Македонија
Нема одговорност кај СФОР за падот на авионот на Трајковски, утврдени системски грешки
Пред падот на авионот во којшто загина поранешниот македонски претседател Борис Трајковски немало ниту експлозија, ниту пожар и нема траги кои би упатувале на диверзија или терористички акт, јави во вторникот вечерта Федералната телевизија на Босна и Херцеговина.
За разлика од првата истрага во којашто како причина за падот на авионот е наведена грешка на пилотите, новата комисија по двегодишна истрага утврди системски пропусти коишто индиректно довеле до несреќата. За СФОР во новиот извештај нема никаква одговорност.Причини за несреќата, според најновиот извештај на Истражната комисија за загинувањето на Трајковски, се серија критични пропусти, случувања и услови. Како директна причина за несреќата наведено е спуштањето на авионот под минимално пропишаното ниво.Фактори кои довеле до пад на авионот се, -недоволна, неквалитетна и непотполна подготовка за приод и слетување-игнорирањето на информациите на контролорите на летот за моменталната метеоролошка состојба-погрешното одредување на финалната точка за приод, што довело до тоа авионот да почне порано да спушта-исклучување на автопилотот во фазата на приодот-недоволна тимска работа на членовите на екипажот-неодржување на хоризонталниот лет на пилотот и несоодветна реакција на копилототЕкипажот на авионот бил променет 15 дена пред летот, но не бил доволно подготвен. Пилотот и копилотот биле само делумно запознаени со временската состојба, а авионот, иако имал дозвола за летање, сепак не бил подготвен за летање.Во извештајот се наведува дека „црната кутија“, која ги бележи клучните параметри за летот, не била исправна, а екипажот не ја направил стандардната подготовка за непрецизен приод.Доколку автопилотот не бил исклучен во завршната фаза на слетување, авионот наместо да падне ќе прелетал на висина од 68,72 метри.Наведено е и дека Управата за цивилна и воздушна пловидба на Македонија не била стручно, кадровски и организационо оспособена, како и Секторот за авионски превоз и одржување на авиони при Службата за општи и заеднички работи на Владата на Македонија.Во извештајот пишува дека авионските власти довеле до тоа да се намали нивото на безбедност на целиот систем на цивилно воздухопловство во Македонија. Кај персоналот кој летал имало пропусти во системот на обуки за посебни овластувања кои се запишуваат во летачките дозволи. Персоналот не одел на редовни годишни проверки на симулатор, а откриени се и чести прекини во континуитетот на летање. Тоа се одразило на безбедноста и непосредно придонело за несреќата.Како индиректни причини за несреќата комисијата ги наведува и сложената метеоролошка состојба и несигурно навигациско средство во Мостар, кое на одредени места го губи сигналот поради конфигурацијата на почвата.Претходно имаше и обвинувања за СФОР, според кои војниците од оваа мисија во БиХ коишто беа задолжени и за воздухопловниот сообраќај пет часа ја криеле локацијата на паднатиот авион. Меѓутоа, во новиот извештај не се споменува никаква одговорност за СФОР.СФОР бил надлежен за вкупната состојба и функционирањето на аеродромот во Мостар. Во тој контекст бил одговорен и за контролата на летот, воспоставување, изработка на процедурата и точноста на податоците во процедурите на слетување. Исто така, системот на комуникација бил под надзор и организација на СФОР. Услуги на контролата за летање пружале воени контролори за летање на Француската воздухопловна единица, кои не поседуваат цивилни дозволи за летање.Ова беше втора истрага за авионската несреќа во којашто загина Трајковски и уште осум лица. Патуваа на меѓународна конференција во Мостар на 26-ти февруари 2004 година. Авионот се сруши на Матича брдо кај Мостар, кај местото Ротимље, само неколку километри од аеродромот.Првичната истрага за несреќата во која беа утврдени низа пропусти констатираше дека причина за уривањето се пропусти на екипажот направени во процедурата за приоѓање на аеродромот во Мостар во услови на густа магла и облачност.Остатоците на авионот кој се урна на 26 февруари 2004 година во близина на Мостар беа најдени 24 часа по несреќата. Истрагата беше обновена на барање на македонските власти коишто доставија нови докази./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

