Култура
Програма за „Мајските Оперски вечери
„Мајските Оперски вечери“ оваа година ќе се одржуваат по 38ми пат во просториите на Македонската опера и балет (МОБ)
„Мајските Оперски вечери“ оваа година ќе се одржуваат по 38ми пат во просториите на Македонската опера и балет (МОБ)
„Мајски Оперски вечери“ ќе се одржуваат од 9 до 31 мај, на свеченото отворање ќе се емитува претставата „Љубовен напиток“ од Гаетано Доницети под режисерската палка на Саша Николовски – Ѓумар во режија на Гордан Драговиќ – Черногорски од Србија. ПРОГРАМА:09.05.2010 – 20ч.-Свечено отворањеГаетано Доницети„Љубовен напиток“ – премиераДиригент: Саша Николовски – ЃумарРежисер: Гордан Драговиќ – Черногорски(Србија)Сценограф: Марија ВетеровскаКостимограф: Љупка АрсовскаКореограф: Тања Поповиќ(Србија)Солисти: Марко Фрузони (Италија)Елвира Фатикхова (Русија)Владимир саздовскиГоран НачевскиКатерина Стојановска14.05.2010 – 20ч.Џезепе Верди„Травијата“Диригент: Џонатан Веб (Англија)Режисер: Емил Бошнаков (Бугарија)Сценограф: Живојин ТрајановиќКостимограф: Марија ПупучевскаСолисти:Дарина Такова(Бугарија)Ифрим Козмин (Романија)Горан Начевски18.05.2010 – 20ч.Џакомо Пучини„Турандот“Диригент: Енрико Довико (Италија)Режисер: Кузман Попов (Бугарија)Сценограф: Зоран НиколовскиКостимограф: Марија ПупучевскаСолисти: Марија Драгони (Италија)Александру Бадеа (Романија)Сандра МитровскаИгор ДурловскиНико Исаков (Бугарија)20.05.2010 – 20ч.Концерт„Вечер на Густав Малер“Диригент: Пол Вајголд (Германија)Солисти:Горан Начевски – баритонИрена Кавкалеска – мецо сопран23.05.2010 – 20ч.Лудвиг Минкус„Дом Кихот“ – балетДиригент: Саша Николовски – ЃумарКореограф: Виктор Јеременко (Украина)асс.кореограф: Тања Вујисиќ – ТодоровскаСценограф: Андреј Злобин (Украина)Костимограф: Гана Ипатиева (Украина)Солисти: Јанелис Родригез Ферер (Куба)Хозе Карлос Лосада Моралес (Куба)26.05.2010 – 20ч.Жорж Бизе„Кармен“Диригент: Максимилијан Ценчиќ (Австрија)Режисер: Кузман Попов (Бугарија)Сценограф: Живојин ТрајановиќКостимограф: Марија ПупучевскаСолисти: Гаља Ибрагимова (Чешка)Иван Момиров (Бугарија)Франсоа Лис (Франција)Олгица Милевска 31.05.2010 – 20ч.Џузепе Верди„Аида“Диригент: Јануш Пшибилски (Полска)Режисер: Дејан ПрошевСценограф: Зоран костовскиКостимограф: Елена ДончеваКореограф: Снежана ФилиповскаСолисти:Марија Хозе Сири (Уругвај)Хозе луис Дувал (Мексико)Лаура Бриоли (Италија)Нико Исаков (Бугарија)Владимир СаздовскиАлександар Стефаноски/крај/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Инспиративен настап на SIN PUSTINJE во Битола за Меѓународниот ден на џезот 2024
МКЦ-Битола по јубилеен 10-ти пат го одбележа Меѓународниот ден на џезот во Битола 2024. Во прекрасниот амбиент на кафе барот Порта Џез, Ахмед Буриќ, Дамир Имамовиќ, Тони Китановски и Иван Михајловиќ приредија несекојдневно музичко поетско доживување.
Во проектот станува збор за искуството и интерпретацијата на музиката и поезијата која ги сумира различните интереси и вештини на уметниците кои досега ги познававме од другите жанрови. На концертот Буриќ, Имамовиќ, Китановски и Михајловиќ изведоа дванаесеттина песни од нивниот прв албум, како и некои други делови кои на изведбата во живо му дадоа комплетна форма и магична атмосфера.
Овој концерт по десетти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.
Концертот се организира со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.
Култура
Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ на 11 мај на „Мајските оперски вечери“
На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени.
Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.
Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.
Култура
Изложба: „Четирите мајстори на модернизмот“
Град Скопје и ЈУ Културно Информативен Центар ќе отпочнат со реализација на Европскиот проект CreArt 3, со активноста „Европски месец на креативноста“ на 10 мај во галеријата Империјал 1 – ЈУ Културно Информативен Центар, каде што до крајот на месец мај ќе биде отворена групната изложба насловена: „Четирите мајстори на модернизмот“
Учесници: Теодора Андоноска, Мартин Буровски, Илина Василеска, Сергеј Јордановски, Камелија Каламерникова, Манели Крстиќ, Сара Милошевска, Ивона Петрова и Никола Тренов, сите студенти од четврта година на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на проф. Слободанка Стевческа.
Изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“ е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков.
Изложбата ќе биде отворена до 20.04.2024 година.