Македонија
Адвокатите на Заев: Пуштените снимки се извадени од контекст и се со цел да го оцрнат Заев
Правните застапници на претседателот на СДСМ Зоран Заев изразија згрозеност од тоа како државните органи вршат објавување на снимки од посебните истражни мерки.
„Да се прави поткуп со посебни истражни мерки е очигледно провокација и местење, значи ако има било каков основ за земање поткуп, имаме докази, предметите се завршени, а во самите снимки има дел кога Иво му вика на Заев зошто го тужел, значи Заев го има тужено истовремено Иво затоа што не си го платил долгот за комуналии, тогаш се поставува прашањето, какво е тоа зимање поткуп, а во исто време да те тужам“, велат правните застапници на Заев.
Според нив, не е јасно како Јавното обвинителство за организиран криминал и МВР, познавајќи ги законските одредби како треба да се постапува со тие докази, вршат јавно објавување и обелоденување.
„Дали причината за тоа е само да се оцрни личноста на Зоран Заев и тие снимки да се објават вонконтекст, односно, нецелосно, па истите свесни дека не постои кривичното дело кое сакаат да му го стават на терет, едноставно вршат уништување на докази, сакајќи со тоа кај народот да создадат површна слика за самото дело“, се вели во реакцијата.
Адвокатите на Заев додават дека доколку предметната видео снимка биде во целост прегледана, јасно ќе се види дека станува збор за нудење на сума од две евра од страна на Иво Сачевалиев како донација за храмот, меѓутоа, самиот во разговор со Заев укажува дека му е страв тоа јавно да го стори за да не биде забележан од власта и да не му замери како Иво Сачевалиев помага на соборниот храм, а со тоа и на Зоран Заев, едноставно, истиот сака да ја скрие постапката за помагање на храмот.
„На тоа, Зоран Заев јасно му укажува, дека тоа може да го стори со плаќање на парите, директно купување на железо, бетон во кеш, или да ги остави кај него, кај брат му Вице, кај братучедот Трајче за да одат директно да уплатат, значи сите тие разговори се јасно наведени во снимките, но очигледно сакајќи само да се нанесе штета, се вади еден дел од контекст“, констатира тимот на Заев.
„Дали власта е свесна дека нема кривично дело па врши само политичко оцрнување на Зоран Заев, а сето тоа вадејќи ги снимките вон контекст, тоа нас не ни е јасно, народот треба сам да заклучи. Сметам дека доколку тоа го прават, треба истите тие снимката да ја дадат на новинарите, како што тоа го прави Заев и да биде целосно ислушана и објавена. И доколку полицијата и обвинителството сметаат дека така треба да се постапува, слободно нека ги објават сите докази“, порачуваат од адвокатскиот тим на Заев. /крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.

