Контакт

Македонија

Прекин на неколку патни правци поради одрони и свлечишта

Објавено пред

Прекин на неколку патни правци низ Македонија поради одрони и свлечишта.

dobivaj vesti na viber

На патниот правец Катланово – Велес после наплатната станица Сопот, поради можен одрон, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На патниот правец Страцин – Крива Паланка, на излез од Страцин во правец на Крива Паланка, поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.На патниот правец Кочани – Македонска Каменица, поради големи одрони од камења, сообраќајот е сеуште во целосен прекин за секаков вид на моторни возила. Сообраќајот се пренасочува преку Виница – Пехчево – Делчево.Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница. Алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево – Тработивиште.Во општина Пробиштип, поради свлечиште и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово.Локалниот пат за с.Покрајчево кој го поврзува магистралниот пат А-4 Радовиш-Струмица, поради излевање на Радовишка Река, сообраќајот е во прекин и истиот се одвива преку с.Подареш-Радовиш.Регионален патен правец од с.Тополчани кон с.Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај.  Според информациите добиени од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Можна е појава на голомразица поради ниските температури.АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони./крај/амсм



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Таравари не може и да соработува со ДУИ и да биде дел од Владата, вели Меџити

Објавено пред

Министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити очекува министерот за здравство Арбен таравари и лидер на Алијанса за Албанците како што ја напушти коалицијата „Влен“ за претстојните локални избори, да ја напушти и Владата. Меџити вели дека синоќа имале седница на Владата на која покрај за реализација на програмите и проектите разговарале и за политичката ситуација.

dobivaj vesti na viber

„’Влен’ нема никакви дилеми, продолжува во таа насока за што и ги побара тие 107 илјади гласови како победник во албанскиот кампус. Како што ветивме донесовме промена, ротација, плурализам и демократија во албанскиот кампус. Ние стоиме цврсто на тој пат. Тука е проблем господинот Таравари. Ние одлучивме дека ‘Влен’ ќе биде едно, ќе се стопат сите политички партии во ‘Влен’ оти тоа го бараат нашите гласачи. Како второ одлучивме дека и соработка со ДУИ и останување во ‘Влен’ не е можно и мислам дека и соработка со ДУИ и дел од Владата не штима, не оди.  Тоа е нашиот политички став, ќе биде истиот и на 29 април и на први мај. Нема логика да се соработува со ДУИ и да се биде дел од Владата“, рече денес министерот Меџити по обраќањето на Форумот за енергетика и технологија помеѓу Чешка и Северна Македонија.

Според него Меџити треба да се определи. Има легитимно право да соработува со ДУИ, но треба да не се срами, да го објави тоа и да премине во тој табор.

Меџити не одговори конкретно на прашањето дали ќе побара од премиерот Христијан Мицкоски, Тарвари да ја напушти Владата, но потврди дека е можна средба меѓу нив на која без разлика на кој датум ќе се одржи политичкиот став на „Влен“ ќе биде ист.

Спојувањето на партиите кои сега се дел од коалицијата „Влен“ со исклучок на Алијанса за Албанците е во тек. Меџити извести дека претседателството ќе има 23 членови и дека неговото име е меѓу оние кои се споменуваат како кандидати за лидери.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Реформите во правосудниот сектор се најитни

Објавено пред

Од

Реформите во правосудниот сектор се најитни. Без нив, сите други реформи се безвредни, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, нема европско општество ако обвинителот бира по кого ќе отвори предмет, а по кого ќе премолчи, ако судот носи пресуди по избор на политички центри, а не по Устав и закон и граѓанинот ја губи довербата дека ќе добие правда.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски рече дека одговорност на политичарите е да создадат услови за целосна деполитизација на судството, заштита на обвинителите и судиите од политички и бизнис притисоци, но и поинакви, механизми за надворешен надзор и отчетност и вистинска, а не формална поддршка на институциите за борба против корупцијата.

Премиерот рече дека секој народ има моменти кога мора да избере дали ќе остане во удобната стагнација или ќе се соочи со потребата од длабоки и храбри промени.

„Државата е токму во еден таков момент – на раскрсницата помеѓу стариот систем и новата европска иднина. Планот за раст и Реформската агенда не е само услов за интеграција. Таа е инструмент за оздравување на нашето општество. Интеграциите и растот се наш компас, но реформите мора да бидат наши одлуки, наши политики, наше национално зреење“, рече премиерот.

Според него, корупцијата е системски проблем, не индивидуална девијација.

„Да бидеме отворени и искрени – корупцијата кај нас не е само појава, таа е дел од начинот на функционирање на одредени делови од општеството. Таа е систем кој се штити сам себе. Ако сакаме во Европската Унија, ако сакаме раст мора да го урнеме тој систем. Имаме наследени ситуации во кои граѓанинот се чувствува понижен, беспомошен, принуден да „плати за да добие“ – било тоа лекарска помош, правна заштита или некаква административна услуга. Таква држава не може да напредува. А уште позагрижувачки е што институциите кои треба да се борат против корупцијата – обвинителството и судството – често пати се неми, неефикасни или пак, под политичко влијание“, истакна Мицкоски.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Меџити: Со Чешка градиме заедничка зелена иднина

Објавено пред

Од

Министерот за животна средина и просторно планирање и прв заменик претседател на Владата, Изет Меџити, денеска учествуваше на Форумот за енергетика и технологија помеѓу Северна Македонија и Чешка, организиран од Амбасадата на Чешката Република во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Настанот претставуваше значајна платформа за размена на идеи, искуства и иницирање нови форми на соработка меѓу институции, бизнисите и експерти од двете земји. Во фокусот беа теми како што се зелената транзиција, обновливите извори на енергија, дигитализацијата и технолошките иновации.

