Македонија
АI за кризната состојба: Не може да ги сопрете луѓето да доаѓаат
Секоја земја има право да патролира крај својата граница, но овој вид на паравоен одговор не е прифатлив и се смета за нарушување на меѓународното право.
Македонските власти се однесуваат како да се справуваат со немири, а не со беглаци кои избегале од конфликтни подрачја, се вели во соопштението до медиумите на Меѓународната организација за заштита на човековите права, Amnesti international, откако Владата прогласи кризна состојба на јужната и на северната граница.„Ако извештаите за тепање и пукање од огнено оружје од страна на безбедносните сили се точни ова ќе доведе до опасна ескалација на и онака тензична ситуација. Секоја земја има обврска да ги заштити они кои бегаат од конфликтни подрачја и прогон, и Македонија не е исклучок. Кога системот не може да одговори, треба да го подобрите системот – не може едноставно да ги сопрете луѓето да доаѓаат“, смета Гаури ван Галик, заменик директор на Amnesty International.Сведок на грчката страна од границата за Amnesty International вели дека Единицата за брз одговор на македонската полиција и антитерористичката единица ги тепале бегалците и барачите на азил кои се обидуваат да влезат во Македонија и пукаат над нивните глави. Локална невладина организација потврдила дека се користат гумени куршуми.„Сириец кај Идомени на грчката страна на границата за Amnesty International рекол дека македонската полиција спречила 1.000 луѓе, вклучително семејства и многу мали деца, да ја преминат границата во последните два дена. Групи од околу 10 македонски безбедносни сили во униформи се позиционирани на секои 50 метри долж границата.Македонските власти мора да гарантираат дека воените формации распоредени долж границата ќе го почитуваат меѓународното право и стандардите при употребата на сила и оружје.Според македонката НВО Легис, која им пружа помош на бегалците на железничката станица во Гевгелија, многумина од оние кои доаѓале се со видливи лузни од вооружен конфликт, но организацијата забележува дека на мигрантите многу малку им се пружа медицинска помош на грчката страна.Владата во четвртокот донесе одлука да ги затвори северната и јужната граница за нелегални мигранти со цел да се обебзеди мир и спокојство за локалното население, а оние мигранти кои ќе влезат во земјата да имаат соодветна заштита.Оваа одлука следува по големиот наплив на мигранти од Грција./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

