Забава
Тони Зен во промотивен спот на Young derm
Дерматолошки тестираната формула Young derm со докажана ефикасност, зад која стои експертизата на реномираната компанија Алкалоид, конечно доби нов имиџ.
На редизајнот на младешката колекција за кожа Young derm се работеше 10 месеци, беа спроведени две квалитативни истражувања на пазарот за навиките, ставовите и за преференциите на младата, пребирлива, по малку комплицирана и висококритична возрасна група – тинејџери на возраст од 12 до 17 години, кои во голема мера учествуваа во креирањето на новиот изглед на производот, трендовски и близок до корисниците.„Главната цел беше да се направи спот, кој не само што ќе го промовира новото пакување на производот туку и ќе предизвика интерес меѓу младите“, се вели во соопштението на компанијата. Истражувањата покажаа дека младата популација има големи соништа, живее во динамично опкружување кое понекогаш е напорно да се следи заради брзиот проток на информации, меѓутоа скоро 90% од испитаниците во анектите имаа свои идоли со кои сонуваат да се сретнат, да се фотографираат и да комуницираат. Затоа и изборот на главните ликови во новата кампања за производот Young derm падна на Јана Бурчевска, скромната девојка од соседството, несудениот македонски идол и на најславниот македонски хип-хопер – Тони Зен. Во новиот спот, тинејџерката Јана сонува да стане славна пејачка. Јана го има својот музички идол Тони Зен со когошто се појавува на концертната сцена и пее дует. Секако, тука е мајката на Јана, која како и секоја друга мајка, понекогаш знае да ги „сруши“ големите младешки и понекогаш нереални соништа, но велат: „Никогаш не се знае кој ќе се појави зад аголот“. Можеби тоа ќе е некој којшто сонуваме да го видиме…За целите на кампањата, нашата позната креаторка Росица Мршиќ, дизајнираше маичка со препознатливи елементи, трендовски форми и бои, инспирирана од динамичното секојдневие и од типичниот тинејџерски стил на изразување и на облекување.Ова ќе биде комплетна кампања, којашто Алкалоид АД – Скопје ја креираше заедно со Концепт маркетинг комуникации, во извонредна техничка изведба на студиото за продукцијата Вертиго Вижуалс. Музиката, специјално за ТВ-спотот Young derm, ја направи Јован Јованов, текстот е на Тони Зен, а наскоро се очекува пуштање на целосната верзија на песната во македонскиот етер. Креирана е интернет и Facebook-страница за колекцијата, ќе следуваат промоции на местата на продажба, а со свои стручни совети за нега на тинејџерската кожа ќе учествува врвната дерматолошка ординација Д-р Анчевски. Како централна активност на кампањата, Алкалоид најави промотивен настан кој ќе се случи на 10 јуни 2012 г., во Градскиот парк пред Школка, кој ќе го означи крајот на учебната година и ќе ги подготви тинејџерите за долгото топло лето, со нивниот нов идол – Young derm. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ќерката на Ким Кардашјан повторно шокира: „И ова е 12-годишно дете?“
Модните избори на 12-годишната Норт Вест долго време се предмет на вниманието на јавноста. Не е тајна дека Ким Кардашјан како нејзина мајка трпи критики од општеството, но таа не се грижи за коментарите и често ги оправдува постапките на својата ќерка со една реченица – тоа е нејзиниот креативен начин на изразување и не сака да ја спречува.
Се чини дека младата Норт повторно го привлече вниманието на јавноста, а овој пат со објава на „Тик-ток“. Имено, таа претстави нов имиџ и е потценување да се каже дека ги шокира сите.
@kimandnorth♬ original sound – flxxsohard
Таа носеше целосно црна комбинација, што ја комбинира со скапи ѓердани. Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините избелени веѓи, како и вештачките трепки што го заокружуваа изгледот на 12-годишното девојче.
Набргу потоа следуваа лавина коментари.
„А ова е 12-годишно дете!“, рече еден корисник на „Тик-ток“, а друг напиша: „Нема шанси 12-годишно дете да има пирсинг на прстот, избелени веѓи и такви нокти!“
@kimandnorth💧💧♬ original sound – ꜰɪɴɴ
„Ким треба да научи да биде мајка, а не најдобра пријателка на своите деца“, коментира трет корисник на социјалната мрежа.
Забава
(Видео) Дакота Џонсон ги воодушеви сите во фустан од тантела
Пејачката Лили Ален пееше на сцената на Saturday Night Live по 18 години, а Дакота Џонсон стави свој печат на сè. Убавата актерка се појави за време на изведбата на песната Madeline и ги воодушеви сите со својот изглед.
Познато е колку Дакота ги сака голите фустани, а ниту сега не отстапи од своето правило.
За сцената таа избра навидум едноставен црн, проѕирен фустан, врз кој додаде светкава наметка украсена со циркони и цветни апликации.
Dakota Johnson made a surprise appearance on the most recent episode of Saturday Night Live as the mistress in Lily Allen‘s song “Madeline.” https://t.co/wCOy6INVVf
— The Hollywood Reporter (@THR) December 15, 2025
Сензуален и драматичен, така може да се опише најновиот во низата провокативни појавувања на Дакота Џонсон поради кои речиси ги остави Лили и нејзиниот настап во сенка.
Спектакуларниот накит беше таму за да заокружи сè, а Дакота повторно не отстапи од својот препознатлив стил што го негува со години.
Забава
(Видео) Најстариот син на Доналд Трамп се сврши
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека неговиот најстар син, Доналд Трамп Јуниор, се сврши со Бетина Андерсон, членка на високото општество во Палм Бич.
Трамп ја објави веста на празнична забава во Белата куќа. Портпаролот на двојката подоцна ја потврди среќната вест, а набргу се појави и видео од самиот претседател Доналд Трамп како ја објавува веста.
BREAKING NEWS:
President Trump just announced at the White House that his son @DonaldJTrumpJr and his girlfriend Bettina Anderson are getting married! They just got engaged.
Congratulations to them both. pic.twitter.com/psb38nTGla
— Laura Loomer (@LauraLoomer) December 16, 2025
„Тие се сложуваат многу добро и објавија дека ќе се венчаат“, рече претседателот пред да ја покани двојката на сцената.
Дон Помладиот потоа ѝ се заблагодари на својата свршеница што го прифати неговиот предлог.
Ова е третпат Доналд Трамп Јуниор да се свршува. Претходно, 12 години беше во брак со Ванеса, поранешна манекенка и актерка, со која имаат пет деца заедно. Ванеса поднесе барање за развод во 2018 година.
Подоцна се сврши со Кимберли Гилфојл, американска телевизиска водителка.
Романсата, пак, со Бетина почна минатата година, приближно во исто време кога Дон Јуниор ја раскина свршувачката со поранешната водителка на „Фокс њуз“.
фото/депозитфотос

