Култура
Интернационална поетска вечер во Велестово

Пет поети настапија на интернационалната вечер на 23-тата „Поетска ноќ во Велестово“. Во дворот на Домот за култура синоќа прозвучеа стиховите на Сим Кера, Жељко Миловиќ, Елена Рибет, Лука Бенаси и Патрик Котер.
Пет поети настапија на интернационалната вечер на 23-тата „Поетска ноќ во Велестово“. Во дворот на Домот за култура синоќа прозвучеа стиховите на Сим Кера, Жељко Миловиќ, Елена Рибет, Лука Бенаси и Патрик Котер.Интернационалната поетска ноќ во Велестово започна да се одржува од минатата година со наслов „Глобално поетско село“.„Идејата да се одржи интернационално поетско читање во Велестово беше да се поттикне културна размена помеѓу поети и уметници од земјава и од странство, со што во Македонија ќе прострујат новите движења во светската поезија, но од друга страна, впечатокот што со себе ќе го понесат гостите странци назад во своите држави ќе придонесе кон ширење на нашата култура и да отвори нови можности за соработка на полето на литературните преводи и размена на поети за учество на разни поетски фестивали“, изјави Јулијана Величковска, организатор на „Поетска ноќ во Велестово“.Брачната двојка Елена Рибет и Лука Бенаси во Велестово дојде директно од Рим. Бенаси учествувал на Струшките вечери на поезијата пред две години, каде се сретнал со организаторите од Велестово и ја прифатил нивната покана годинава да учествува на поетската ноќ.„Тука навистина се чувствувам како дома, во поетска смисла, но и во однос на дружењето и пријателството со другите поети“, изјави Бенаси.Сосема спонтано почнал да пишува поезија по една прошетка низ Сардинија пред десет години. Тоа што го почувствувал едноставно сакал да го оформи како поетски запис.Поетесата Елена Рибет почнала да пишува поезија од својата осма година, но дури откако се сретнала со Лука почнала својата поезија да ја претставува пред други луѓе. Вели дека има рационален и ирационален момент во пишувањато поезија. Пишувањето некогаш се случува како во транс, додека објавувањето на стиховите е рационалниот дел од процесот. Работи како новинарка и пишува за теми кои се поврзани со дискриминацијата на жените насилството и човековите права.Од Црна Гора во Велестово дојде поетот и новинар Жељко Миловиќ. Вели дека и во Црна Гора состојбата во книжевноста е слична како и во Македонија. Тешко се наоѓаат издавачи, тиражите на книгите се мали и дека недостига заеднички книжевен пазар за балканските држави. За Велестово рече дека е многу слично со неговото родно место Зупци, кое се наоѓа на пет километри од Бар.„Блиску е до морето, а сместено е високо во планината, и тоа го нарекувам „дива убавина“, објасни Миловиќ.Ирскиот поет Патрик Котер истовремено е издавач и организатор на поетски фестивал во неговиот роден град Корк. Со Јулијана Величковска се запознал преку Фејсбук, откако на неговиот фестивал учествувала минатогодишната учесничка во „Поетската ноќ во Велестово“, Марам ал Масри од Сирија. Прв пат е во Македонија и од Велестово ќе продолжи на Струшките вечери на поезијата, кои почнуваат на 25 август. Иако на повеќе полиња е ангажиран во областа на книжевноста, нагласи дека, сепак, и во Ирска тешко се наоѓаат средства за објавување книги со поезија, и дека поетите се повеќе го користат интернетот за своја промоција.Гостин во Велестово е и естонскиот поет Сим Кера. Се занимава со поезија и со пишување музичка критика. Го сака планинарењето и токму затоа му се допаѓа учеството во поетската ноќ во Велестово. Во 2010 учествувал на СВП, а ќе учествува и годинава. Во однос на објавувањето на својата поезија состојбата во Естонија ја спореди со македонската. Станува збор за мала држава, со 1.4 милиони жители и тиражите на книгите се движат до 400 примероци.На интернационалната вечер во Велестово, по поетските читања, настапи групата „Undone“, додека во изложбениот салон беа претставени ракотворбите на Елена Ристовска и Глигор Кузмановски.крај/макфакс/т.д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Инвестиции за заштита на културното наследство и развој на културниот туризам, најавија надлежните

