Македонија
Во повеќе од 100 институции се вработуваат 300 лица со инвалидност
Во Министерството за труд и социјална политика, во центрите за социјална работа, Агенцијата за вработување и во уште стотина други државни институции, се вработуваат инвалидизирани лица, во рамки на проектот за вработување 300 лица со инвалидност, а секаде се прифатени многу добро од своите колеги.
Како што појасни во понеделникот министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, проектот со кој се предвидуваше вработување 300 лица со инвалидност се реализира успешно, голем дел веќе се вработени и овој проект наскоро треба да биде завршен.„Овој проект е во завршна фаза на реализација. Со него им се помага на голем број граѓани од различен вид и степен на инвалидност“, рече министерот Спасов одговарајќи на новинарско прашање на промоцијата на донација на помагала за слепи лица.Со огласот се опфатени најранливите лица со инвалидност кои подолг период се без работа и се во најтешка материјална состојба.„Опфатени се слепи и слабовидни лица, глуви и глувонеми, лица со комбинирани пречки, со интелектуална попреченост и со телесен инвалидитет“, рече Спасов и додаде дека голем дел од нив веќе вработени во околу 105 институции.Појасни дека дел од нив се вработени во МТСП, во центрите за социјална работа, Агенцијата за вработување, но и во сите други државни институции, каде, како што рече, се прифатени многу добро од своите колеги.„Позитивно е да се истакне дека нивото на свесност кај сите граѓани постојано се зголемува. Со сите овие проекти влијаеме да бидат прифатени лицата со инвалидност во секојдневието на нашето општество, бидејќи тие се рамноправни чинители во него“, рече Спасов./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.
Македонија
Измамена 76-годишна битолчанка: се претставил како лекар и ѝ зел 7.000 евра за да ја спаси внуката повредена во сообраќајка
Во полицијата во Битола, 76-годишна жена вчера пријавила дека била измамена за 7.000 евра.
„76-годишна жена од Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и ѝ се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да ѝ го спаси животот. Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа“, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

