Македонија
Димовски: Пратеничките прашања станаа мобинг

Пратеничките прашања претставуваат мобинг, откако тоа на пратениците им го открила специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која во петокот ја напушти седницата на Комисијата за политички систем на која одговараше на прашања поврзани со шестмесечниот извештај за работата на СЈО.
Ова го истакна координаторот на Пратеничката група на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на почетокот на денешната седница на Собранието, на која се предвидени пратенички прашања.„Досега беше практика последниот четврток од месецот да има пратенички прашања. Должност им беше на пратениците да поставуваат прашања од јавен интерес, додека јавните функционери да одговараат. Од денеска, нормално би се сметало премиерот и своите министри да не одговараат колку и да прашуваме и да нé обвинуваат за мобинг и демонстративно да ја напуштат седницата. Ова сознание по 25 години, конечно ни го обелодени еден специјален човек со специјална мисија да нé научи дека сме биле во заблуда“, рече Димовски на почетокот на седницата.Според него, Јанева правела циркус во државата, а за пратениците да ги сфатат „новите правила на игра“, побара еден час пауза.„Апелирам никој да не ме прашува ништо, и ако ме прашувате демонстративно ќе ја напуштам седницата“, порача Димовски.Претходно Катица Јанева ја напушти седницата на Комисијата за политички систем затоа што сметаше дека прашањата од пратениците не се однесуваат на Извештајот што таа го поднесе за работата на Специјалното обвинителство, туку се претвориле во лични навреди. Од истите причини Јанева, во среда ја напушти и седницата на Советот на јавни обвинители, каде исто така го образложуваше својот извештај./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Завршен првиот дел од санацијата на хидросистемот Ѓавато, кој повеќе од 4 години беше со пробиени цевки

Заврши првата фаза на санирање на хидросистемот Ѓавато. Бунарскиот дел е комплетно завршен, пуштена е водата и нема никаде протекување, објави премиерот, Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека останува уште една интервенција на цевката за испуст и со тоа ќе бидат дуплирани количините вода кои ќе се влеваат во Дојранското езеро.
„Каква беше состојбата пред интервенцијата? Повеќе од четири години пробиени цевки на двата функционални бунари. Потрошени повеќе од половина милион евра за електрична енерија, а ефектот минимален или никаков. Два функционални од десет направени бунари. Негрижа и срам. Во втората фаза ќе обезбедиме најмалку уште две бунарски пумпи за зголемен капацитет и побрзо полнење на Дојранското езеро. Владата во втората фаза ќе го задолжи ФОД при ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) да ги репарира постојните потисни пумпи. Конечно во последната трета фаза ќе инсталираме сончеви панели со батерии за акумулирање на електричната енергија и сопствено производство на електрична енергија. Нема трошење милиони евра од буџетот за електрична енергија“, напиша Мицкоски.
Македонија
СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата:
1. Бутел – Оливера Ливриниќ
2. Велес – Маја Хеско
3. Гевгелија – Миле Атанасов
4. Делчево – Дејан Глинџарски
5. Демир Капија – Лазар Петров
6. Конче – Благој Илиев
7. Кратово – Влатко Спировски
8. Кривогаштани – Игор Каравиловски
9. Македонски брод – Ивица Стојковски
10. Ранковце – Даниел Крстевски
11. Старо Нагоричане – Далибор Трајковски
„СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините’“, соопштија од партијата.
Македонија
Гужва на границите: на Богородица и Табановце се чека по 40 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, информира АМСМ.
На ГП Богородица времето на чекање за влез е околу 40 минути, на ГП Дојран времето на чекање за влез е околу 20 минути, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути, додека пак на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од денеска од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од министерство за внатрешни работи. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот.