. На следните седници се очекува да биде избран претседател на Апелациониот суд и Основниот суд во Струмица./крај/мф/ффс

Извор: Фото:Архива

Македонија

Општина Чаир: Утре ќе се одржи комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи

Објавено пред

Комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи ќе се одржи во вторник, 2 Декември 2025 година, во 13:00 часот, во општина Чаир.

dobivaj vesti na viber

„Овој момент на сеќавање има за цел да го пренесе поширокото културно и институционално признание за неговото дело и за влијанието што го остави во албанската музичка уметност.

Паралелно, книгата за сочувство ќе биде поставена во просториите на Општината и ќе биде отворена од вторник до петок, за сите граѓани и претставници на уметничката заедница кои сакаат да го изразат своето сочувство“, велат од општина Чаир.

Прикажи повеќе...

Македонија

Жан Митрев Клиника со признание за медицински туризам на Меѓународниот саем во Нови Сад

Објавено пред

Клиничката болница Жан Митрев е добитник на признанието за „придонес кон иновации и професионален пристап на клиниката како водечка дестинација за медицински туризам“ на годинешниот 56 -ти Меѓународен саем за туризам во Нови Сад, што се одржа од 26 до 29 ноември.

dobivaj vesti na viber

Ова признание претставува силна потврда дека Жан Митрев Клиника се позиционира и е препознаена како реномирана дестинација за медицински туризам, со високи стандарди и иновативен пристап во државата, регионот, но и во светот.

Во последниве 25 години, во Клиниката Жан Митрев остварени се 1,1 милиони посети од повеќе од 400 000 пациенти од Македонија, Косово, Албанија, Хрватска, Швајцарија, Англија, Либија и многу други држави, а извршени се повеќе од 45 000 оперативни зафати. Ова е доволен показател за највисоките стандарди што ги применува Жан Митрев Клиника од аспект на квалитетот на здравствените услуги и грижата за безбедноста на пациентите, за што впрочем говори и последното признание за медицински туризам на саемот за туризам во Нови Сад.

На меѓународниот настан учествуваа околу 250 изложувачи од 10 држави, а Македонија беше држава партнер. Македонското Министерство за култура и туризам предводено од министерот Зоран Љутков ја претстави својата туристичка понуда пред бројните посетители

Учеството на Саемот претставува значајна можност за меѓусекторско поврзување на приватниот и јавниот сектор, преку граѓански организации кои придонесуваат за развој, како и туристички агенции, угостители и хотелиери.

Жан Митрев Клиника изразува благодарност за признанието, кое претставува потврда дека континуираната посветеност, врвната експертиза и довербата што ја ужива меѓу пациентите од Балканот и пошироко, ја прават вистински амбасадор на македонското здравство на меѓународната сцена.

ПР

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивото отстранување

Објавено пред

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на Истанбулската конвенција, што ја одржа собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.

dobivaj vesti na viber

Според неа, Извештајот на Државниот завод за ревизија дава прецизна дијагноза на реалните состојби и открива системски недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција.

Нејзини клучни препораки се: итно донесување на Националната стратегија 2026 – 2033; проширување на мрежата на засолништа; обезбедување долгорочна финансиска поддршка на жртвите; воведување стандарди во давањето на услугите од страна на социјалните центри; вработување на соодветен, стручен кадар и негова континуирана обука како и побрзо лиценцирање на СОС линиите. Според неа, програми за психосоцијален третман, треба да се спроведуваат не само со жртвите, туку и со сторителите.

Таа смета дека програмите за психосоцијален третман се потребни не само за жртвите, туку и за сторителите.

Претседателката укажа на потребата од јасни критериуми при распределбата на финансиите, врз основа на претходна анализа на трошоците.

Мора да се заостри казнената политика во однос на семејното насилство и фемицидот, истакна таа.

