Македонија
Јолевски во посета на Полска
Министерот за одбрана Зоран Јолевски во четврток и петок ќе присуствува и ќе биде еден од клучните говорници на „Безбедносниот форум во Варшава“, кој се одржува во полската престолнина.
Јолевски во рамки на престојот во Полска ќе оствари и средба со неговиот полски колега, министерот за национална одбрана, Томаш Шимоњак. На маргините на форумот министерот ќе оствари повеќе дополнителни средби, меѓу кои и со Марцин Заборовски, челник на Центарот за европска политичка анализа и поранешниот претседател на Полска, Александар Квасниевски.
На Форумот, Јолевски ќе говори на панелот насловен „Новиот безбедносен бран во државите до ЕУ“. Безбедносниот форум во Варшава се осврнува на европските безбедносни прашања на кои дискутираат високи претставници од земјите од Европа и меѓународни експерти./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На патниот правец Тетово – Попова Шапка воведена забрана за движење на автобуси и тешки товарни возила
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ целата држава.
Од 11:00 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка, воведена е забрана за движење на ТМВ и Автобуси, соопшти АМСМ.
АКТИВНИ ЗАБРАНИ ЗА ТТВ:
· Гостивар – Маврово – Дебар
· Струмица – Берово
· Пресека
· Ѓавато
· Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема)
УКИНАТИ ЗАБРАНИ ЗА ТТВ:
· Плетвар
· Делчево – Г.П. Делчево
· Гостивар – Стража – Кичево
· Струга – Г.П. Ќафасан
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Грујевски и Бошковски добија највисоки казни за „Тврдина“, Гордана Јанкулоска е ослободена
Екс разузнавачот Горан Грујевски доби 14 и пол години затвор, а Никола Бошковски – 9 години и 10 месеци во случајот „Тврдина“.
Кривичниот суд денес ја објави пресудата, пришто двајцата бегалци од правдата кои не беа екстрадирани од Грција добија казни за злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправа.
Казна од три години затвор доби Тони Јакимовски, додека поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, доби ослободителна пресуда. Валентина Симоновска доби условна казна од две години затвор.
„Тврдина“ беше дел од предметот на СЈО „Таргет-Тврдина“ По застарување на гонењето за Таргет“ за масовното прислушување пришто обвинет беше екс шефот на УБК, Сашо Мијалов, судењето продолжи за петмината обвинети.
Македонија
Постаро лице заглавено во својот дом во Кочани поради снегот, спасувачките екипи се координираат
Спасувачките екипи се координираат за извлекување постаро лице, кое е заглавено во својот дом од снежните наноси во селото Полаки, Кочанско.
Од ЦУК известуваат дека стапиле во контакт со екипите на ЛС Кочани, Црвениот крст, противпожарната бригата и Дирекцијата за заштита и спасување во градот.
Стапено е во контакт и со братот на заглавеното лице.
„Командирот на ТППЕ Кочани има стапено во контакт со братот на лицето што се наоѓа во с. Полаки за негова евакуација од страна на ТППЕ Кочани. Тој ја одбива понудената помош со барање да се почека до утре“, велат од ЦУК.
Истовремено, има ново барање да им се исчисти првин патот (концесионерот ги одржува само патиштата што се под асфалт, а не и споредните патишта што се до маалата, а што не се асфалтирани), па потоа тие да проценат дали ТППЕ има потреба да интервенира за нивна евентуална евакуација.
РЦУК Кочани и Секторот за операции и координација се во постојан контакт со ТППЕ Кочани.