Култура
Почина карикатуристот Владо Јоциќ

Денска во 71-та година од животот во Скопје почина карикатуристот Владо Јоциќ, кој покај со ова звање имаше и академска титула инженер архитект
Владо Јоциќ е роден 1939 година во Пожаревац, Србија, со карикатура почнал да се занимава на 19-година возраст, во весникот Студентски збор. Оттогаш во изминатите години животот му се одвива во знакот на карикатурата. Учествувал во формирањето на младинскиот студентски клуб на карикатуристите Кикс, како и во создавањето на истоимениот прилог за хумор и сатира на Студентски збор.Надминувајќи ги студентските теми и проблеми, со неколку колеги ја покренува рубриката Епицентар во скопски Вечер. Не напуштајќи ја страницата за хумор и сатира во Нова Македонија (со повремени излети до Млад борец, Јеж, Политика, Борба, Весели свет, Ослобоѓење, Павлика, Феферон и т,н.). Во 1966 г. заедно со Славко Јаневски, Цветан Станоевски, Бошко Смаќовски и Дарко Марковиќ учествува во обновувањето на македонското хумористичко списание Остен како уредник за карикатура.Оттогаш работи во Остен, каде што зазема разни функции: уредник за карикатура, заменик главен и одговорен уредник, главен и одговорен уредник, директор на Светската галерија за карикатури.Карикатурите на Владо Јоциќ се објавувани ширум светот: Канада, СССР, Полска, Турција, Грција, Италија, Швајцарија, Германија, Унгарија Романија, Бугарија Чешка, Словачка, Белгија, Холандија, Монголија, Аргентина, Австралија и во сите бивши Ју- републики.Добитник е на 22 меѓународни награди за карикатура во земјата (Светска галерија на карикатури) и странство, како и за новинарство од Здружението на новинарите на Македонија.Со самостојни изложби се претставил во Охрид, Ледница – Полска, Форте деи норми – Италија, Лесковац – Србија, Гостивар и Струга.Учествувал на сите изложби на македонските карикатуристи во земјата и странствоПокрај карикатурите, се занимавал и со илустрација и опрема на книги со над 120 остварувања на тој план. За дизајнот на книгата Скопскиот трамвај од Христо Петревски е награден од Културно-просветната заедница на град Скопје. Објавил две книги со карикатури: Луѓе (Студентски збор) 1972 г. и Кроки портрети на македонски писатели (ДПМ) 1997 г. Автор е на повеќе плакати, за што е наградуван со Прва награда во Краков – Полска и Акшехир- Турција. Добитник е на орден Заслуги за мир на СССР.Преведува од српски, бугарски, англиски, француски, како и од македонски на српски јазик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Инвестиции за заштита на културното наследство и развој на културниот туризам, најавија надлежните

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со стручниот тим од Заводот и Музеј – Струмица, денеска реализира работна посета на општините Дојран и Гевгелија, со цел увид во тековните и во планираните проекти од областа на културата и културното наследство.
Во Стар Дојран беше извршен увид во црквата „Св. Илија“, значаен објект од 19 век, со висока историска, архитектонска и духовна вредност. Министерството најавува продолжување на активностите за конзервација и реставрација на овој објект, кој претставува симбол на духовното и на културното наследство на регионот.
Особено внимание оваа година е посветено на капиталниот проект за изградба на музеј на вода преку реконструкција на праисториска наколна населба на Дојранското Езеро. Во тек се заштитни археолошки истражувања на локалитетот Мрдаја, а основниот проект за изградба на музејот се очекува да почне во 2026 година. Идејниот проект е изработен од Заводот и Музеј – Струмица.
Музејот, кој ќе биде поставен директно на површината на езерото, ќе функционира како жив музеј на отворено, со висока едукативна и туристичка вредност. Со ваквиот пристап Дојран добива можност да се позиционира како водечка дестинација за културен и археолошки туризам во поширокиот регион, најавија од Министерството.
Во рамките на посетата на Гевгелија беше извршен увид во реализацијата на проектот за целосна реконструкција на Старата чаршија, заштитено културно наследство од XIX век. Вредноста на инвестицијата изнесува над 40 милиони денари, а проектот опфаќа: реставрација на фасадите на старите дуќани, поплочување со гранит, поставување нова урбана опрема и осветление, целосна реконструкција на подземната инфраструктура.
Со завршувањето на проектот Чаршијата ќе ја задржи својата автентичност, а истовремено ќе се трансформира во современо културно-туристичко јадро, привлечно и за жителите и за посетителите.
Вечерва, во рамките на посетата, министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе присуствува на фестивалот „Вкуси го југот“.
Како носител на титулата град на културата, Гевгелија се етаблира како центар на културни настани, фестивали и манифестации, кои значајно придонесуваат за развојот на локалната економија, туризмот и културниот живот во регионот.
Култура
Љутков: Нашата цел е јасна, да го заштитиме и обновиме „Македониумот“

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со стручните екипи од НУ Завод и Музеј – Прилеп, денес оствари теренска посета на споменикот „Македониум“ во Крушево – еден од најзначајните културни симболи на македонската историја.
Реконструкцијата на споменикот започна уште во 2014 година, кога беа реализирани низа значајни активности – санација на потпорни ѕидови, обнова на фасади, антикорозивна заштита, реконзервација на архитектонски елементи, како и внатрешни конзерваторски зафати и истражувања. Но, во 2017 година, сите активности беа прекинати, скелето беше симнато, а објектот остана незаштитен, со што последиците од таа негрижа се очигледни и денес, истакнуваат од министерството.
Минатата година, како што информираат, Министерството, во координација со Заводот и Музеј – Прилеп, подготви проект за интервентна заштита на објектот во вредност од 2,5 милиони денари, чија реализација ќе започне во текот на оваа година. Паралелно се работи и на подготовка на сеопфатен проект за целосна реконструкција и конзервација на споменичниот комплекс, кој се очекува да биде финализиран до средината на 2026 година. По изработката на документацијата и обезбедувањето на сите потребни дозволи, ќе отпочне реализацијата на овој капитален зафат.
„Нашата цел е јасна – да го заштитиме и обновиме ‘Македониумот’. Тој не е само архитектонски објект, туку симбол на македонскиот идентитет, историја и борба. Како Влада и како Министерство за култура и туризам, остануваме цврсто посветени на заштитата и унапредувањето на културното наследство, кое е наш стратешки приоритет,“ изјави Љутков.
Култура
(Видео) Oмилените филмови на Стивен Кинг

Мајсторот на хоророт, Стивен Кинг, е познат по своите темни романи и адаптации што го обележаа светското кино, но и по фактот дека редовно ги споделува своите омилени серии и филмови со публиката.
Стивен Кинг, познатиот мајстор на трилери и хорор, сподели листа од своите 10 омилени филмови на платформата X. Оваа листа, која ги исклучува филмовите адаптирани од неговите дела, дава увид во кинематографскиот вкус на авторот кој го обликувал хорор жанрот.
Избраните филмови вклучуваат класици од различни жанрови, од трилери и драми до комедија и научна фантастика. Кинг истакна дека листата не е по одреден редослед, нагласувајќи го богатството на квалитетни филмови достапни за публиката.
“Sorcerer”
“Godfather 2”
“The Getaway”
“Groundhog Day”
“Casablanca”
“Treasure of the Sierra Madre”
“Jaws”
“Mean Streets”
“Close Encounters of the 3rd Kind”
“Double Indemnity”