Контакт

Забава

Почнува светската кампања против жолтата треска

Објавено пред

Светската здравствена организација (СЗО) во вторник во Женева го објави почетокот на досега најголемата кампања за вакцинација против жолтата треска со која ќе се опфатат околу 12 милиони луѓе

dobivaj vesti na viber

Масовната вакцинација треба да започне и трае целата следна седмица во трите африкански држави, и ќе се спроведе врз 11,9 милиони луѓе во Бенин, Либерија и Сиера Леоне, каде што е мошне висок ризикот од поајва на епидемии од жолта треска.Кампањата која е поддржана од Светската здравствена организација, УНИЦЕФ, национални Црвениот крст и Црвената полумесечина, организацијата Доктори без граници и други органзиации и меѓуанродни институции, претставува првата во која вакцинацијата против ова заболување ќе се прави истовремено во неколку држави. Тимовите ќе бидат раководени од страна на локалните екипи на здравствените власти, а притоа ќе се дава и терапија која вклучува витамин А, антипиретици а во Сиера Леоне и вакцина против малите сипаници.„Големата покриеност со вакцинацијата ќе спречи појава на жолтата треска, болест која е многу тешко да се дијагностицира во раните фази на инфекцијата“, изјави д-р Вилијам Переа, координатор на одделот на СЗО за епидемии. Според него, една доза од вакцината нуди целосна заштита.Според проектот на СЗО, до 2015 г. треба да се врши константна кампања против оваа болеста, која е со висок ризик во африканските земји, додека во други делови од светот е речиси искоренета.Бенин, Либерија и Сиера Леоне, се последните три од 13-те земји со највисок ризик африкански земји. Од 2007 г., вкупно 29 милиони луѓе се заштитени преку масата вакцинации спроведено во Буркина Фасо, Камерун, Мали, Сенегал и Того, како и првата фаза завршена во Сиера Леоне.Вакцинација против жолта треска во детството е една од главните стратегии на здравствените организации во погодените земји.„Триесет и седум држави во Африка и во Америка имаат воведено вакцинирање против жолтата треска на детската возраст, со што се постигнува рутинска имунизација“, изјави д-р Жан-Мари Окво-Беле, директор на одделот за имунизација во СЗО.Сепак, се проценува дека уште околу 160 милиони луѓе во Африка би можеле уште да бидат изложени на ризик, доколку со дополнително финансирање не се обезбедат стредства за превентивна вакцинација во другите држави со висок ризик. „Жолтата треска се појави и во држави каде повеќе години не биел прикавени слуачаи на инфекција со неа“, предупредува д-р Фанела Авокеј, специјалист за контрола на жолтата треска при Регионалната канцеларија на СЗО за Африка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото) Јелена Ѓоковиќ во секси бикини! Папарацо-фотографиите ја обиколуваат планетата, Британците сè уште пишуваат за неа

Објавено пред

Еден месец по одморот на Новак и Јелена Ѓоковиќ на Миконос, британските медиуми сè уште не престануваат да зборуваат за изгледот на сопругата на најдобриот тенисер во историјата.

dobivaj vesti na viber

Имено, локалните таблоиди „Дејли стар“ и „Сан“ се опседнати со изгледот на Јелена, па повторно пишуваа за нејзината заводлива фигура заедно со неколку фотографии од нејзиниот одмор на Миконос, секако.

„Двојката разменуваше бакнежи додека се релаксира покрај брановите на грчкиот остров Миконос за време на семејниот одмор со своите две деца. Тие уживаа во луксузното одморалиште Намос, познато по тоа што привлекува многубројни светски ѕвезди во текот на летните месеци.

Јелена Ѓоковиќ плени со својата фигура на плажа, таа беше опколена од папараците додека разменуваше нежности со Новак“, се вели во статијата на „Дејли стар“.

Секое лето десетици приватни авиони и хеликоптери слетуваат на оваа ексклузивна дестинација, а мегајахтите со познати личности вредни милиони се закотвуваат во блиското пристаниште. Сите тие доаѓаат во потрага по луксузно искуство на плажите.

Луис Хамилтон, Аријана Гранде, Вејн Руни, Леонардо ди Каприо и Никол Шерцингер се само дел од имињата што редовно ја посетуваат оваа песочна оаза.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото/видео) Двете најдобри тенисерки во светот ги закопаа секирите

Објавено пред

Руската тенисерка Марија Шарапова и американските шампиони во двојки Боб и Мајк Брајан беа примени во Меѓународната тениска куќа на славните.

dobivaj vesti na viber

Сепак, најголемо внимание на церемонијата го привлекоа две тениски легенди – Марија Шарапова и Серена Вилијамс. Познато е дека тие не беа во добри односи, па затоа љубителите на тенисот беа доста изненадени кога Серена одржа говор во чест на Русинката.

Не беше обичен говор, туку лавина комплименти и пофалби за Марија Шарапова.

„Во 2004 година, кога Марија имаше 17 години, таа го воодушеви светот и го освои Вимблдон. До ден-денес таа го нарекува тој момент врвот на својата кариера.

