Забава
Стариот голф на Меркел продаден за 10 илјади евра
Стариот бел „голф“ кој некогаш и’ припаѓал на актуелната германска канцеларка Ангела Меркел во понеделникот е продаден за 10.165,02 евра на интернет аукцијата, иако пред две седмици за автомобилот стар 22 години наводно биле понудени 129.995 евра.
Аукцијата беше прекината пред две седмици токму поради несериозните понуди, но беше по неколку дена повторно активирана.
Продавачот наводно го купил пред една година, а на продажба преку наддавање на интернет се одлучил кога го дознал вистинскиот идентитет на првата сопственичка на автомобилот.
Колата беше ставен на продажба на интернет страницата на eBay. Почетната цена на автомобилот изнесуваше 10 илјади евра, што значи дека и продавачот не заработил многу повеќе отколку што замислуваше.
Белиот автомобил на фотографијата изгледа дека е добро зачуван, а километражата на „голфот“ со три врати е 190.000 километри. Според весникот Spiegel, сегашниот сопственик на возилото, го купил пред околу една година со оштетувања на каросеријата. Кога ги видел документите, возачката дозвола на Меркел, во која стои нејзината поранешна приватна адреса, што е доказ за веродостојноста на сопственикот на возилото, тој е целосно го ремонтирал, изгланцал и украсил aвтомобилот.
Веројатно Меркел го користела автомобилот во првата половина на 1990-тите години. Како што е наведено во информацијата, во сопственост на Меркел автомобилот бил од од 1990 до 1995 година, потоа негов сопственик станал сопругот на сегашната канцеларка, Јоаким Зауер, а во 1996 година тој го продал автомобилот.
Во времето на комунистичката ГДР (Источна Германија) Ангела Меркел користела автомобил од марката „трабант“ а нејзин прв автомобил по обединувањето на Германија, бил токму овој „фолксваген голф“. Позната е вљубеноста на семејството на канцеларката Меркел кон оваа марка автомобили, и сега тие поседуваат автомобил од брендот Volkswagen Golf, кој го користи нејзиниот сопруг. Ангела Меркел, пак, ја возат во службен блиндиран автомобил од брендот Audi./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

