Култура
Клуни ќе се режира самиот себе во улога на претседателски кандидат
Првично се претпоставуваше дека Клуни ќе учествува во реализацијата на симањето ан филмот а главната ролја ќе ја толкува Леонардо ди Каприо
Актерот Џорџ Клуни го снима политичкиот трилер насловен „Мартовски идеи“ (The Ides of March), базиран на случувањата во САД во 2004 г., кога Демократската партија ја замени номинацијата за претседател на гувернерот на Вермонт Хауард Дин на сенаторот милијардер Џон Кери, кој на крајот загуби на изборите од Џорџ В. Буш пишува во четврток The Hollywood Reporter.Според оваа сторија е напишана пиесата „Farragut North“, според името на метро станицата во центарот на Вашингтон. Џорџ Клуни се носел со идејата за екранизација на ова дело во 2007 г., но не можеше да најде пари. Првично се претпоставуваше дека Клуни ќе учествува во реализацијата на симањето на филмот а главната ролја ќе ја толкува Леонардо ди Каприо. На крајот, ди Каприо поточно неговата компанија Appian Way ќе остане како продуцент а главната ролја ќе ја игра самиот Клуни, кој ќе го толкува ликот на гувернерот Морис.За него ова нема да биде првото режисерско искуство, имено во 2002 г. го режираше „Исповедите на опасниот ум“ (Сonfessions of a Dangerous Mind), во 2005 г. „Добра ноќ и со среќа” (Good Night and Good Luck), односно вкупно четири филма, а „Мартовските идеи“ ќе биде неговото петто режисерско остварување. Снимањето според сценариото преработено до самиот Клуни заедно со режисерот, продуцентот и неговиот долгогодишен соработник Грент Хислоу, треба да започне во февруари.Портпаролот на Морис ќе го толкува канадскиот актер Рајан Гослинг („Ларс и вистинската девојка“, „Фанатик“, „Бележник“ и „Крах“), во улогата на новинарката на New York Times ќе се појави Мариса Томеи („Рестлер“, Што сакаат жените“), главниот опонент на локот што го толкува Пол Џамати („Дневни навики“, „Последната недела“).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ втора Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025
Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – Мотус од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 18 декември (четврток) 2025 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе ја организира втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија Мотус 2025.
На изложбата ќе бидат изложени пеесетина фотографии. Учество зедоа 249 автори од 50 земји.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2025/393), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2025/003) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА 2025/054).
Изложбата ќе биде отворена на 18 (четврток) декември 2025 во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Култура
„Интер(но)фејс“ на Борис Шемов во „Мала станица“
На 18 декември 2025 година, со почеток во 20.00 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во рамките на програмските активности на Националната галерија, ќе биде отворена изложбата „Интер(но)фејс“ на уметникот Борис Шемов, курирана од д-р Ана Франговска.
„Интер(но)фејс“ е мултимедијален проект кој се фокусира на односот меѓу човекот и вештачката интелигенција, на улогата на јазикот како визуелно, идеолошко и комуникациско средство, како и на пост-интернет естетиката како нова културна реалност. Преку различни медиумски форми – текстуални интервенции, видео-содржини, алгоритамски и дигитални процеси – изложбата отвора прашања за моќта, контролата, технологијата и трансформацијата на субјектот во современиот дигитален контекст.
Насловот „Интер(но)фејс“ упатува на двојната природа на интерфејсот – како техничка површина на комуникација меѓу човекот и машината, но и како внатрешен, идеолошки простор во кој се преговараат значењата, одлуките и позициите на моќ. Изложбата го третира интерфејсот не само како функционален медиум, туку како критичка зона на судир меѓу човечкото искуство и алгоритамската логика.
Проектот се надоврзува на актуелните уметнички и теориски дискурси за постхуманизмот, визуелната култура и дигиталната медијација на реалноста. Во таа рамка, „Интер(но)фејс“ ја поставува вештачката интелигенција не како неутрален технолошки алат, туку како активен фактор во креирањето на современите културни, политички и етички релации.
Изложбата „Интер(но)фејс“ може да се посети во периодот од 18 до 24 декември 2025 година во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, Национална галерија, Скопје.
Култура
Концерт на Драган Ѓорѓевиќ-Сузуки и Дино Имери во Музејот на македонската борба
На 17 декември (среда), со почеток во 20 часот, во амбиентот на Музејот на македонската борба, ќе се одржи концерт на двајцата истакнати уметници од регионалната и меѓународната сцена – виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки, еден од најценетите и највлијателни виолончелисти во регионот, и пијанистот Дино Имери, волшебникот на пијаното.
Сузуки е препознатлив по својата извонредна техничка виртуозност, длабока музикалност и силно сценско присуство, а критиката и публиката го вбројуваат меѓу најдобрите виолончелисти на Балканот. Заедно со Дино Имери, еден од најреномираните македонски пијанисти, тие носат концертна вечер од врвен уметнички ранг.
Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избрана програма со дела од: Бетовен, Шнитке, Шуман, Дебиси, како и композиции од Имери Илкоска, носејќи свеж и современ израз во концертната вечер.
Концертот е со слободен влез, претставувајќи ретка можност за љубителите на класичната музика да доживеат висок уметнички квалитет и инспиративна интерпретација.