За мене, тоа е еден од моите најтешки порази. Тој натпревар не само што го одлучи шампионот туку ја направи Марија ѕвезда и почна едно од најконтроверзните соперништва во тенисот“, рече таа додавајќи: „Тензијата беше вистинска, огнот беше вистински и искрено можеше да се почувствува, можеше да се чуе, со целото мрморење на Марија“.

Фотографиите и видеата станаа вирални, а јавноста можеше да ги види двете убавици како се гушкаат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blair Henley (@bdhenley)

За посебниот ден Серена одлучи да ја покаже својата тенка фигура во небесносин фустан, а Марија, како вистинска дама, носеше долг бел фустан, кој го комбинира со бела наметка.

Се чини дека двете тениски ѕвезди ги закопаа секирите и сега живеат во хармонија.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

Иконата на 90-тите го прослави 55-тиот роденден во костим за капење: времето застанало…

Објавено пред

Клаудија Шифер го поминува летниот одмор во Грција, од каде што ги почасти своите следбеници и обожаватели со серија фотографии со порака за роденден.

dobivaj vesti na viber

Германскиот супермодел и едно од најпознатите лица на модните писти на сите времиња, Клаудија Шифер, го прослави својот 55-ти роденден и по тој повод објави неколку фотографии, на кои ги покажува својата завидна фигура и препознатливото лице во средината на педесеттите години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Claudia Schiffer (@claudiaschiffer)

Познатата русокоса позира покрај базенот во бел, елегантен и романтичен едноделен костум од „Клое“, со цена од 690 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Claudia Schiffer (@claudiaschiffer)

Костимот за капење има длабоко деколте и набори на горниот и на долниот дел, што му даваат доза романтика, а Клаудија го комбинира со кафеави очила за сонце и скап златен накит од истата марка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Claudia Schiffer (@claudiaschiffer)

Нејзиното лице без шминка и препознатливата насмевка, кои красеа многубројни престижни насловни страници и модни писти, сè уште се нејзин заштитен знак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Claudia Schiffer (@claudiaschiffer)

„Денес полнам 55 години, толку сум среќна што го славам мојот роденден радосна и здрава🎉!“, напиша Клаудија Шифер покрај објавата.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

На ГП Меџитлија откриени над 300 шишиња со хемиски препарати за прскање: спречен обид за криумчарење

Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија. Во раните...

Свет10 минути

(Видео) Напаѓачот од САД се претставувал како жена: оставил морничави пораки

Напаѓачот во училиштето во Минеаполис, кој уби две деца и рани најмалку 17 други, е идентификуван додека полицијата истражува манифест...

Македонија13 часа

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за...

Македонија15 часа

Родителите од Демир Хисар револтирани: Законот ги принудува учениците на сместување во домови за да добијат превоз

Родители од Демир Хисар изразија незадоволство од измените на законот за средно образование и изразија загриженост за превозот на децата...

Македонија18 часа

(Видео) „Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалира со ДУИ“, вели Стојаноски

„Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДС е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со...

Македонија18 часа

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година, и тоа по сите предмети, велат од МОН

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во...

Топ19 часа

МВР со детали за пожарот кај „Зебра“: четири возила зафатени од огнот

Денеска, во 2.05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територијата на Центар, било опожарено патничко моторно...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци се зголемени за 4.300 денари, а минималната платата за 1.800 денари

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé...

Македонија21 час

„Кандидатурата на Мециновиќ за Скопје е договор на партијата Левица да им помогне на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце...

Топ23 часа

Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во...

Македонија24 часа

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот...

Свет1 ден

Макрон до Нетанјаху: Обвинувањата за антисемитизам се навреда за Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кое остро реагираше на неговите обвинувања дека Париз...

Македонија1 ден

Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра. Според последните информации огнот се проширил и зафатил...

Свет1 ден

Премиерот на Канада: Путин се плаши да се сретне со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за условите за...

Свет1 ден

Зеленски: Од украинска страна сè ќе биде што е можно поподготвено за да се стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во текот на оваа недела претставниците на таа земја ќе имаат повеќе меѓународни контакти,...

Свет1 ден

Трамп: Нема да има светска војна, но ќе има економска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да воведе економски санкции врз Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин...

Македонија1 ден

Министерството за одбрана реагира на соопштението на СДСМ: Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината

„Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината – така се карактеризира соопштението од политичката партија СДСМ...

Свет2 дена

Откриено е што САД ѝ нудат на Русија: „Сакаа да објават ударна вест веднаш по Алјаска“

Американски и руски владини претставници разговараа за неколку енергетски договори на маргините на мировните преговори за Украина што се одржаа...

Свет2 дена

(Видео) Боинг со 250 патници принудно слета во Русија, имаше дефект на моторот

Авион на „Ер Чајна“ што леташе од лондонски Хитроу до Пекинг утрово изврши непланирано слетување во Русија по дефект на...

Македонија2 дена

Влада: Се конкретизираат работите за изградба на третата фаза од пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија како и изградба на тунелот како гранична точка

„По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на...