Забава
Оскари 2010 – вистинска мелодрама
Вистинска мелодрама во живо, се очекува да се случи вечерва на Оскарите, кога бившите сопружници, Кетрин Бигелоу и Џејмс Камерун ќе се сретнат на црвениот тепих, двајцата номинирани за двете најголеми награди на вечерта: Најдобар филм и Најдобар режисер на годината.
Вистинска мелодрама во живо, се очекува да се случи вечерва на Оскарите, кога бившите сопружници, Кетрин Бигелоу и Џејмс Камерун ќе се сретнат на црвениот тепих, двајцата номинирани за двете најголеми награди на вечерта: Најдобар филм и Најдобар режисер на годината.Според Бигелоу, постојат само топли чувства помеѓу двајцата уметници, кои не само што се едни од „најопасните“ и најдобрите режисери во Холивуд, туку се и големи ривали во годината што измина.„Знам дека е тешко да се поверува, но ние навистина си пожелуваме се најдобро еден на друг, кога станува збор за Оскарите,“ изјави Бигалоу, која го режираше номинираниот воен филм “The Hurt Locker, ” и додаде дека таа не го гледа Џејмс Камерон, и неговиот „Аватар“ како ривали, туку како човек кој исто како и неа, дал дел од својата душа во правењето на филмот.Дали ќе победи “The Hurt Locker” или “Avatar”, во вечерашното шоу веројатно голема улога ќе одигра и среќата. Дали Сандра Булок ќе и се заблагодарува на Академијата за нејзината одлично одиграна улога во „The Blind Side“ или ќе го помине остатокот од вечерта знаејќи дека загубила од Мерил Стрип, која повторно би дошла до Оскарот за нејзиниот перформанс во “Julie & Julia”, останува да видиме.На овогодишните 82. по ред награди на Филмската Академија, во категоријата каде се очекува најголемата борба, наградата за Најдобар филм на годината, се номинирани филмовите: „Avatar“, „The Blind Side“, „District 9“, „An Education“, „The Hurt Locker“, „Inglourious Basterds“, „Precious“, „A Serious Man“, и филмот „Up, Up in the Air“. Во категоријата за Најдобар актер на годината номинациите ги добија актерите: Џеф Бриџес, Џорџ Клуни, Колин Фирт, Морган Фриман и Џереми Ренер. Уште една голема неизвесност е и наградата за Најдобра Актерка за која се номинирани: Сандра Булок, Хелен Мирен, Кери Мулиган, Габори Сидибе и Мерил Стрип.
Филмскиот спектакл на доделување на Оскарите, ќе започне вечерва во 7 часот по американско пацифичко време или околу 2 часот по полноќ, по наше време.За жал, македонските телевизии веќе втора година по ред не успеаја да ги добијат правата за емитување на престижната манифестација, па македонските граѓани ќе можат да го проследат 82-то доделување на Оскарите, на некој од странските телевизиски канали, или преку преносот во живо на официјалната веб страница на Академијата, http://watch-oscar-online.com/. /крај/чст/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Брејк објави нова песна „Една во милион“
Музичарот Дарко Гелев‑Брејк објави нова песна „Една во милион“.
Новиот сингл доби и видео спот. Ова музичко дело е плод на наши познати лица од музиката.
Музиката е на Никола Перевски Пере од „Нокаут“, аранжманот на Дарко Димитров, текстот е на Игор Џамбазов, а миксот и мастерингот на Дарко Димитров.
Забава
Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини хитови
Бритни Спирс ги продаде правата за целиот свој музички каталог, профитирајќи од наследството што го изгради со хитовите како Baby One More Time и Toxic. Според правните документи, каталогот е продаден на издавачката куќа Primary Wave, и иако износот не е откриен, медиумските извори го опишуваат како историски договор споредлив со продажбата на каталогот на Џастин Бибер за околу 200 милиони евра.
Според документите, 44-годишната пејачка го потпишала договорот на 30 декември. Извори блиски до Спирс велат дека таа е задоволна од одлуката и слави поминувајќи време со своите деца, синовите Шон (18) и Џејден (17), кои ги има со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.
Со овој потег, Спирс се придружува на голем број музички ѕвезди кои профитираа од своите каталози во последните години. Меѓу нив се Џастин Бибер, Брус Спрингстин, Боб Дилан, Шакира, Стинг и Фил Колинс.
Каталогот на Бритни Спирс се смета за еден од највредните во модерната поп музика. Нејзината кариера започна во 1999 година со нејзиниот деби албум Baby One More Time, кој се продаде во повеќе од 10 милиони примероци и помина две недели на врвот на табелата Billboard Hot 100.
За време на нејзината кариера, таа постигна 11 синглови број еден, повеќе од 30 песни во топ 10 и издаде девет студиски албуми. Вкупната продажба на нејзините албуми надминува 100 милиони примероци низ целиот свет.
Хитови како „Toxic“, „Oops!… I Did It Again“, „Gimme More“ и „Womanizer“ ѝ донесоа бројни номинации за Греми, МТВ и Билборд награди. Нејзината музика продолжува да генерира огромни приходи од услугите за стриминг, радио емитување, како и употреба во филмови, реклами и на платформи како TikTok.
Забава
(Видео) Најубавата жена на светот е номинирана и за најдобра актерка: Сите зборуваат за нејзиниот стил
Ема Стоун, која ја носи титулата најубава жена на светот, блесна на 98-та гала вечера на номинираните за Оскари. Самиот настан се одржува пред Оскарите и ги собира сите номинирани ѕвезди за таа година во хотелот Беверли Хилтон.
Ема, која беше номинирана за најдобра актерка во филмот „Бугонија“, беше таа што ги привлече сите погледи со необична, но привлечна комбинација. Таа носеше смокинг фустан кој комбинира класичен стил и гламур, и не завршува тука. Црната креација е исто така украсена со доза на сексапил бидејќи има длабоко деколте и мини крој.
Покрај тоа, цветниот детаљ беше забележлив – централниот мотив кој го нагласуваше тоа многу длабоко деколте. За да го комплетира стајлингот, таа се одлучи за отворени потпетици.
Што се однесува до шминката, таа носеше нежни, земјени тонови и едвај забележливи додатоци – ситни обетки.

