Економија
РКЕ предложи струјата да поевтини 5,24 отсто

Надолна корекција на цената на електричната енергија од 5,24 отсто, која би требало да важи од наредниот месец, предложи во четвртокот Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на подготвителната седница.
Претседателот на РКЕ Димитар Петров рече дека конечната одлука ќе биде донесена најверојатно утре, откако ќе се разгледаат забелешките на енергетските компании, но нагласи дека не би требало да дојде до позначителна промена на предложеното намалување.Како главна причина за поевтинувањето на цената на струјата се посочуваат корекционите фактори во однос на определувањето на актуелната цена, односно било утврдено дека компаниите оствариле повеќе приходи во споредба со првично планираното.Петров информираше дека предложената одлука за поевтинувањето на цената на струјата не наишла на потполно одобрување од сите енергетски компании, кои не се согласуваат со делот на утврдувањето на нивните оперативни трошоци.„Компаниите се единствени дека фактичките трошоци кои што кај нив се книжат се поголеми од оние кои што ние ги одобруваме“, рече Петров.Тој додаде дека кај останати параметри кои што ја диктираат цената кај сите компании, како што е примената на факторите на корекција, не се задоволни најмногу ЕВН Македонија, кои укажале дека новата цена ќе влијае врз нивната ликвидност.Согласно предлог одлуката, се предвидува три отсто зголемување на цената на струјата кај АД ЕЛЕМ, 3,97 отсто намалување за МЕПСО и 4,84 отсто намалување за ЕВН Македонија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Скенирањето сметки на апликацијата „МојДДВ“ е со прекини, УЈП извести за технички проблеми

Управата за јавни приходи извести дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.
„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција. Ги молиме сите корисници за трпеливост и разбирање. Тимот на Управата за јавни приходи е целосно ангажиран и работи на надминување на техничките пречки“, соопшти Управата за јавни приходи.
Од таму не откриваат за какви технички проблеми се работи, ниту пак кога очекуваат да бидат надминати.
Економија
Мицкоски најави нова инвестиција во Штип

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на директорот на Технолошко-индустриските развојни зони за 4 нови странски инвестиции, изјави:
„Во текот на вчерашниот ден, во разговор со директорот, имаме добра вест, нова инвестиција, потврдена во индустриската зона во Штип. Фабрика којашто ќе вработи до 150 луѓе. Фабрика којашто ќе инвестира некаде околу 35 милиони евра. Којашто во својот пик за три години од денес ќе извезува 300 милиони евра коишто ќе влезат во Бруто домашниот производ и ќе произведува батерии и тоа е добро. И тоа е добро, а за сите овие други, да имаме и потврди и полека ќе ги објавуваме. Ова е веќе договорено со инвеститорот и заради тоа го кажав, инаку фабриката е од земја од Европска Унија, да немаме дилема.“
Економија
Дизелот поевтинува за 2,5 денари

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини за 2,5 денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 77,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 79,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 70,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,188 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,499 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат.