Забава
Објaвена ретка фотографија на Монро и Кенеди
Ретка фотографија на која е легендарната холивудска актерка со поранешниот американски претседател снимена на неговиот роденден на 19-ти мај 1962 г. о Њујорк е објавена вечерва на изложба во Њујорк
Како што пишуваат американските медиуми тој ден славната Мерилин Монро се појавила на прославата на 45-от роденден на американскиот претседател Џон Фицџералд Кенеди со кого имала врска, во Медисон Сквер Гарден и му ја отпеа легендарната Happy Birthay, многу сензуално и провокативно што стана најпознатата изведба на оваа роденденска честитка. Тоа воедно е нејзиниот последен настап пред мистериозната смрт во август истата 1962 г. Следната година 1963 г., пак претседателот Кенеди е убиен во атентат во Далас, исто така мистериозен и до денес нерасветлен.Инаку, оваа фотографија е објавена токму на денот кога Монро би наполнила 84 години.Како што пишуваат медиумите, на црно-белата фотографија, која ја снимил официјалниот фотограф на Белата куќа во тоа време, Сесил Стоугтон, на забавата по прославата во Медисон Сквер Гарден, Мерилин се’ уште е во славниот тесно припиен фустан украсен со лажни дијаманти кој го носела и при изведбата на честитката. Медиумите забележуваат дека Џон Кенеди на фотографијата се свртува од камерата, што велат ретко го правел, а до двојката е и неговиот брат Роберт Кенеди, во тоа време министер за правда. „Нема друга позната фотографија на Роберт Кенеди со Мерилин и на Џ.Ф. Кенеди со Мерилин, и тоа не затоа што никогаш не се снимени. Всушност тие се снимени заедно многу пати, но тајната служба и ФБИ ги запленија сите фотографии.“, изјавил сопственикот на овој оригинален примерок од фотографијата флмаџијата Кеија Морган за CNN.
Стогтон кој му ја продал фотографијата една година пред неговата смрт во 2008 г. му рекол на Морган дека агентите пропуштиле еден негатив во нивната собирање на можни компромитирачки фотографии од Кенеди и Мерилин. „Тајната служба дошла додека ги развивал негативите и ги одзела сите на кои биле Џон и Боби со Мерилин. Преживеал само оној кој бил во сушилницата“, додал Морган.Во прилогот на CNN се наведува дека тајната служба никогаш не дозволувала да се објават фотографии бидејќи се зборувало за љубовната врска меѓу Џон Кенеди и Мерилин Монро. Историчарот Артур Шлезингер Џуниор кој му бил помошник на претседателот Кенеди се појавува на фотографијата со чашка и со цигара широко насмевнат. Тој во својот личен дневник објавен во 2007 г. забележал впечатоци за Монро на таа приватна забава.
„Сликата а оваа извонредна, забавна и очајна девојка секогаш ќе остане со мене. Не мислам дека сум видел некој што е толку убав. Бев зашеметен од нејзините манири и нејзината остроумност, а истовремено така маскирана, така искрена и така продорна“, запишал Шлезингер.Иако со текот на годините односот меѓу Монро и браќата Кенеди е документиран, Стоугтон не сакал да дозволи фотографијата да се појави во јавноста пред смртта на поранешната прва дама на САД, Жаклин Кенеди, подоцна Оназис, која почина во 1994 г. Па Морган морал да почека и да го откупи негативот во текот на работата за неговиот нов документарен филм за смртта на славната актерка со наслов „Мерилин Монро: Убситвото на Хелен Драјв бр.5“.Во интервјуто за филмот Стоугтон сведочел дека Жаклин одбила да биде присутна на роденденската прослава на нејзиниот сопруг. „Тој бил оној кој на Жаклин и’ кажал дека Мерилин ќе биде на прославата, и таа не отишла на таа подоцна позната прослава’, вели Морган.Фотографот Стоугтон направил десет отисоци на фотографијата за Морган со димензии 76 на 76 сантиметри. Девет од нив вечерва во вторник се ставени на продажба во Art & Artifakt Gallery во Западен Холивуд, а десеттата Морган пред две години ја подарил на пејачот Мајкл Џексон кој беше голем обожавател на Мерилин Монро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Директорот на „Рајанер“ и Илон Маск си разменија навреди: „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“
Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони.
„Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири.
Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири целосен идиот и побара да биде отпуштен. Во друга објава додаде: „Отпуштете го овој имбецил“, обвинувајќи го дека погрешно ги проценил ефектите на „Старлинк“ врз потрошувачката на гориво.
Во расправијата се вклучи и официјалниот профил на „Рајанер“ на „Икс“, кој го исмеа Маск поради прекин на платформата: „Можеби вам ви треба ви-фи, @elonmusk?“
perhaps you need Wi-Fi @elonmusk? https://t.co/eq82qcLqKv
— Ryanair (@Ryanair) January 16, 2026
О’Лири изјави дека „Старлинк“ не е практичен за нискобуџетните летови на кратки релации, бидејќи надворешните антени ја зголемуваат аеродинамичната отпорност и трошат повеќе гориво – до 2 проценти повеќе, што би чинело стотици милиони долари годишно.
Маск ги оспорува овие податоци, тврдејќи дека веќе постојат авиокомпании кои летаат со авиони опремени со „Старлинк“ и дека високобрзинскиот интернет ќе стане пресуден за изборот на патниците.
Забава
Лина Еско: Со Бен Афлек само се кикотевме додека ги снимавме интимните сцени
Актерката Лина Еско откри дека таа и Бен Афлек често се смееле и кикотеле за време на снимањето интимни сцени во новиот филм The Rip, наместо да бидат сериозни.
„Само се кикотевме“, изјави Еско на премиерата во Њујорк на 13 јануари. „Бевме како две луди личности што се забавуваа.“
Во филмот, Еско ја игра капетанката Џеки Велез, а сцените во спалната со Афлек ѝ останале во посебно сеќавање.
Таа го опиша Афлек како драг и опуштен, а целиот тим како неверојатно пријатен.
„На сетот немаше напнатост, претенциозност или драма – сè течеше природно“, рече таа.
Голем дел од заслугите му ги припиша на режисерот Џо Карнахан, кој пуштал музика од саундтракот додека снимале и се грижел сите да се чувствуваат пријатно.
Еско раскажа дека уште при првото читање на сценариото знаела дека сака да биде дел од проектот. По неколку аудиции и „Зум“ разговор со режисерот, ѝ било јасно дека „ова е тоа“.
Откако го видела финалниот филм, рече дека се вљубила во резултатот: „Навистина е одличен. Не го велам тоа секогаш – но овојпат е искрено.“
За што станува збор во филмот?
The Rip е криминалистички трилер на Netflix во кој Бен Афлек и Мет Дејмон глумат полицајци од Мајами, чие пријателство се доведува во прашање кога нивната единица за дрога наидува на огромна сума пари за време на истрага. Во филмот глумат и Тејана Тејлор, Кајл Чендлер и Стивен Јун. Афлек и Дејмон се и продуценти на филмот.
Забава
Барале клуч од трактор и ископале римско злато: „Ја ставив раката во калта и ги почувствував монетите“
Во малото холандско место Буник, во провинцијата Утрехт, е откриено исклучително вредно археолошко откритие: 404 златни и сребрени монети од римско и британско потекло. Најстарите датираат од 200 година пред нашата ера, а најновите од времето на римската инвазија на Британија во 47 година од нашата ера.
Богатството било закопано во поле на длабочина од само 30 сантиметри, и најверојатно му припаѓало на римски центурион – како воен плен од освојувањата на Британија. Неговата вредност одговара на речиси 11-годишна плата на обичен римски војник.
Откритието во октомври 2023 година го направиле двајца истражувачи со метален детектор – Рејниер Колинк и Герд-Јан Меселар – кои всушност барале изгубен клуч од трактор. Наместо тоа, наишле на првите неколку монети и продолжиле да копаат во блиското калливо поле.
„Кога детекторот реагираше, ставив рака во калта и веднаш почувствував дека допирам монети“, изјавил Герд-Јан за локалните медиуми.
Првично биле пронајдени 381 монета, а по пријавувањето, Холандската национална агенција за културно наследство пронашла уште 23. Меѓу нив има:
72 златни римски ауреи, 288 сребрени монети (од 200 пр.н.е. до 47 г.н.е.), 44 златни британски статери со име на кралот Кунобелин (владеел 9–40 г.н.е.).
Некои од британските монети веројатно се ковани постхумно од страна на неговите синови Тогодумн и Каратак. Една од римските монети го прикажува Јуба I, крал на Нумидија (денешен Алжир), а други — императорот Клаудиј.
Фактот дека некои монети се во одлична состојба и не покажуваат траги од користење, укажува дека биле закопани веднаш по исплата, можеби по успешна воена кампања.

