Култура
Стартува „OFF – Fest 2010“
Фестивалот на светската музика OFF – Fest стартува на 1 јуни (вторник) по деветти пат во Скопје, со концертот на култната турска пејачка со курдско потекло, Aynur која е позната по својот раскошен изглед и впечатливи настапи и македонскиот состав со минималистички музички концепт – Баклава.
Фестивалот на светската музика OFF – Fest стартува на 1 јуни (вторник) по деветти пат во Скопје, со концертот на култната турска пејачка со курдско потекло, Aynur која е позната по својот раскошен изглед и впечатливи настапи и македонскиот состав со минималистички музички концепт – Баклава.Оваа година од организацијата на фестивалот повторно најавуваат концерти кои се единствени и оригинални во Македонија, кога станува збор за „world music“.На втората вечер на Фестивалот ќе настапи најзначајниот албански полифониски хор Ансамбл Тирана, заедно со грчката дива Савина Јанату, која е една од најприсутните грчки пејачки на светските фестивали.На 3 јуни скопската публика ќе има прилика да го види еден од најреномираните музичари на современото шпанско фламенко, Герардо Нуњез придружуван од танчерката Кармен Кортез, која исто така ја сметаат за една од најдобрите во својот домен, и тоа многу подалеку од шпанската граница.На последната вечер од Фестивалот, 5-ти јуни, ќе настапи Родриго Леао заедно со Cinema Ensemble, придружувани од Оркестарот на Македонската Филхармонија, воден од Борјан Цанев. Леао има исклучително забележителна и богата кариера коа е поврзана со некои од најзначајните мигови на португалската музичка сцена од 80-тите наваму.Истата вечер, Фестивалот ќе го затворат атрактивните Африканци од Гангбе Брас Бенд, осуммина африкански џезери обединети од идејата да ја промовираат оригиналноста на музиката на Бенин преку необичната фузија од традиционални стилови.Сите концерти на OFF-Fest ќе се одвиваат во Салонот на Македонската опера и балет, освен последниот, на Гангбе Брас Бенд, којшто во соработка со манифестацијата „Реоткривање на патеката на културата“, ќе се одржи под отворено небо, на платото пред Музејот на Македонија. Оваа програма е бесплатна.Билетите за OFF-Fest се пуштени во продажба и веќе можат да се набават во Југотон./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
MUSICAL – десетта јубилејна инклузивна танцова претстава
„Dancers United“ оваа година одбележува 10 години од инклузивните танцови претстави каде сите танчари на танцовото студио ја слават различноста преку танц, музика и уметност.
Десеттата јубилејна инклузивна танцова претстава „MUSICAL“ по сценарио и режија на Сара Кочан ќе се одржи на 3 Декември – Светскиот ден на лицата со попреченост во Македонскиот Народен Театар со почеток од 19:00 часот.
Во танцовата претстава „MUSICAL“ ќе учествуваат повеќе од 200 танчари од различна возраст кои со своите танцови перформанси уште еднаш ќе покажат и докажат дека танцот е универзален јазик кој ги обединува сите без оглед на полот, возраста, можностите и способностите.
Инклузивната претстава е поддржана од Комерцијална Банка и е дел од програмата на Министерството за култура и туризам за поддршка на проекти од национален интерес.
Култура
Изложба на Клелија Живковиќ – „Не си одам дома“
Изложбата „Не си одам дома“ на младата уметница Клелија Живковиќ ќе се одржи на 3 декември во националната галерија „Мала станица“, со почеток во 20 часот.
Изложбата, којашто ќе биде отворена до 14 декември, е дел од наградата „ДЕНЕС“, која ја организира „Факултет за работи што не се учат“ (ФРУ). Содржи дела создадени во периодот од 2023 – 2024 година.
– Тишината во темнината е поинаква од тишината на денот. Кога ќе стивне денот, шепотот најјасно се слуша. Изговореното и премолченото женско знаење. Молитвите и баењето долги колку еден здив. Насилството од кое се штитиме една со друга. Насилството што си го нанесуваме една на друга. Ужасот што го обзема односот кој некогаш бил безбеден. Она што не си дозволуваме да го именуваме, а кое клокоти во нашите клетки и не дозволува да биде занемарено. Угнетувањето на нашата планета и на нашите тела се истата приказна. Расткајувањето на светот што умира може да се случи само со љубов и грижа. Оваа изложба е мојот пренос од меѓусветот. Од несветот. Од разсветот. Ја сочинуваат неуредноста на оживувањето, блуењето на насилството, живоста на оплакувањето, еротичноста на распаѓањето. Му ја посветувам на мојот вресок – вели авторката Живковиќ.
