Економија
Сараќини оствари работна средба со амбасадорот на Франција
Економската соработка помеѓу Македонија и Франција треба да биде на многу повисоко ниво од сегашното, односно заеднички да се интензивира како на меѓувладино ниво, така и меѓу деловниот сектор, меѓу самите компании од двете земји.
Ова било констатирано на работната средба што во средата ја одржа македонскиот министер за економија Ваљон Сараќини со амбасaдорката на Република Франција Лоренс Оер.Сараќини, како што соопшти неговиот кабинет, ги истакна приоритетите на Министерството за економија, притоа потенцирајќи дека вниманието треба да се насочи повеќе на проектите во енергетиката и патната инфраструктура, затоа што од големо значење за една држава е привлекувањето на странски инвеститори и компании и привлекување на странски туристи,.На средбата министерот ја информирал амбасадорката за проектите наменети за младите, спомнувајќи го актуелниот проектот „Биди перспективен, започни свој бизнис“, преку кој младите ќе научат како една идеја може да прерасне во успешен бизнис, а се спомена и можноста во иднина македонски студенти да посетат некои од интернационалните компании во Франција.Амбасадорката Лоренс Оер ја искажа поддршката која Република Франција ја дава во однос на интегрирањето на Македонија во Европска Унија и НАТО Алијансата. Амбасадорката на Република Франција, исто така, го поздрави позитивниот прогрес на реформите кои ги спроведува Македонија, а кои неодамна беа потврдени и со Годишниот извештај на Европската Комисија, се наведува во соопштението.Уште еден показател за поддршката што Франција ја дава на Македонија е и утрешниот Француско-македонски форум, организиран токму од страна на Амбасадата во Скопје, а она што беше договорено како заедничка идеја е реализирање на Проект за изучување на францускиот јазик, наменет за вработените во Министерството за економија, со целосна поддршка на Амбасадата./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

