Забава
Во Милано отвораат училиште за граѓанска патрола
Првото училиште за грашанска патрола се отвора во Милано. Италијанците кои сакаат „да патролираат“ по главните улици во земјата, од денеска може да
Првото училиште за грашанска патрола се отвора во Милано. Италијанците кои сакаат „да патролираат“ по главните улици во земјата, од денеска може да се регистрираат слободно, откако ќе им биде проучен психолошкиот профил пред приемот.
Курсот, организиран од центарот за проучување во сфератана безбедноста, е наменет како за Италијанци, така и за странци. Мажите и жените што сакаат да се приклучат кон „градските патроли“ треба да се на возраст меѓу 20 и 45 години и да го минале психолошкиот тест, кој ќе им дозволи да учествуваат на курсот. /крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ким Кардашијан ги шокираше луѓето со фустан на Мет Гала: „Како може воопшто да дише во ова?
Синоќа се одржа овогодинешната Мет Гала, најпрестижниот моден настан во светот, а меѓу многуте ѕвезди се најде и Ким Кардашијан чиј фустан привлече големо внимание.
Имено, Ким се појави во проѕирен сребрен фустан од Џон Галијано, кој вклучува корсет и е украсен со листови. Корсетот привлече големо внимание кај луѓето на социјалните мрежи, а многумина се прашуваа како ријалити ѕвездата успеа да се вклопи во него. Некои коментираа дека ги извадила ребрата за да изгледа што послабо, а многумина се загрижиле за нејзиното здравје бидејќи не разбирале како дише во тесен корсет.
I can’t wait for someone interview Kim so I can watch her try to take enough air into her diaphragm to say a sentence #MetGala pic.twitter.com/BywGAH2HEC
— Libby (@Libbotomy) May 7, 2024
„Едвај чекам некој да ја интервјуира Ким за да можам да ја гледам како се обидува да внесе доволно воздух во нејзината дијафрагма за да каже реченица“, коментира еден корисник. “Како дише Ким Кардашијан? Нејзиниот струк изгледа толку мал”, рекол друг. „Половината на Ким Кардашијан е апсурдна. Нема да бидам хејтер, но всушност е загрижувачка, особено кога луѓето сакаат да бидат како неа“, напиша трет.
“Ким Кардашијан изгледа како да не може да дише. Тој корсет изгледа толку непријатно, но изгледа добро”, “Не ми се допаѓа Ким Кардашијан и не ми е гајле за неа, но тој корсет мора да боли како пекол” беа некои од коментарите.
Инаку, овогодинешниот официјален дрес код за настанот беше – градина на времето. Темата го добила името по расказот на британскиот писател Џ.Г. Балард од 1962 година, сместен во градина исполнета со проѕирни цвеќиња кои манипулираат со времето. Како и претходните години, така и оваа, црвениот тепих на њујоршкиот музеј на уметност, Метрополитен беше преплавен со прекрасни креации кои тешко може да се видат на друго место.
Забава
Модни киксови на Мет гала – од мрежа за комарци на главата до фустан балон
Мет гала долго ќе се памти по најдобрите изданија на црвениот тепих од синоќешната церемонија во музејот „Метрополитен“ во Њујорк, но и по модните грешки. Не е тешко да се згреши на модниот настан на годината, критериумите се високи, а модните предизвици во форма на темата на настанот и кодексот на облекување честопати се премногу напорни.
Во исто време, модната ревија е под лупа и од љубители на модата и разни критичари, а конкуренцијата е исклучително силна.
Амелија Греј Хамлин со фустанот балон влезе во листата на модни неуспеси на Мет гала 2024 година. Сара Џесика Паркер носеше сличен крој на Мет гала и доби главно позитивни критики.
Пејачката Лана дел Реј се појави во необично модно издание, кое се споредува со мрежа за комарци. Музичката ѕвезда со прекрасен глас се водеше од принципот на ексцентричност што го сака Мет гала. Настанот бара и костими, па дури и малку бизарност, но сето тоа треба да биде дозирано.
Пејачката Дуа Липа се појави во костим како од „Мулен руж“, а погледот одзади ѝ ја открива тангата.
Ниту на Кара Делевињ, чиј дел од облеката е направен од кристали, не ѝ појде од рака, па влезе во листата на модните грешки.
Забава
(Видео) Украинската претставничка падна на евровизиската сцена: имаше голем пех пред полуфуналето
Снимка од познатата украинска раперка ги обиколи социјалните мрежи.
Аљона Аљона и Џери Хејл, кои годинава ја претставуваат Украина на Евровизија, имаа лоша среќа на една од пробите. Додека Џери пееше, раперката Аљона Аљона почна да излегува на сцената за да си го одработи својот дел, а потоа се сопна и падна на бината.
oh HELL NO….. pic.twitter.com/74rCHG2L4S
— 𝐊𝐇𝐀𝐂𝐇𝐎 🇦🇲🇺🇦 (Jerry Heil's husband) (@KUNT60D41N) May 6, 2024
Видеото се појави на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен „Твитер“).
Инаку, Украина има големи шанси да се пласира во финалето и важи за еден од главните фаворити за победа оваа година. Обложувачниците им предвидуваат трето место, но ситуацијата се менува од час на час. Сепак, пред тоа треба да го минат првото полуфинале, кое се одржува вечерва.
Вечерва, покрај Украинките, ќе настапат и претставници на Кипар, Литванија, Ирска, Полска, Хрватска, Исланд, Словенија, Финска, Молдавија, Азербејџан, Австралија и Луксембург.
В четврток ќе настапат натпреварувачи од Малта, Албанија, Грција, Швајцарија, Чешка, Австрија, Данска, Ерменија, Латвија, Сан Марино, Грузија, Белгија, Естонија, Израел, Норвешка и Холандија.
Директни финалисти се Велика Британија, Италија, Германија, Франција, Шпанија и домаќинот Шведска.