Македонија
Ќе се избира „Најдобар млад научник“ по петти пат

Претседателот Ѓорге Иванов, на почетокот на следната година по петти пат ќе го додели признанието „Најдобар млад научник“.
Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2014 година е отворен до 31 декември за сите млади луѓе до 30 години, кои во досегашната научна работа имаат постигнато научни резултати што придонесуваат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат.
Услов за конкурирање на заинтересираните е да имаат добиена меѓународна награда, меѓународно или домашно признание за научно-истражувачка дејност, резултатите од научното истражување да биле објавени во релевантно домашно или меѓународно списание и да имаат своја применетост.
Проектот „Најдобар млад научник“, инициран од страна на претседателот на Ѓорге Иванов, има за цел да го поттикне развојот и да ги стимулира вложувањата во науката, да ги поддржи научните установи и младиот научен кадар, но и да ги награди врвните научни достигнувања.
„Изборот на најдобар млад научник на годишно ниво од страна на Претседателот на Република Македонија претставува поттик на младата научна и истражувачка мисла во Република Македонија. Веќе петта година по ред имаме валозирација на заложбата на претседателот Иванов за поддршка на науката, научните установи и младиот научен кадар“, вели проф. д-р Атанас Кочов, претседател на Комисијата за признанието „Најдобар млад научник“.
Признанието „Најдобар млад научник“ беше прв пат доделено од страна на претседателот Иванов во 2010 година, на м-р Никола Златанов, докторант на Универзитетот на Британска Колумбија, Канада.
Во 2011 година признанието му беше доделено на д-р Трифче Сандев, кој своето високо образование го има стекнато на Институтот за физика, на Природно-математичкиот Факултет – Скопје, каде и ја одбрани неговата докторска теза.
Во 2012 година признанието „Најдобар млад научник“ беше доделено на д-р Катерина Бачева, која своето високо образование го има стекнато на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет.
Во 2013 година признанието го доби м-р Петар Стојанов, биоинформатичар кој во Броуд Институт, Бостон, САД се занимава со биоинформатичка анализа на генетските промени кај малигните заболувања.
Апликацијата за учество на јавниот повик треба да содржи биографија, реализирани проекти во 2014 година со кои се конкурира и доказ за државјанство на Република Македонија.
Заинтересираните своите документите треба да ги достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 31.12.2014 година./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за самитот на ОБСЕ, каде што е сѐ чисто, вели Османи

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, вели дека коалицијата „Вреди“ ги има добиено анкетите, во кои, како што нагласува, јасно се гледа дека разликата меѓу него и нивниот кандидат изнесува 10 %.
„И сега се во паника. Затоа се обидуваат да отвораат прашања за кои граѓаните вообичаено нив ги обвинуваат дека се корумпирани и дека 20 години на најкоруптивен начин ја воделе општината“, изјави Османи.
Османи потсети дека уште пред да заврши самитот на ОБСЕ лично ја доставил целата документација до релевантните институции.
„Јас лично ја доставив целата документација во Државната комисија за спречување на корупцијата и во Обвинителството. ДКСК, по неколку недели, излезе со констатација дека нема никакви неправилности. И Јавното обвинителство потврди дека нема неправилности. Ниту имало ревизија на ОБСЕ, туку на ‘Борис Трајковски’, и тоа во врска со тоа како тие ја прифатиле опремата“, појасни Османи.
Истакна дека неговиот најголем политички капитал останува неговиот кредибилитет: „Ако има нешто по што јас се разликувам, тоа е фактот дека никој, во целата моја политичка кариера, не може да ме обвини за корупција. Тоа е мојот најголем капитал во политиката, политичкиот интегритет и човечкиот кредибилитет“, истакнува Османи.
Македонија
(Видео) Лефков: СДС преку „Еразмус+“ ја финансирале и сопругата на Апасиев – пред камери противници, зад камери соработници

СДС преку Еразмус + ја финансирале и сопругата на Апасиев, пред камери противници, зад камери соработници. Додека јавно глуми противник на СДС, Димитар Апасив немал проблем со тоа што неговата сопруга барала пари од европските фондови и владата на Ковачевски преку Националната агенција за Еразмус+, истакна на прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено токму од Националната агенција за Еразмус+, кога со неа управува Марко Ѓорѓиевски од СДС, сопругата на Апасиев, Тамара Јованов Апасиева, добива европски пари.
Додека Апасиев пред камерите глуми противник на СДС, зад затворени врати неговиот семеен круг бил дел од системот кој го водела власта на СДС, добивал финансии и уживал привилегии“.
Лефков прашува, како токму Тамара Јованов Апасиева, покрај илјадници млади, универзитетски кадри и активисти од цела Македонија е изберена да добие поддршка од СДС.
„Дали ова е класичен пример на политички договори меѓу СДС и Левица?
Дали во јавноста играат улога на „жестоки противници“, а во позадина функционираат заедно, делат фондови и позиции?
Дали оваа соработка СДС – Левица ќе ја гледаме и на овие избори, и купен ли е Апасиев со парите од Еразмус + да одработува за СДС“, додава пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) СДСМ: Орце молчи за дивоградбите, гледаме нова Арсовска под диктат на Мицкоски

Додека Скопје се гуши во урбанистички хаос, Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, молчи за дивоградбите во Чаир, обвини Јовица Јанковиќ од СДСМ.
„Над 150 незаконски дивоградби, криминал тежок над 220 милиони евра, узурпиран простор, маала претворени во бетонски џунгли и загрозена безбедност. Тоа е резултатот на политиките на коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ што денес Орце ги одобрува. Зошто Орце воопшто не нуди решение за проблемот со дивоградбите? Дали поради бизнис интересите на власта? Таа ли улога Мицкоски му ја додели на Орце овој пат?“, праша тој.
Според Јанковиќ, дивоградбите не се само локална приказна туку со ВМРО-ДПМНЕ урбаното дивеење стана тажно скопско секојдневие.
„Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ владее со градот ова се случува, го претвораат во свој партиски вилает за да ги спроведуваат бизнис агендите. Со Орце скопјани можат да очекуваат само нови разочарувања, уште поголем хаос, нови бизнис-договори на грбот на граѓаните. Наместо решенија дивоградбите ќе продолжат, никој нема да одговара и наместо развој на Скопје ќе гледаме партиски диктат за богатење на поединци. На скопјани им треба вистински градоначалник кој ќе се бори со урбаната мафија, а не кој ќе ја штити. На Скопје не му треба нова Арсовска, под диктат на Мицкоски“, рече Јанковиќ.