Клелија Живковиќ, родена во 1989 година, е трансдисциплинарна уметница од Скопје. Таа е формално образована во неколку дизајн-дисциплини, а нејзината работа е теоретски, материјален и искуствен увид во границите, физичките, психолошките, емотивните и духовните бариери што ги создаваме за да се спознаеме себеси како битија што зафаќаат простор и кои ни овозможуваат површина за контакт со опкружувањето.
Во 2021 година, студиото „Приватен принт“ ја издаде нејзината прва уметничка книга „Prototyping tenderness: a personal log of a dying world”, каде се одржа и нејзината прва самостојна изложба со истото име.
Таа ја доби наградата „Ладислав Баришиќ“ од АИКА Македонија за нејзиното предлог-истражување „Дизајн за оживување“ во 2022 година, а во 2023 година ја доби наградата „ДЕНЕС“ за млади визуелни уметници. Има учествувано на неколку групни изложби во Северна Македонија и меѓународно, вклучувајќи го Биеналето за Западен Балкан во Јанина, „Под земја полесно се дише“ во Скопје, Биеналето на млади уметници и „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“ во Музејот на современата уметност – Скопје.
Култура
Мултимедијален проект „Мечтаење помеѓу празното и празнината“ на Билјана Петровска и Марина Цветановска
Денеска, со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи мултимедијалниот проект „Мечтаење помеѓу празното и празнината“ – солистички концерт на авторска музика на Билјана Петровска (соло пијано) и сценска визуелна инсталација на Марина Цветановска-Мартиновска.
За проектот:
Потребата да се дополнуваат музиката и визуелното во просторот е карактеристика на наведените уметнички во претходните уметнички настапи, од каде и произлегува оваа идеја. При тоа наоѓајќи ја заедничката фреквенција преку современ пристап и обработка на заедничка тема мечтаењето, желбите и потребите на луѓето во секојдневието. Всушност создавајќи ги своите форми за сценската инсталација, Марина ги работи под инспирација на музиката на Билјана Петровска.
Музиката на албумот на Билјана е инспирирана од мелодии и мотиви фолклорни песни, од она за кое се претпоставува сите го имаме запишано во нашиот код. Самиот стил на компонирање, амбиентален и медитативен донесува моменти во кои се чувствува инспирацијата од уметничките композиции и форми на Марина.
Современата релаксирачка и амбиентална музика на Билјана Петровска уште повеќе го оформува невидливото, исполнувајќи го празниот волумен со изведба на пијано звуци во современиот стил. Во целина, композициите создадени во умерено темпо, со мелодиски линии и хармонски подлоги со музикална, концептуална структура и позадина, поседуваат приемчивост и слушливост. Употребата на мелодијата и изедначените ритмизации во хармонската основа во нив, остваруваат наизменично прелевање на тонски бои со изразена суптилност. Нивното преплетување и дијалог во разните гласови и регистри, вообичаениот вовед, наместа вметнатите разработки на тематските мотиви во композициите, доведуваат до создавање на чувствено-контемплативни и медитативни расположенија, ја дополнуваат креацијата на Марина Цветаноска – Мартиновска и создаваат чувство на исполнетост, релаксираност и современо естетско визуелно и музичко оплеменување на просторот и доживување кај реципиентите.
Програма
Самовила (Fairy) оп. А
Сон ( dream ) оп. A
Исчекување (Anticipation) оп. A
Носталија (Nostalgy) оп. Ц
Вечно твоја (Forever yours) оп. A
Сеќавање (Memory) op. 1
Молк (Silence) оп.A
Единаесеттиот час (Тhe eleventh hour) – Никола Стојковски, аранжман за пијано Билјана Петровска
Мечтаење (Daydreaming) оп. A
Жед (Thirst) оп. A