Забава
Над 150.000 долари за последното писмо на водачот на оркестарот на Титаник
Писмото што на своите родители во Англија им го напишал водачот на осумчлениот оркестар на „Титаник“ пет дена пред бродот да удри во сантата мраз и да потоне, е продадено на аукција на крајот од седмицава за 155 илјади долари.
На аукцијата писмото на тогаш 33-годишниот Волис Хартли го понудила неименувана група инвеститори од САД. Неговиот осумчлен бенд на легендарниот „Титаник“ свирел регтајм и друга музика за да ги смири патниците додека бродот полека тонел.
„Тоа бил микрокосмосот на целата трагедија. Се надевал дека повторно ќе ги види своите родители“, изјавил за писмото Боби Ливингстон, директор на аукциската куќа од Њу Хепшир којашто ја организирала аукцијата, пренесува Reuters.
Хартли, според Ливингстон, писмото го испратил на 11-ти април 1912 година, кога бродот пристигнал во Квинстаун во Ирска. „Титаник“ потона на 15-ти април на својата прва и последна пловидба како најсовремен и најголем патнички пароброд на своето време кога животите ги загубија 1.517 патници и членови на екипажот.
„Имаме добар бенд и момците изгледаат доста пристојно. Ова е добар брод и би требало да заработиме многу пари на него.“, напишал Хартли ветувајќи дека ќе ги посети родители кога ќе се врати од патувањет во писмото во чиешто заглавие стоело „On Board R.M.S. Titanic“.
Ливингстон додаде дека напојниците биле главниот извор на приходите за Хартли и другите музичари на бродот. Во неговите џебови, откако телото било извадено од студените води на Атлантикот по повеќе од две седмици по трагедијата, биле пронајдени новчаници во различни валути а бил облечен во униформата водач на оркестарот./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Шакира позира со синовите на црвениот килим во Холивуд
Шакира беше главна ѕвезда на светската премиера на Zootopia 2 во Холивуд синоќа, а особено внимание привлече кога пристигна во придружба на своите синови, 12-годишниот Милан и 10-годишниот Саша.
Семејството прошета на црвениот тепих пред театарот „Ел Капитан“ во беспрекорно координирани виолетови комбинации воодушевувајќи ги сите присутни.

Познатата 48-годишна пејачка повторно го позајмува својот глас на популарниот лик Газел во новото анимирано продолжение. За оваа посебна пригода Шакира, Милан и Саша носеа облека потпишана од дизајнерката Стела Мекартни.
Нова песна за филмот
Покрај враќањето во својата улога, Шакира сними и нова оригинална песна за филмот, наречена Zoo.
Новото продолжение на популарниот филм Zootopia 2 доаѓа во кината во целиот свет на 26 ноември.
фото: ЕПА
Забава
(Видео) Се шири никогаш претходно видена снимка: Лајвли го бакнува Балдони на снимање, а тоа не е дел од сценариото
Досега невиден клип од снимањето на филмот „Ова завршува со нас“ е објавен во јавноста, а неговото објавување би можело значително да ја промени правната битка меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони. Балдони, кој го режира и глумеше во филмот, тврди дека клипот ги оспорува обвинувањата што Лајвли ги изнесе во нејзината тужба против него.
Според судските документи, тимот на Балдони доставил избришана сцена во која Лајвли импровизира бакнеж за време на снимањето – иако таа тврди дека импровизацијата на интимните сцени била дел од наводното сексуално вознемирување на кое била подложена на снимањето.
Контроверзната сцена, снимена во мај 2023 година, ја покажува Лајвли како му се приближува на Балдони во болничкиот ходник, го фаќа за рацете и го бакнува бргу. Адвокатскиот тим на Балдони тврди дека моментот не бил дел од сценариото и дека актерката го додала самата.
View this post on Instagram
Што е познато за случајот досега?
Блејк Лајвли поднесе тужба против Балдони во декември 2024 година обвинувајќи го за сексуално вознемирување, одмаздољубиво однесување и намерно нанесување емоционална повреда. Балдони силно ги негира сите обвиненија.
Во тужбата таа изјави дека, по враќањето на снимањето во јануари 2024 година (по протестите во Холивуд), јасно побарала нови правила за снимање, вклучително и дека повеќе не треба да има импровизирано бакнување.
Балдони се обиде да ги тужи Лајвли, Рајан Рејнолдс и „Њујорк тајмс“ за клевета во јануари 2024 година, но тужбата подоцна беше отфрлена.
Лајвли неодамна изгуби дел од својот случај против експертот за односи со јавноста Џед Волас кого го обвини за учество во онлајн-кампања за клевета против неа. Судот пресуди дека Волас немала доволно врски со Њујорк и дека ако сака да го продолжи случајот, треба да го продолжи во Тексас.
Адвокатите на Лајвли тврдат дека тимот на Балдони користел апликации за автоматско бришење, гласовни белешки и други дигитални алатки за да ги прикрие комуникациите и да го комплицира доказниот процес. Некои поранешни вработени во ПР-компании, кои работеле со Балдони, наводно го потврдиле ова за време на сведочењето.
Судењето во случајот помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони е закажано за 9 март 2026 година.
Филмот беше голем хит
„Ова завршува со нас“ стана еден од најголемите блокбастери во 2024 година, но неговиот успех беше целосно засенет од долготрајната јавна расправија меѓу главните ѕвезди.
Заплетот на филмот, кој самиот по себе е за насилна и токсична врска, сега иронично отсликува повеќемесечна правна битка надвор од екранот, а новите снимки само додаваат масло на огнот.
фото: принтскрин
Забава
Евтино и ефикасно: ослободете се од непријатните мириси од вашиот плакар за кратко време
Непријатниот мирис во вашиот плакар може да биде кошмар, но со овој едноставен трик, тој ќе стане минато.
Не сте единствени ако некогаш сте извадиле топол џемпер од вашиот плакар за да се стоплите и брзо сте откриле дека има непријатен мирис. Со овој супер едноставен трик, вашиот зимски гардеробер ќе биде без мирис и 100% подготвен за носење.
Што ви треба: шише со распрскувач и вотка (дури и најевтината ќе ја заврши работата задоволително).
Постапка: Наполнете го шишето со вотка и испрскајте ја облеката од растојание од 15 сантиметри, поставете ја на рамна површина и оставете ја целосно да се исуши.
Зошто функционира: алкохолот ги убива сите бактерии што предизвикуваат мирис, а облеката нема мирис кога вотката ќе се исуши (затоа не плашете се дека ќе мирисате на алкохол).
Бидете внимателни само со поскапи и деликатни ткаенини, како што се свила и кожа, кои можете безбедно да ги однесете на хемиско чистење. На овој начин можете да чистите облека направена од волна, памук и полиестер без страв.
фото: принтскрин

