Забава
Виолината од ‘Титаник' продаденa за повеќе од милион евра
Виолината на којшто било свирено додека тонел „Титаник’ во 1912 година во саботата е продадена на наддавање на британски колекционер а повеќе од милион евра, 101 година по потонувањето на легендарниот брод.
„Апсолутно сум одушевена“, изјави Кристин Олдриџ, портпаролка на британската аукциска куќа Henry Aldridge & Son, додавајќи дека наддавањето не повеќе од десет минути.
Виолината е продадена за 1,063 милиони евра, со што стана предмет од „Титаник“ кој е продаден за највисока цена. Името на британскиот колекционер не е соопштено, а тој пред почетокот на аукцијата депонирал 300 илјади фунти.
Инструментот бeше изложен за целата јавност во северноирскиот музеј „Титаник Белфаст’, посветен на историјатот на бродоградилиштетот „Harland & Wolff“ каде што е изграден „Титаник“. Изложбата беше отворена на 18-ти септември и траеше до 13-ти октомври. Потоа виолината беше предадена на аукциската куќа Henry Aldridge & Son, којашто е специјализирана за продажба на предмети од „Титаник“.
Виолината, којашто со чудо ја „преживеала“ трагедијата, во март 2013 година, по 101 година од потонувањето беше вештачена и го доби сертификатот дека му припаѓала на 25-годишниот Волис Хартли, шеф на оркестарот од „Титаник“ кој се прослави свирејќи сѐ додека бродот не потонал во ледените води на Атлантскиот Океан во април 1912 година. Посмртните останки на Хартли биле најдени во водата по десет дена, а виолината во ковчег обложен со кожа била врзана за телото, појасни Ендрју Олдриџ од аукциската куќа која по седум години работа ја утврди автентичноста на музичкиот инструмент.
Своевремено, мајката на Хартли по трагедијата им се доверила на лондонските весници дека е „сигурна оти нејзиниот син умрел стискајќи ја виолината. Беше страсно поврзан со тој инструмент“.
Виолината била подарок од неговата вереница Марија Робинсон, за што сведочи сребрената плочка со натпис „За Волис, по повод нашата веридба. Марија“, На основа на оваа плочка потврдена е и автентичноста на инструментот.
Талогот од корозија настанал поради долгата изложеност на морската вода, потврдиле експертите.
Инструментот од морето го извлекле канадските власти и го испратиле на Марија Робинсон. По нејзината смрт во 1939 година, виолината била доверена на организацијата Војската на спасот, за што сведочи писмото од почетокот на 1940-те во кое една професорка по музика меѓу другото пишува „Речиси е невозможно да се свири на неа, сигурно поради бурниот живот што го проживеала“.
Виолината потоа била доверена на семејство коешто ја чувала на таванот од семејната куќа. Инструментот кој првично беше проценет на најмалку 100 илјади евра, семејството прво соопшти дека нема а го продава, туку дека преговара со музеи.
Бродот, гордоста на британската цивилна морнарица, најсовремен и најлуксузен дотогаш во светот, потонал за 2 часа и 40 минути ноќта кон 15-ти април 1912 година во ледените води на Северен Атлантик на своето прво патување кон Њујорк откако се судрил со санта мраз. Од 2.200 патници и членови на екипажот, се удавиле 1.500, а меѓу нив и осумте членови на оркестарот што го водел Волис Хартли./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

