Култура
Конкурс „Скопје и македонската уметност во 21 век“

За потребите на филмот „Д Скопје“, продукцијата „Ново Македонско Видео“ објавува конкурс на тема „Скопје и македонската уметност во 21 век“
На конкурсот можат да се пријават уметници со уметнички дела созададени во последните девет години. Делата можат да бидат во форма на фотографии, кратки видеа, слики, инсталации и скулптури, фотографии.Опис или сегменти од делото можат да се пратат на: [email protected]„Д‘Скопје“ е игран филм, омнибус, составен од повеќе љубовни приказни сместени во Скопје, креиран од 9 млади режисери. Преку овие уникатни приказни ќе се прикажат убавите и модерните страни на градот, но доминантно се занимаваат со личното гледање на авторите, исполнети со фантазија и измислени факти. Преку филмот ќе се промовира македонската современа уметност на различни начини; македонските сликари, склуптори и мултимедијални уметници ќе имаат можност преку филмот на индиректен начин да ги претстават своите дела. Секоја скопска приказна е збогатена со по една музичка приказна од нашата алтернативна скопска сцена. Режисерската екипа ја сочинуваат: Вардан Тозија, Срѓан Јанаќиевиќ, Јане Алтипармаков, Борјан Зафировски, Синиша Ефтимов, Даријан Пејовски, Огнен Димитровски, Ѓорче Ставрески и Саша Станишиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
(Видео) „Убав ден“ – нова песна на Горан Папаз

„Убав ден“ е насловена новата песна на Горан Папаз.
„Посебно сум горд на овој сингл затоа што дел од музиката ја создаде Дамиан, мојот син, а Гоце Симоноски ја заокружи оваа приказна изработувајќи прекрасен аранжман. Вокалите се на Дамиан Папаз и Сара Димитрова“, сподели музичарот.
Песната е снимена и работена во студиото на Димитар Димитров и во студиото на Гоце Симоноски.
Култура
СДСМ: Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство со цела свита?

Додека институциите на културата едвај преживуваат, а вработените и понатаму се без исплатени плати, министерот за култура Зоран Љутков, заедно со голема партиска свита, си организираа „дипломатска“ екскурзија во Јапонија, велат од СДСМ преку соопштение.
„Со него се и министерот Тимчо Муцунски со сопругата, генералниот секретар на Владата и уште неколку „културни авторитети“, наводно за поддршка на ансамблот Танец и „јакнење на културната соработка“.
Колку точно лица брои оваа луксузна делегација? Колку народни пари беа потрошени за патувањето во Осака,за авионски билети, сместување, дневници, протоколарни вечери, гардероба и подароци?
И што, всушност, ќе донесат назад во Македонија? Освен албум со селфиња, објави за „успешни средби“ и неколку звучни фрази за „интеркултурен дијалог“?
Врв на иронијата, организирале и изложба посветена на архитектот Кензо Танге, визионерот што го проектираше Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Истото Скопје кое ВМРО-ДПМНЕ, со истата оваа структура, го изобличи со стиропор и лажен барок преку проектот „Скопје 2014“.
Па кој има образ сега да го слави Кензо Танге, кога неговото дело беше грубо погазено со партиска стиропорна естетика и кич?
Граѓаните заслужуваат одговор: Колку ги чинат екскурзиите на Љутков, колку чини оваа парада? И дали културата е само алиби за туристички луксуз?“, велат од СДСМ.
Култура
Ал Пачино се плаши да го гледа култниот филм од 70-тите

Ал Пачино со децении ја изненадува публиката – не само со неговите прекрасни улоги, туку и со неговите лични преференци и необични изјави.
Иако неговото место меѓу актерските легенди е несомнено, Пачино сепак успева да ги збуни и насмее луѓето со неговото признание дека не ги гледал некои од најважните филмови на сите времиња – дури ни оние што ги направиле неговите поранешни соработници.
Еден таков случај го вклучува режисерот Вилијам Фридкин, човек чии филмови го одбележаа американскиот Нов бран, но и ги поместија границите на она што публиката може да го толерира.
Фридкин е познат по шокантните теми и бескомпромисниот стил на работа, а неговиот филм „Крстарење“ од 1980 година, со Пачино во главната улога, е запаметен по контроверзниот заплет и непријатната атмосфера.
Но, и покрај нивната професионална соработка, Пачино со години избегнуваше да го гледа еден од најпознатите филмови на Фридкин – од страв.
Филмот, кој ја шокираше публиката ширум светот и ја налути црквата, беше познат по долгите редици надвор од кината, луѓето што ги напуштаа кината поради гадење и шокантните приказни од сетот.
„Никогаш не сум го гледал „Егзорцист“.
Иако многу ја ценел работата на Фридкин, Пачино немал храброст да го гледа филмот кој се смета за еден од најстрашните на сите времиња.
Иако не се плаши да ги преземе најпребирливите улоги на екранот, овој филм го избегнува со децении. Но, со оглед на тоа колку длабоко тој филм влијаеше на културата и публиката ширум светот, можеби е само прашање на време кога Пачино конечно ќе одлучи да го види.