Забава
Витаминот Д го намалува ризикот од рак
Научници од Универзитетот во Њукасл тврдат дека имаат сериозни докази дека витаминот Д е клучен фактор во борбата со канцерогените заболувања
Тие тврдат дека витаминот го намалува ризикот од рак за 40 отсто.
Водителите на истражувањето укажуваат дека не треба да се претерува со конзумирањето витамини во таблети, зашто не се знае дали големите количини се сигурни. Околу 90 отсто од овој витамин го добиваме од Сонцето. Иако сончевите зраци можат да и нанесат на нашата кожа сериозни проблеми, 15 минутно лесно шетање не може да наштети. За толку време организмот добива доволно витамин Д за дневно функционирање. Во зимскиот период како замена може да се користи рибино масло. Досега научниците успеале да докажат дека витамин Д помага во превенција на срцевите заболувања, ги забавува процесите на стареење и штити од мултипле склероза. Меѓутоа, досега не е позната неговата улога во превенција на ракот. Студијата опфатила 500.000 луѓе од десет европски држави. Резултатите покажале дека тие кои имаат најмногу витамин Д во крвта имаат најмалку шанси да заболат од рак. Недостатокот на овој витамин кај децата може да предизвика рахитис. Ова заболување обично го добиваат децата во развој. Во современието се смета дека една од причините за тоа е преголемото трошење време пред компјутерите.
Кратка лекција за витаминот Д
Кога се зема орално, витаминот Д се апсорбира со мастите низ ѕидовите на цревата.Се мери со интернационални единици (и.е.) или микрограми на холикалциферол (мцг).Дневната потреба за возрасни е 400 и.е. или 5-10 мцг.Смогот ги ослабува сончевите зраци кои произведуваат витамин Д.Кога кожата ќе поцрни од сонцето, престанува производството на витамин Д преку кожата.Што може да стори за вас:Целосно ги искористува калциумот и фосфорот кои се неопходни за силни коски и заби.Кога се зема со витамините А и Ц, може да помогне во спречувањето на настинката.Помага при лечење на коњуктивит.Го помага асимилирањето на витаминот А.Заболувања кои настануваат поради недостаток на витамин Д:Рахитис, јако крварење на забите, омекнување на коските, старечка остеопороза.Природни извори:Рибино масло, сардини, харинги, лосос, туна, млеко и млечни производи.Додатоци:Обично го има во капсули од по 500 и.е., а самиот витамин се добива од рибино масло.Дневните дози кои најчесто се земаат се од 400 до 1 000 и.е.Токсичност:Доза од 25 000 и.е. дневно во тек на подолг временски период може кај возрасните да произведе токсични ефекти.Дози преку 5 000 и.е. дневно можат кај некои лица да делуваат штетно.Знаци на тоскичност се невообичаена жед, болови во очите, чешање на кожата, повраќање, пролив, нагон за мокрење, абнормално таложење на калциум на ѕидовите од крвните садови, во џигерот, белите дробови, бубрезите и желудникот.Непријатели:Минерални масла, смог.Совет:Жителите на градовите, посебно тие во реоните со висока количина на смог, треба да земаат повеќе витамин Д.Тие што работат ноќе, како и лица чија облека или начин на живот (калуѓерки) ги сокриваат од сонцето, треба да ја зголемат количината на витамин Д во исхраната.Ако примате некој лек против грчеви, најверојатно треба да ја зголемите количината на витамин Д што вашиот организам ја прима.Децата кои не пијат млеко со додаток од витамин Д треба да примаат дополнителна доза.Црномурестите лица кои живеат во северните делови на планетата обично имаат зголемена потреба за витамин Д.Не и додавајте на храната за вашата мачка или куче витамин Д освен доколку ветеринар изречно не ви го каже тоа.Витаминот Д најдобро делува со витаминот Ц, витаминот А, холинот, калциумот и фосфорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Почина таткото на Марија Шерифовиќ, пејачката објави емотивна порака
Пејачката Марија Шерифовиќ објави на Инстаграм дека починал нејзиниот татко Рајко Шерифовиќ. Таа се збогува со него со емотивна посвета и објави негова фотографија.
Емотивна објава на Инстаграм
„Мојот татко. Мојата омилена бараба. Знам дека Господ ги сака таквите луѓе и дека те чека некоја рајска градина. Чувај нè таму каде што си сега 🙏🏼 Твој шампион 💔💔💔💔💔“, напиша Марија во објавата.

Тие беа во лоши односи со години
Српските медиуми објавија дека тој починал во Крагуевац по кратка и тешка болест. Рајко се ожени со Верица Шерифовиќ во 1982 година, со која ја доби ќерката Марија. До неодамна, пејачката и нејзиниот татко беа во лоши односи, а потоа, додека гостуваше во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“, Марија рече дека се смириле.
„Неодамна се видовме во Крагуевац и тој ми рече: Без разлика што направив погрешно, погрешно, погрешно, вака или онака… Барем знам дека сè што има врска со тебе, направив правилно“, рече пејачката. „Тоа го кажа во контекст на оставање зад себе личност на која е горд. Беше искрен“, заклучи таа.
Забава
(Фото) Хејли Бибер во тесно бикини го полуде Џастин Бибер
Манекенката и инфлуенсерка Хејли Бибер објави многу провокативна фотографија во бикини, а нејзиниот сопруг Џастин Бибер не остана имун на нејзиниот изглед, кој уште еднаш покажа колку е заљубен во својата сопруга.
Хејли објави серија фотографии во тесни бикини за да ја промовира својата нова линија костими за капење бргу собирајќи милиони „допаѓања“ и коментари.
View this post on Instagram
Сепак, еден коментар особено го привлече нејзиното внимание – од нејзиниот сопруг, кој напиша: „О, боже мој“.
Тој јасно стави до знаење што чувствува во врска со Хејли и што мисли за нејзиниот изглед и се чини дека тоа го прави со години.
Обожавателите реагираа веднаш пишувајќи: „Ова е љубов“, „Најдете соба вие двајца! Но, сериозно, толку сте слатки“… А само на коментарот на Џастин Бибер ‘допаѓање“ ставија речиси 50.000 луѓе.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Аријана Гранде за малку ќе настрадаше во Париз, обезбедувањето реагира во последен момент
Поп-ѕвездата Аријана Гранде имаше драматичен момент во Париз избегнувајќи за малку сериозна несреќа. Инцидентот се случи во четвртокот, 7 ноември, кога автомобил одеднаш влезе во пешачката зона пред театарот, каде што се одржуваше европската премиера на филмот Wicked.
Пејачката, за среќа, не беше повредена.
@snmicka je l’aime d’amour #arianagrande #wicked ♬ Popular – Ariana Grande
Гранде позира на црвениот тепих таа вечер опкружена со обожаватели и фотографи во нејзината вообичаена гламурозна атмосфера.
Според медиумските извештаи, додека одела кон својот автомобил, возило се приближило малку премногу до неа додека таа сè уште ги поздравувала обожавателите пред влезот. Автомобилот очигледно влегол во пешачка зона, што ги натерало обезбедувачите веднаш да реагираат токму кога ѕвездата успеала да се тргне. Никој не бил физички повреден, но краткиот хаос предизвикал паника меѓу толпата.
Париската полиција потврди дека била повикана на местото на настанот за да го истражи инцидентот. Портпаролот изјавил дека во моментот на објавување на извештајот немало апсења и дека истрагата е во тек. Возачот наводно соработувал со властите и немало индикации дека нападот бил однапред смислен.
фото: принтскрин

