Македонија
Одложена јавната седница за случајот „Монструм“
Апелациониот суд ја одложи јавната расправа по пресудите во случајот „Монструм“, затоа што двајца од шестте обвинети не беа приведени и донесени на рочиштето што требаше да се одржи во понеделник.
Расправата по пресудите за петкратното убиство кај Смилковското Езеро во 2012 година се одложи за 11-ти септември. Ако бидат задоволени сите услови, на следното рочиште ќе се расправа по жалбите на одбраната која бара укинување на првостепената пресуда, како и по жалбата на обвинителство за една ослободителна пресуда.
Од друга страна, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави „бомба“ со прислушувани разговори во кои, наводно, се откриваат нови факти поврзани со случајот. Како што вели тој, овие разговори „фрлаат нова светлина на процесот против осуммината обвинети“. Од СДСМ најавија дека објавувањето на овие разговори ќе зависи од постигнувањето на политички договор меѓу четирите партии.
Доколку се постигне договор, доказите за „Монструм“, што наводно ги поседува најголемата опозициска партија, ќе бидат предадени на надлежните органи.
На рочиштето во понеделникот требаше да биде разгледана и жалбата поднесена од јавниот обвинител кој бара осудителна пресуда за обвинетиот Сејди Рами кој, поради недостигот од докази, беше ослободен од вина.
Маскарот кај Смилковското Езеро се случи на 12-ти април 2012 година, на христијанскиот верски празник Велипеток. Брутално е стрелано во Цветанчо Ацевски (19), Кире Тричковски (21), Александар Накевски (18), Филип Славковски (20) и повозрасниот Борче Стевковски (45). Обвинителството ги обвини Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Сејди Рами Сејди, а Хаки Азири беше обвинет за помагање по извршено дело тероризам.
По првостепената пресуда беа изречени шест казни доживотен затвор и една ослободителна пресуда, но незадоволство од текот на судењето и од висината на изречените затворски казни се прелеа на улиците, па роднини и пријатели на осудените со денови протестираа пред Основниот суд Скопје 1, а некои од демонстрантите, поради насилство, завршија в затвор./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

