Забава
Кравите во светот тагуваат по супербикот Жоко
Кравите низ целиот свет го оплакуваат заминувањето на Жоко, третиот најпотентен расплоден бик на светот, кој пцовисал од природна смрт оставајќи зад себе до 400 илјади потомци.
Кравите низ целиот свет го оплакуваат заминувањето на Жоко, третиот најпотентен расплоден бик на светот, кој пцовисал од природна смрт оставајќи зад себе до 400 илјади потомци. Бикот по име Жоко Бесн имаше 17-годишна очигледно плодна кариера, во којашто донирал 1,7 дози сперма коишто биле користени во неговата родна Франција и во странство, за да се сочува расата говеда Холштајн, инаку главниот вид црно-бели млечни крави во Франција. Земјоделската задруга Creavia којашто го одгледуваше Жоко, соопшти дека смета дека овој супербик зад себе оставил меѓу 300 и 400 илјади потомци. Тој официјално е татко на 161.888 говеда во 21 земја во светот, но притоа се наведува дека некои земји не воделе евиденција. „Само во Франција, ’ќерките’ на Жоко Бесн ги има на 23,370 фарми“, се наведува во соопштението на Creavia, што го пренесува во средата Reuters.Жоко беше роден во 1994 година на фарма на одгледувачот на говеда Gildas Fertil, минатата 2011 година му беше дозволено да се „пензионира“, а пцовисал минатата седмица.Наместо да стане скапо говедско месо, неговото тело ќе биде испратено во Парискиот природно научен историски музеј, каде што ќе се проучува неговата потенција./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.