Забава
Болница од XI век претворена во ресторан
По повеќе од десет години археолошки истражувања и ископувања, големата градба од XI век во Христијанскиот кварт на Стариот град на Ерусалим, која некогаш служела како болница, наскоро ќе биде отворена за јавноста како ресторан со невообичаена средновековна атмосфера и центар за посетителите, пренесува National Geographic.
Радбата се протега на околу 46 илјади квадратни метри, а ја карактеризираат големи потпорни ѕидови со до чест метри високи таваници. По 13 години архолошки истражувања, дек од некогаш најголемата болница на Блискиот исток од следната 2014 година би требало да биде отворен за сите посетители, соопшти Израелското министерство за старини.
Во времето на Крстоносните војни, меѓу 1091 и 1291 година, болницата се грижела за целото население на Ерусалим, а бројот на пациентите од разните верски припадности се проценува на околу две илјади, и, освен болничкиот оддел, имала и оддел кој служел како сиропиталиште.
„За историјата на оваа градба најмногу дознавме од историските документи, од кои повеќето се пишувани на латински јазик. Во нив се споменува софистицирана болница со големина и организираност како и секоја модерна болница“, се вели во соопштението на археолошкиот тим објавено на мрежната страница на National Geographic.
Болницата ја подигнал римокатоличкиот витешки Малтешки ред за давање медицинска помош на аџиите кои во Ерусалим доаѓале да починат. Археолозите истакнуваат дека во формирањето на болницата и подучување во медицината на крстоносците клучна поддршка им дало муслиманското арапско население. Втемелувачот на династијата Ајубид, Саладин, наводни живеел во близината и помогнал да се сочува градбата и им дозволил на христијанските свештеници да продолжат таму да живеат.
Во текот на археолошките ископувања пронајдени се многу остатоци од коски на коњи и камили, како и метал користени за потковување, па се претпоставува дека Во Средниот век зградата служела како коњушница, а веројатно е девастирана во земјотресот кој во 1457 година го погодил Ерусалим. Во период на Османлиското царство, дел од зградата служел како пазар, што бил сѐ до 2000 година, кога започнаа археолошките ископувања.
„Дел од зградата наскоро ќе биде претворен во ресторан со импресивна средновековна атмосфера“, вели управителот на проектот. Монсер Швјеки./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Моника Белучи го привлече вниманието во Париз: „Вистинска убавина“
Дева Касел неодамна присуствуваше на ревијата на Диор што се одржа во рамките на традиционалната Недела на модата во Париз, и ги воодушеви сите присутни, и со својот стил и со природната убавина.
За оваа пригода, таа одлучи да носи комбинација инспирирана од модниот тренд „old money“. Таа блескаше во сина кошула и елек со интересни детали што ги комбинираше со широки беж панталони.
Deva Cassel – Attends Christian Dior Haute Couture Week Spring/Summer 2026 at Paris Fashion Week in Paris, France 01-26-2026
-> https://t.co/Ios5kKWX0v pic.twitter.com/O22i7qFyp9— Tha Starz (@thastarz) January 28, 2026
Целата комбинација е потпишана од модниот бренд Диор, а облеката се карактеризира со тивок луксуз и разиграни бои.
Стајлингот го комплетираше со накит од куќата Картие, а што се однесува до косата – од стилистот Џон Нолет побара малку брановидна фризура што ѝ паѓаше по грбот.
Видео од настанот објави нејзината мајка, познатата италијанска дива Моника Белучи, на својот официјален профил на Инстаграм. Бројните комплименти за изгледот на Дева беа, навистина, забележливи.
Deva Cassel arriving at the Musée Rodin for the Spring Summer 2026 Haute Couture show. #DiorCouture pic.twitter.com/5GHDFEyBGZ
— Dior (@Dior) January 27, 2026
„Каква мајка, таква ќерка“, „Прекрасна е“, „Идна ѕвезда на модната индустрија“, се само неколку.
Забава
(Видео) Поранешната детска ѕвезда се пофали дека е 13 килограми полесна: „Сè уште не сум слаба“
Поранешната детска ѕвезда, актерката Аманда Бајнс, чиј физички изглед долго време привлекуваше внимание поради големата промена на нејзиното тело поради употребата на лекови за слабеење, објави нови фотографии на кои изгледа уште послаба.
Самата актерка призна дека ги користи лековите за слабеење, а сега се пофали со својот нов резултат и откри колку килограми ослабела.
Таа ослабела речиси 13 килограми откако го користи Оземпик, а коментираше и на својата папарацо фотографија.
„Нормално не ми се допаѓаат папарацо фотографиите, бидејќи тогаш имав околу 82 килограми, но сега со Оземпик ослабев речиси 13 килограми. Сега имам 69 килограми. Знам дека сè уште не сум слаба, но оваа фотографија е вистинска инспирација за мене“, рече Аманда Бајнс.
Таа ја покажа промената во видео на Инстаграм во кое позира во краток топ и бели шорцеви со чизми до колена. Сакаше да го истакне и покаже својот рамен стомак, а доби поддршка да продолжи да ослабува преку коментари кои вклучуваа многу комплименти, што ѝ даде дополнителна мотивација.
Забава
(Видео) Пороците ја „уништуваат“, но таа е сè уште толку секси и моќна во црно
Познатата манекенка Кејт Мос (52) веќе долго време не е присутна на модните писти низ светот и се чини дека со нејзините постапки го привлекува вниманието кон себе, но на погрешен начин. Сепак таа е главна тема кога се појавува на моден настан.
Неделата на модата во Париз не може да помине без неа, и тоа во прв ред кога ја гледа ревијата на Сен Лоран, па да заборавиме за момент на сите скандали од нејзиниот приватен живот со кои повторно се обиде да фрли сенка врз својот успех.
Таа уште еднаш покажа дека никој не е подобар во ова од неа. Кејт Мос се појави во Париз во кожно здолниште до колена, но со смел шлиц во средината, додека носеше едноставна свилена маица украсена со чипка одозгора.
Бидејќи крзнените палта, особено оние од вештачко крзно, ги преплавија улиците оваа сезона, Кејт ја комплетираше и својата комбинација со едно такво парче и црни чевли. А потоа е време да се „разбие“ монотонијата…
Нема ништо подобро од додавање бордо чанта на целосно црна облека и самоуверено позирање за фотографите. Иако долго време се зборуваше дека Кејт Мос се вратила на пороците, поточно на алкохолот, за оваа пригода таа покажа друга страна од својата личност.

