Македонија
Вељаноски оствари средба со новоименуваниот шпански амбасадор Рамон Абароа Коранза

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, во петок оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија, Рамон Абароа Каранза и притоа му посака добредојде и успешна работа.
Од Кабинетот на претседателот на Собранието соопштија дека двајцата соговорници изразиле задоволство за остварената средба и притоа искажале взаемна почит кон двете пријателски земји.
На средбата станало збор за продлабочување на парламентарната соработка преку официјални посети и соработка на парламентаните групи се со цел за развивање на парламентарната дипломатија. Од страна на амбасадорот Каранза била искажана поддршката на Шпанија за европската интеграција на Република Македонија, се вели во соопштението.
На средбата станало збор и за актуелните случувања во двете земји, за економските состојби и како двете земји се соочувале со предизвиците од оваа област досега.
Претседателот Вељаноски на амбасадорот му го честита изборот на Кралството Шпанија за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации на гласањето на Генералното собрание на светската организација.крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица Филип Богдански, општина Аеродром;
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улицата Црноризец Храбар, од бр. 2 до бр. 20., општина Аеродром.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Времео во наредните денови
Во вторник претежно во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период од годината. Од средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.