Сиљановска-Давкова предупреди дека жените остануваат незаштитени во критички момент како резултат на дисфункционалноста и некоординираноста на институциите. Заради тоа, фемицид расте, институционалната недоверба се продлабочува и се нарушува нашиот кредибилитет во исполнувањето на меѓународните обврски.

Укажувајќи на поразителната статистика на МВР за бројот на жртвите, учесниците во јавната расправа се заложија за системски промени насочени кон превенција на семејното насилство, како и соодветен одговор на кривичните дела врзани за насилството.

На седницата се обратија претседателката на Комисијата, Жаклина Пешевска, потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексовска.

Во дискусијата учествуваа претставници од државните институции на национално и локално ниво, на граѓанскиот сектор и меѓународните организации.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа4 часа

Кремљ: Го освоивме Покровск

Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави...

Свет5 часа

Белата куќа: Магнетната резонанца на Трамп покажа одлична здравствена состојба

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, денес изјави дека неодамнешниот преглед со магнетна резонанца на Доналд Трамп било превентивно по...

Македонија8 часа

Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивото отстранување

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на...

Македонија8 часа

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии

На 27.11.2025 АХВ заедно си службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина...

Македонија11 часа

Продолжува повратот на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од...

Македонија15 часа

Се вклучија камерите во Скопје, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена

Камерите поставени на сообраќајниците во Скопје од денеска ќе снимаат, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена, а од...

Македонија16 часа

Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта,...

Македонија17 часа

(Видео) Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на Стража на автопатот Гостивар – Букојчани

Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8, на релацијата Скопје –...

Македонија17 часа

Синдикатот на вработените на клиниките против реорганизацијата – прераспределбата на кадри може дополнително да ја наруши стабилноста на здравствениот систем

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центрите, клиничките болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) предупредува дека предложената внатрешна...

Свет18 часа

Врховниот адмирал на НАТО: Размислуваме за поагресивен пристап против Русија

НАТО размислува за заземање поагресивен став како одговор на руските кибер-напади, саботажи и нарушувања на воздушниот простор, изјави највисокиот воен...

Свет18 часа

Хакирани 120.000 камери во домови и гинеколошки ординации во Јужна Кореја, снимки со експлицитна содржина продавани на интернет

Четири лица се уапсени во Јужна Кореја за наводно хакирање повеќе од 120.000 видеокамери во домови и бизниси и користење...

Свет18 часа

ЕУ го предупредува Трамп: Путин мора да одговара за воените злосторства

Висок функционер на Европската Унија предупреди дека мировниот план на Доналд Трамп за Украина не смее да го ослободи Владимир...

Свет19 часа

Трамп: Украина има сериозни проблеми

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е оптимист по разговорите меѓу украинските претставници и неговата администрација за начините за...

Македонија2 дена

Родителите прават штета кога инсистираат нивните деца да добиваат петки без соодветно знаење, вели Јаневска

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој...

Македонија2 дена

Убиени оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) убија четворица оперативци на Хамас денес откако излегоа од тунел на југот од Појасот Газа, објави...

Македонија2 дена

Поплавени дворови, подруми и ниви во Општината Чешиново – Облешево, не се чистеле каналите

Во Општината Чешиново – Облешево во повеќето од населени места се поплавени дворови, подруми, ниви со неожнеан ориз и  житни...

Македонија2 дена

Марш на ангелите“ во Кочани: До кога ќе се одложува правдата и вистината за „Пулс“

Родителите и блиските на загинатите во пожарот во „Пулс“ одржаа уште еден „Марш на ангелите“ во Кочани, кој почна од...

Македонија2 дена

Анализите покажаа дека нема тешки метали во водата што ја пиеле затруените деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо...

Македонија2 дена

Поголем дел од Скопје утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре, 30 ноември (недела), поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе...

Македонија3 дена

Бесплатни уролошки прегледи денес во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина

По повод Месецот на машкото здравје – Мовембер, во амбулантата на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември”...