Контакт

Македонија

МОН го објави предлогот за државен испит, се зголемува револтот кај студентите

Објавено пред

Министерството за образование на веб страницата го објави предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за високото образование којшто Владата го усвои во саботата и не отстапува од најавените реформи, додека студентите не отстапуваат од барањето за повлекување на предлогот за државен испит и предупредуваат дека со вакви решенија само се зголемува револтот кај студентите.

dobivaj vesti na viber

Измените предвидуваат државниот испит да се полага во втора и четврта година од студиите, а полагањето ќе се снима и ќе се емитува во живо на веб страницата на Министерството за образование. Државен испит, според измените, ќе се полага и по магистерските студии, односно вториот циклус на студии, на крајот на последната студиска година.Доколку студентот не успее да го положи државниот испит двапати по ред, наредните пријавувања за полагање се на товар на студентот, и тоа за трет пат 1.000 денари, за четврт пат 6.000  денари и за секое наредно пријавување по 12.000 денари.„Државниот испит за студенти содржи пет прашања со различна тежина од секој предмет поединечно од секоја наставна година со четири понудени решенија, од кои едното решение е точен одговор на понуденото прашање. Прашањата содржани во тестовите за полагање на државниот испит и нивните одговори, се чуваат во единствениот електронски систем за полагање на приемниот испит. Прашањата од секој предмет поединечно кои ќе им се достават, по случаен избор, на секој студент за време на полагање на државниот испит, преку посебен софтверски систем, ќе бидат од различно ниво на сложеност и тоа две прашања ќе бидат од најсложен вид на прашања, а останати три прашања ќе бидат составени со пониски нивоа на сложеност“, предвидуваат измените на Законот за високо образование.Државниот испит за студенти го реализира Одборот за акредитација и евалуација на високото образование кој е составен од девет члена избрани на јавен оглас објавен од страна на Владата на Македонија и тоа, тројца членови од редот на прво рангираниот универзитет според последното спроведено рангирање на сите универзитети и високообразовни установи во состав на универзитетите запишани во регистарот на високообразовни установи во Македонија, двајца членови од второрангираниот универзитет, еден член од треторангираниот универзитет, еден член од највисоко рангираниот приватен универзитет и двајца наставници, странски државјани од редот на 500-те највисоко рангирани високообразовни установи, рангирани на последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џиао Тонг универзитет.Со предлог законот се предвидува првиот циклус на универзитетските студии да трае четири години и со неговото завршување да се стекнуваат најмалку 240 ЕКТС кредити, а магистерските студии или вториот циклус на студии ќе трае две години.Новините за државниот испит ќе важат од академската 2016/2017 година за студенти запишани на прв циклус на студии, односно од академската 2017/2018 година за студентите кои ќе се запишат на втор циклус студии. Од Министерството за образование остануваат на ставот дека ваква мерка се применува во голем број земји кои се карактеризираат со брз и стабилен економски развој.„Државниот испит во високообразовните установи е една од тие мерки која се применува во голем број земји кои се карактеризираат со брз и стабилен економски развој. Предлог решението за државен испит кое ние го нудиме е прилагоден на карактеристиките на системот на високото образование во Република Македонија“, пишува на веб страницата на Министерството.„Студентскиот пленум“ којшто ги организираше протестите на студентите, останува категорично против мерката државен испит  бидејќи се коси со принципите на универзитетот како институција. „Сметаме дека надлежните не само што ја повторуваат истата грешка, туку и го зголемуваат револтот кај студентите и општата јавност нудејќи вакви провизорни решенија кои не навлегуваат во суштината на проблемот. Наместо секоја од предложените мерки поединечно да подложи на исцрпна јавна дебата со вклучување на сите засегнати страни, целта на надлежните е да се дисперзира фокусот, а со тоа и самата критика за неиздржаноста на предложените реформи“, пишува „Студентски пленум“.Според нив, владата не го испочитувала рокот кој им беше даден на високообразовните институции да се изјаснат за предложената мерка, за подоцна, усвоениот став на универзитетите, односно наставниот кадар и студентите, да го земе предвид при донесувањето на одлука на седница на Влада. „Надлежните очигледно не покажуваат никаков напор за дискусија, а нивното инсистирање на тоа дека „ќе има јавна дискусија“ во која ќе учествуваат сите засегнати го сметаме за празна флоскула. Иако редот на нештата вели дека Владата е онаа која прва ќе ги повика засегнатите страни на дебата, претставниците на надлежните органи беа во неколку наврати повикани на средби на наша иницијатива. Спротивно од јавните настапи на кои прокламираат некаква отвореност, тие ги одбија нашите повици. Дека дебатата е мртва, односно никогаш не постоела, покажува фактот што досега не беше одговорено на ниту едно наше писмо испратено до институциите. И не сметаме дека е „рано за дебата“ како што рече некогашниот претседател на СПУКМ, Кирил Спировски. Сметаме дека секоја друга реакција ќе биде задоцнета“, пишуваат студентите.Според студентите, Владата само санкционира, а се амнестира од одговорноста за неуспешноста на претходните реформи.„Студентскиот пленум ги разгледува можностите кои стојат на располагање за да се спречи усвојување на сега веќе предлог законот. Меѓутоа, државните институции со својата суетност и инаетливост само стимулираат поголем антагонизам помеѓу државата и академската заедница, особено студентите, нѐ тераат уште помалку да веруваме во институционалната борба, нѐ приморуваат да излеземе на улиците. Моќта е на страната на институциите, но на наша страна се разумот и аргументите. И имаме демократско право да бидеме слушнати. Студентската борба ја започнавме со чесни и искрени намери и ќе останеме непоколебливи во своите барања“, се вели во реакцијата на студентите.Студентите два пати организираа протести против новата мерка на владата за воведување на државен испит и побараа да не се нарушува автономијата на Универзитетите, како и реформи кои суштински ќе го подобрат високото образование.