„Зелената транзиција не е само енергетски процес, туку и клучен еколошки и развоен чекор за иднината. Како Министерство, нашата задача е да ги интегрираме иновациите и технолошките решенија со одржливото просторно планирање и меѓународната соработка. Со оваа стратегија, создаваме здрава, отпорна и конкурентна средина која ќе им обезбеди подобра иднина на следните генерации“, изјави министерот Изет Меџити.

Форумот ја потврди подготвеноста на двете земји за интензивирање на заедничките напори во насока на технолошки напредок, енергетска одржливост и економски развој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Таравари не може и да соработува со ДУИ и да биде дел од Владата, вели Меџити

Министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити очекува министерот за здравство Арбен таравари и лидер на Алијанса за Албанците...

Македонија41 минута

Голема полициска акција на повеќе локации: сомнение за кривични дела на штета на Фондот за здравство

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, МВР спроведува координирана акција на повеќе локации во државата. Како што извести...

Македонија1 час

Скопјанец обвинет за демнење: ја следел својата поранешна сопруга, психички ја вознемирувал и ја застрашувал

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен скопјанец кој се товари дека сторил кривично дело – Демнење од...

Топ2 часа

Кривична против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид: ја оштетил установата за 150 илјади денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишниот Г.С. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно...

Македонија2 часа

(Фото) Спречени обиди за шверцување парфеми, тутун, облека со потпис на познати модни брендови

На Меѓународен Аеродром Скопје државјанин на Обединети Арапски Емирати родум од Индија се обидел да криумчари во државата 76 парфеми....

Македонија2 часа

Колку милиони евра однесоа Заев и Филипче во Дубаи, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„И по неколку дена сè уште молк од СДС дали Филипче исто како и Заев поседува златна виза во Дубаи...

Македонија3 часа

„Љутков ги гази колективниот договорот и правата на културните работници“, велат од СДСМ

„Вчерашното интервју на министерот Љутков, во кое без срам го нарече колективниот договор за култура „незаконски“, е директен напад врз...

Европа3 часа

Масовен руски напад врз украинскиот регион, девет загинати, 30 повредени

Руско беспилотно летало удрило во автобус со работници во украинскиот град Марханец рано утринава, при што загинале најмалку девет лица...

Македонија4 часа

ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците – секој молк денес е соучесништво утре

„Демократската унија за интеграција остро реагира на последните скандалозни информации поврзани со Инспекторатот за примена на Законот за употреба на...

Европа5 часа

Путин призна дека Русија напаѓа цивилни цели во Украина, го обвини киевскиот режим дека користи жив штит, објави „Медуза“

Владимир Путин во понеделникот призна дека Русија повеќепати напаѓала цивилни цели во Украина тврдејќи дека цел на овие напади биле...

Свет5 часа

(Видео) Трамп: Значително ќе ги намалиме царините за Кина, но тие нема да одат на нула

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера сигнализираше можност за олеснување на трговската војна со Кина, велејќи дека високите царини за кинеските...

Свет6 часа

Израелската војска: Од Јемен е лансирана ракета кон Израел

Израелската војска во средата објави дека „најверојатно успешно пресретнала“ ракета истрелана од Јемен кон Израел. Поради лансирањето на ракетата, прогласена...

Македонија19 часа

Судот ја одби гаранцијата од милион евра на Асмир Јахоски

Судот ја одби гаранцијата од еден милион евра на бизнисменот Асмир Јахоски, осомничен за перење пари, во замена да биде пуштен...

Македонија22 часа

Културните работници на протест: Се надеваме дека платата за март ќе ја добиеме барем пред првомајските празници, стигнаа нови насоки

Голем број вработени во институциите од културата денес точно напладне излегоа на протест пред Министерството за култура, кое ги принуди,...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче: Ако се обединиме на патот кон ЕУ, нема пречка што нема да ја совладаме

Патот кон Европската унија трае предолго, но не смее да се откажеме, мораме да се обединиме бидејќи кога сме заедно...

Економија23 часа

Се намалува цената на мазутот, а на дизелот и на бензините не се менува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

„Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради над 50 ката и дали на тој начин ја стекнал златната виза“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Времето изминува, СДС се занимава со сè и сешто, шета од тема на тема, но за темите што ги интересира...

Свет1 ден

Објавено кога ќе биде погребан папата

Погребот на папата Франциско ќе се одржи в сабота, соопшти Ватикан. Погребот на папата ќе се одржи в сабота, со...

Топ1 ден

Сообраќајна несреќа кај планинскиот превој Пресека: неколкумина повредени, меѓу нив и две деца

Вчера во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило...

Европа1 ден

Објавени првите фотографии од телото на папата Франциско: во рацете има бројници

Ватикан утрово ги објави првите фотографии од телото на папата Франциско. Неговото тело е положено во едноставен дрвен ковчег, со...