Забава
Ќерка на руски богаташ го купи островот на Оназис

Ќерката на рускиот милијардер Дмитриј Риболовлев го купи грчкиот остров Скорпиос на кој познатиот бродосопственик Аристотел Оназис се оженил со Жаклин Кенеди ви 1968 година, соопшти канцеларијата на милијардерот во Москва.
Цената на трансакцијата не е објавена, но грчките медиуми пишуваат дека станува за вредност поголема од 100 милиони американски медиуми, и оти Екатерина Рибовлева овој остров во Јонското Море сака да г претвори во деловен центар, а не само во место за одмор. Таа го купила островот од внуката на познатиот бродосопственик 28-годишната Атина Оназис Русел, единствената наследничка. Аристотел Оназис го купи островот Скоприос во 1963 година и го претвори во остров во место за одмор на кој засади илјада дрвја. На островот во 1968 година се венча со Жаклин Кенеди. По неговата смрт во 1975 година, островот го наследи неговата ќерка Кристина, која во 1988 година во 37-те година. Аристотел Оназис, неговиот син Алексаднер кој загина во 25-та година во сообраќајна несреќа и Кристина се погребани на островот. Медиумите пишуваат и дека претходно островот се обидувале да го купат Бил Гејтс и Мадона./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.
Забава
Девет години мир, среќа и пари за нив – сосема заслужено

Универзумот има планови кои не се случуваат секој ден. Три хороскопски знаци влегуваат во период од дури 9 години изобилство, среќа и внатрешен мир.
Ако сте родени под еден од овие три хороскопски знаци, подгответе се секој аспект од вашиот живот – од љубов и финансии до личен развој – да процвета на неочекувани начини.
Според астролошките прогнози, до 2034 година, овие хороскопски знаци можат да очекуваат девет години среќа и просперитет.
Стрелец – истражување и личен раст
Стрелците ќе имаат можност да постигнат лични цели и да истражуваат нови области во следните девет години. Нивната иницијатива и оптимизам ќе придонесат за личен развој, како во нивниот професионален, така и во приватниот живот.
Бик – стабилност и награда за труд
Биковите, благодарение на нивната издржливост и стабилност, ќе прават постепен напредок кон остварување на своите соништа. Се предвидува дека ќе имаат значителен професионален и финансиски раст, со заслужена награда за нивната напорна работа.
Вага – Внатрешен мир и креативност
Вагата ќе постигне внатрешен мир во сите аспекти од животот во текот на следните девет години. Нивните социјални вештини ќе им помогнат да изградат силни врски, што ќе им овозможи да го реализираат својот креативен потенцијал, особено во уметноста и дизајнот.
Како да го искористите овој период на среќа
– Следете ја вашата интуиција и отворено прифатете ги можностите што се појавуваат.
– Фокусирајте се на личен развој и подобрување на вашите вештини.
– Негувајте квалитетни врски во љубовта, семејството и пријателството.
– Мудро управувајте со вашите финансии и планирајте идни проекти.
Ова е период што не треба да се пропушти – ако сте Стрелец, Бик или Вага, предодредени сте да живеете во изобилство и внатрешен мир до 2034 година!
фото: принтскрин
Забава
Герасимовски и Викторија Лоба: Утре, во Паркот на франкофијата музички хепенинг со најпознатите македонски музичари

Градоначалникот Горан Герасимовски и македонската музичарка Викторија Лоба ги покануваат сите граѓани кои викендов ќе бидат во Скопје да дојдат на големиот музички хепенинг што ќе се одржи во Паркот на Франкофонија. На овој музички хепенинг којшто ќе биде бесплатен за сите граѓани ќе настапат едни од најпознатите македонски изведувачи Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и групата „2 Бона“.
Музичарката Викторија Лоба истакнува дека концертот „Нешто што ќе остане“ ќе биде вистинска магија со многу музика, емоции и прекрасно друштво.
„Ја имам таа чест на 13 Септември да ве поканам во Паркот на франкофонија, во традиционална организација на Општина Центар, када ве чека голем концерт кој ќе биде вистинска магија и нешто што ќе остане. Со многу музика, емоции и прекрасно друштво под отворено небо ќе создадеме моменти кои ќе останат во нашите срца. Ве очекувам во Парк на франкофонија“, вели Лоба.
Герасимовски потенцира дека концертот веќе прерасна во традиција која ги обединува граѓаните.
„Ова е трет пат како ја организираме оваа манифестација и секој пат Паркот на Франкофонија е исполнет со прекрасна енергија, со скопјани, но и со гости од целата држава. Ве поканувам заедно да уживаме во добра музика и позитивна атмосфера, да создадеме убави спомени и да покажеме дека Центар знае да биде вистинска општина на културата“, истакнува Герасимовски.