Владата, пак, од своја страна, смета дека понудените измени на Законот за високо образование ќе го подобрат квалитетот на образованието. /крај/мф/ффс

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени

Објавено пред

Од

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.

dobivaj vesti na viber

„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.

Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.

„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 600.000 евра, а поради пожар граѓаните останале без струја

Објавено пред

Од

Основното јавно обвинителство Скопје објави детали за кражбата на кабли во кругот на фабриката „Железара“ во која е вмешан и полицаец. Крадците украле кабли вредни околу 440.000 евра, а направиле штета на трафостаница од околу 160.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Во текот на досегашната постапка се обезбедија докази кои даваат основано сомнение дека сега осомничениот, инаку вработен во МВР како полициски службеник, бил соизвршител на трите лица против кои беше покренато обвинение пред 10-тина дена.

Сите тие се товарат дека заедно од објектот на „Полуконти –ИГМ“ и подземните тунели низ кои поминуваат кабли за напојување со електрична енергија одзеле повеќе километри високоенергетски и среднонапонски кабли во сопственост на оштетените правни лице АД ЕСМ – Електрани на РСМ – Подружница енергетика Скопје и МакСтил АД Скопје во вкупна вредност од околу 440 илјади евра.

Откако со апарат се уверувале дека каблите не се под напон, со батериска брусалка ги сечеле и ги складирале каблите до влезот од тунелите. Поради нивните дејствија, на 9 април настанал и пожар во трафостаницата ТС Југ со кој била предизвикана и дополнителна штета на јавните инсталации за чие санирање биле потребни повеќе од 100 илјади евра, а не се реализирало и планираното производство и дистрибуција на електрична енергија кон крајните корисници на електрична енергија за период на санација на дефектите во вредност околу 60 илјади евра.

Претходно од МВР соопштија дека на полицаецот му е определен 30-дневен притвор. Тројцата негови соизвршители против кои претходно беше покренато обвинение исто така се обезбедени со мерка притвор по предлог на обвинителството, поради опасноста од бегство, можноста за влијание врз сведоци и ризикот да го повторат делото.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сиљановска-Давкова прими делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство од шведскиот парламент – Риксдаг

Објавено пред

Од

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство од шведскиот парламент – Риксдаг, предводена од Лота Џонсон Форнавре, во придружба на амбасадорот на Кралството Шведска, Oла Солстром.

dobivaj vesti na viber

Сиљановска-Давкова изрази задоволство од извонредната соработка со шведските пратеници, заснована на взаемна доверба и почит, нагласувајќи дека таквото партнерство претставува основа за натамошно зајакнување на вкупните билатерални односи меѓу двете држави.

Таа потсети дека Шведска е четвртиот најголем билатерален донатор на земјава и дека нејзината поддршка не се огледува само во развојната помош, туку и во улогата на фасилитатор на европските реформи.

Како поранешна членка на Надзорната група за соработка со шведскиот Риксдаг, Сиљановска-Давкова нагласи дека шведската парламентарна демократија отсекогаш била пример од кој можеме да учиме. Според неа, искуството стекнато преку таквата соработка претставува поттик за нови, отворени и конструктивни дијалози што ќе ја зајакнат политичката култура и институционалната зрелост во земјава.

Шведските пратеници изразија отвореност и решеност за продолжување на парламентарната соработката, размена на демократските искуства и помош и поддршка на македонскиот евроинтегративен процес.

Претседателката порача дека напредувањето кон ЕУ мора да се темели на мерит систем, а не на политички условувања и еднострани барања.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци,...

Македонија8 часа

Детали за кражбата на кабли во која е вмешан и полицаец: Направиле штета од 600.000 евра, а поради пожар граѓаните останале без струја

Основното јавно обвинителство Скопје објави детали за кражбата на кабли во кругот на фабриката „Железара“ во која е вмешан и...

Македонија12 часа

Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата...

Македонија15 часа

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека мешетари во СДСМ и дека има улога во можни...

Топ15 часа

Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе

Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот,...

Македонија15 часа

„’Вреди’ до Јаневска“: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата...

Македонија15 часа

Половина од младите во Македонија не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка на ЕУ

Повеќе од 46 отсто од младите во Македонија не веруваат дека земјата ќе стане членка на Европската унија, покажува новиот...

Македонија17 часа

Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ, предупредува МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека до неколку граѓани од страна на сторители што лажно се претставуваат во име на...

Македонија18 часа

Комисијата за историски прашања е алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, вели Димитров

Комисијата за историски прашања со РСМ е еден вид алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија,...

Свет20 часа

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...

Свет21 час

Сенатот постигна договор: заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни...

Европа21 час

(Видео) Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, не се плаши од Доналд Трамп и ги...

Свет22 часа

(Видео) Супертајфун ги погоди Филипините: бројот на жртви расте, еден милион луѓе принудени да се евакуираат

Супертајфунот Фунг-вонг ги погоди Филипините вчера, при што загинаа две лица, а еден милион луѓе беа принудени да се евакуираат...

Европа22 часа

(Видео) Нов напад врз Крим: погоден важен руски складиштен објект за нафта

Украинските војници во неделата нападнаа руско складиште за нафта во близина на селото Гвардејское на окупираниот украински полуостров Крим, објави...

Европа22 часа

(Видео) Судир на возови во Словачка, десетици повредени

Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...

Топ1 ден

Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да...

Македонија2 дена

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија2 дена

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...