Култура
Писателот Мишел Уелебек од третпат ја доби наградата Гонкур
Најпрестижната книжевна награда во Франција – Гонкур за 2010 г. во понеделник му е доделена на писателот Мишел Уелебек (Michel Houellebecq) за неговиот роман „Картата и територијата“ пишуваат француските медиуми
Членовите на „Академијата Гонкур“, традиционално се собраа во парискиот ресторан „Друан“ избирајќи го годинешниов лауреат во еден круг, притоа донесувајќи ја својата одлука за рекордно брзо време од 1 минута 29 секунди, пренесува AFP.Романот „Картата и територијата“ (La Carte et le Territoire) ја раскажува животната приказна на уметникот Жед Мартен. Инаку Мартен се сретна во Ирска лично со Уелебек барајќи да напише еден каталог за изложба.Уелебек во романот воведува неколку автентични ликови, вклучувајќи го и францускиот писател Фредерик Бегбедер, опишувајќи ја париската гламурозна толпа. Самиот писател во романот умира со ужасна смрт, претходно напишувајќи ги деталите од сопствениот погреб на Монпарнаските гробишта во Париз.Издавачката куќа Flammarion соопшти дека продала повеќе од 170 илјади примероци од романот. Но по добивањето на наградата Гонкур, се очекува продажбата на делото да биде двојно, па дури и тројно зголемена.Уелебек беше номинирана за наградата Гонкур и во 1998 г. за романот „Основните честички” (Les Particules elementaires) и во 2005 г. со неговиот роман „Можноста на еден остров” (La Possibilite d’une ile), но тогаш наградите жирито ги додели на други кандидати.На гласањето во понеделник два гласа од девет добил романот на Виржини Депант (Virginie Despentes) „Апокалипса бејбе“ (Apocalypse bеbе) на издавачот Grasset. Станува збор за приказната на 15-годишна нимфоманка и зависник од дрога, која бега од своите родители.Неа и конкурираше Матијас Енар (Mathias Enard) со романот „Раскажи им за битките, кралевите и слоновите“ (Parle-leur de batailles, de rois et d’еlеphants) на издавачот Actes Sud. Книгата на Енар ја раскажува приказната за имагинарно патување на Микеланџело во Цариград во мај 1506 г., каде што бил поканет од султанот за изградба на мост преку Босфорот.Еден од финалистите беше и Меилис де Каренгал (Maylis de Kerangal) со романот „Раѓањето на мостот“ (Naissance d’un Pont) на издавачот Verticales. Минатата седмица овој роман веќе ја освои престижната литературан награда Медичи. Тој зборува за изградба на висечки мост во имагинарниот град Кока во Калифорнија.Инаку премијата за наградара Гонкур е симболична – изнесува само 10 евра, но таа на лауреатото му отвора големи можности, не само за слава и признанија, туки гарантира и високи тиражи.Меѓу добитниците на оваа награда се многу славни книжевници, Марсел Пруст (1919), Морис Дрјуон (1948), Симон де Бовуар (1954). Романот на Депант, пак, доби една друга престижна книжевна награда во Франција – наградата Ренодо. За оваа награда, којашто се доделува повеќе од 80 години, не следува никаква премија. Во книжевните средини таа се прима како одговор на пристрасноста на жирито што ја доделува наградата Гонкур. Нејзини добитници низ историјата се Марсел Ајиме, Луј Фердинанд Селин, Луј Арагон и Мишел Бјутор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Почина Кетрин О’Хара
Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.
О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.
Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.
Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.
Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.
Фото: скриншот од филмот „Сам дома“
Култура
Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски
На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.
Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.
Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.
Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.
Култура
Локомотива на Canal 2026 во Витри-сир-Сен (Париз)
Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата (Северна Македонија) ќе учествува на Canal 2026, дводневна професионална платформа иницирана од CN D – Centre national de la danse.
Настанот обединува 10 француски танцови институции и 6 институции од Балканот (Грција, Словенија, Бугарија, Северна Македонија) и го претставува работењето на 32 уметнички тима преку извадоци/перформанси, разговори, работилници, дебати, проекции и презентации на проекти.
Canal 2026 се одвива во Витри-сир-Сен на три локации—La briqueterie CDCN, MAC VAL – Musée d’art contemporain du Val-de-Marne и Théâtre Jean Vilar, како и на cnd.fr, со онлајн издание што започнува од март 2026.
Локомотива ќе биде претставена од Биљана Тануровска-Ќулавковски, која ќе ја презентира работата на Локомотива и ќе ги претстави кореографките/танчерки од Северна Македонија поврзани со организацијата: Тереза Лазарев и Викторија Илиоска. Дополнително, Биљана Тануровска-Ќулавковски ќе учествува и на дискусија, во петок, 30 јануари (11:00–12:30, во MAC VAL) на тема: „Кои се специфичностите на кореографскиот екосистем на Балканот…?“
Уметнички презентации од Северна Македонија
Викторија Илиоска ќе ја претстави својата уметничка пракса, вклучувајќи ја досегашната работа како и Hope for the Best – Prepare for the Worst, перформативен тренинг што го третира телото како ресурс, а театарскиот диспозитив како заедничка инфраструктура. Развиена во услови на кратења во културата и екстрактивни економии, работата ја поставува публиката како активен материјал на ситуацијата, а не како набљудувач—каде вниманието, физичкото присуство и издржливоста циркулираат како заеднички ресурси. Делото прашува: За што треба да се тренираме како колективно тело за иднината што доаѓа?
Тереза Лазарев ќе ја претстави својата уметничка пракса, вклучувајќи ја досегашната работа како и Passionate Animal, кореографски истражувачки проект што ја истражува врската помеѓу колективната меморија и личната танцова меморија, и прашува како нестабилноста и колапсот го трансформираат телото. Како дел од истражувањето, таа ќе изведе краток танцов сегмент на музика од Александар Гроздановски.
Оваа активност е поддржана од проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд, CN D (Centre national de la danse) и Театроскоп – програма иницирана од Францускиот институт, Министерството за култура и Министерството за Европа и надворешни работи.

