Економија
Владата најави мерки за професионалните војници и стечајците

Македонската влада планира наскоро да предложи две законски измени со кои ќе се реши статусот на професионалните војници по завршување на службата, како и на лицата кои останале невработени во компании во доминантна државна сопственост.
Ова во вторникот на прес конференција го најави премиерот Никола Груевски, оценувајќи дека со овие две мерки ќе се реши еден голем предизвик со кој се соочуваат над 7.000 граѓани.„Владата го задолжи Министерството за одбрана во рок од 10 дена да предложи законска рамка со која професионалните војници по завршување на службата на 45 години ќе бидат прераспределени на работа во државна служба“, изјави Груевски.Тој појасни дека во зависност од квалификациите на професионалните војници тие би можеле да бидат прераспределени во некоја од службите на министерствата. На пример во чуварската служба на МО, во МВР во граничната полиција, во министерството за правда, во затворска или судска полиција, во министерството за земјоделие во шумската полиција и слично.Професионалните војници по завршувањето на нивната служба ќе добијат решение за државна работа, ќе бидат редовно вработени, ќе продолжат да земаат плата се до нивното пензионирање, истакна Груевски. Тој оцени дека оваа мерка ќе придонесе за поголема мотивираност на војниците, кои ќе бидат и порелакесирани додека ги вршат професионалните задачи.Груевски потсети дека владата и пред една ипол година излегле во пресрет на барањето на професионалните војници за кревање на возраста за служење од 38 на 45 години.Истовремено, Груевски информираше дека владата ги задолжила министерствата за економија и за труд и социјална политика во рок од десет дена да изготват законска рамка за целосно решавање за проблемот на стечајците кои произлегле од фирми кои биле во доминантна државна сопственост.Потсетувајќи дека владата претходно донесе закон со кој се реши прашањето на лицата кои останале без работа во периодот од 2000 до 2004 година, Груевски истакна дека со законските измени ќе бидат опфатени и лицата кои до 31.12 2013 година останале технолошки вишок во некоја државна фирма.„Увидовме дека постои дел од работници кои не се опфатени со овој закон, односно не биле конечно завршени постапките заради кои останале невработени“, рече Груевски.Тој нагласи дека ова решение нема да важи за невработените кои останале без работа во фирми кои не се во доминантна државна сопственост.Стечајците со законската измена ќе добиваат надомест од најмалку 7.100 денари, односно 34 проценти од просечната плата .Груевски нагласи дека двете мерки не биле ветени со програмата, но по извршените анализи било утврдено дека постои простор за нивно спроведување.Средствата за ова намена ќе бидат обезбедени од буџетот.Предложените мерки се очекува во февруари да влезат во собраниска процедура. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.