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со стручниот тим од Заводот и Музеј – Струмица, денеска реализира работна посета на општините Дојран и Гевгелија, со цел увид во тековните и во планираните проекти од областа на културата и културното наследство.
Во Стар Дојран беше извршен увид во црквата „Св. Илија“, значаен објект од 19 век, со висока историска, архитектонска и духовна вредност. Министерството најавува продолжување на активностите за конзервација и реставрација на овој објект, кој претставува симбол на духовното и на културното наследство на регионот.
Особено внимание оваа година е посветено на капиталниот проект за изградба на музеј на вода преку реконструкција на праисториска наколна населба на Дојранското Езеро. Во тек се заштитни археолошки истражувања на локалитетот Мрдаја, а основниот проект за изградба на музејот се очекува да почне во 2026 година. Идејниот проект е изработен од Заводот и Музеј – Струмица.
Музејот, кој ќе биде поставен директно на површината на езерото, ќе функционира како жив музеј на отворено, со висока едукативна и туристичка вредност. Со ваквиот пристап Дојран добива можност да се позиционира како водечка дестинација за културен и археолошки туризам во поширокиот регион, најавија од Министерството.
Во рамките на посетата на Гевгелија беше извршен увид во реализацијата на проектот за целосна реконструкција на Старата чаршија, заштитено културно наследство од XIX век. Вредноста на инвестицијата изнесува над 40 милиони денари, а проектот опфаќа: реставрација на фасадите на старите дуќани, поплочување со гранит, поставување нова урбана опрема и осветление, целосна реконструкција на подземната инфраструктура.
Со завршувањето на проектот Чаршијата ќе ја задржи својата автентичност, а истовремено ќе се трансформира во современо културно-туристичко јадро, привлечно и за жителите и за посетителите.
Вечерва, во рамките на посетата, министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе присуствува на фестивалот „Вкуси го југот“.
Како носител на титулата град на културата, Гевгелија се етаблира како центар на културни настани, фестивали и манифестации, кои значајно придонесуваат за развојот на локалната економија, туризмот и културниот живот во регионот.
Култура
Љутков: Нашата цел е јасна, да го заштитиме и обновиме „Македониумот“

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со стручните екипи од НУ Завод и Музеј – Прилеп, денес оствари теренска посета на споменикот „Македониум“ во Крушево – еден од најзначајните културни симболи на македонската историја.
Реконструкцијата на споменикот започна уште во 2014 година, кога беа реализирани низа значајни активности – санација на потпорни ѕидови, обнова на фасади, антикорозивна заштита, реконзервација на архитектонски елементи, како и внатрешни конзерваторски зафати и истражувања. Но, во 2017 година, сите активности беа прекинати, скелето беше симнато, а објектот остана незаштитен, со што последиците од таа негрижа се очигледни и денес, истакнуваат од министерството.
Минатата година, како што информираат, Министерството, во координација со Заводот и Музеј – Прилеп, подготви проект за интервентна заштита на објектот во вредност од 2,5 милиони денари, чија реализација ќе започне во текот на оваа година. Паралелно се работи и на подготовка на сеопфатен проект за целосна реконструкција и конзервација на споменичниот комплекс, кој се очекува да биде финализиран до средината на 2026 година. По изработката на документацијата и обезбедувањето на сите потребни дозволи, ќе отпочне реализацијата на овој капитален зафат.
„Нашата цел е јасна – да го заштитиме и обновиме ‘Македониумот’. Тој не е само архитектонски објект, туку симбол на македонскиот идентитет, историја и борба. Како Влада и како Министерство за култура и туризам, остануваме цврсто посветени на заштитата и унапредувањето на културното наследство, кое е наш стратешки приоритет,“ изјави Љутков.
Култура
(Видео) Oмилените филмови на Стивен Кинг

Мајсторот на хоророт, Стивен Кинг, е познат по своите темни романи и адаптации што го обележаа светското кино, но и по фактот дека редовно ги споделува своите омилени серии и филмови со публиката.
Стивен Кинг, познатиот мајстор на трилери и хорор, сподели листа од своите 10 омилени филмови на платформата X. Оваа листа, која ги исклучува филмовите адаптирани од неговите дела, дава увид во кинематографскиот вкус на авторот кој го обликувал хорор жанрот.
Избраните филмови вклучуваат класици од различни жанрови, од трилери и драми до комедија и научна фантастика. Кинг истакна дека листата не е по одреден редослед, нагласувајќи го богатството на квалитетни филмови достапни за публиката.
“Sorcerer”
“Godfather 2”
“The Getaway”
“Groundhog Day”
“Casablanca”
“Treasure of the Sierra Madre”
“Jaws”
“Mean Streets”
“Close Encounters of the 3rd Kind”
“Double Indemnity”