Забава
Шпански селани освоиле на лотарија 700 милиони евра
Откако жителите на малото шпанско место Содето пред неколку недели дознале дека се збогатиле на големата божикна лотарија, на нивната среќа им немало крај.
Откако жителите на малото шпанско место Содето пред неколку недели дознале дека се збогатиле на големата божикна лотарија, на нивната среќа им немало крај.Имено, поттикнати од здружението на локални домаќинки 69 од 70 домаќинства уплатиле пари за заедничката среќка и освоиле добивка од 700 милиони евра, што воедно е и најголема добивка во историјата.Во Шпанија секоја година владее голема „треска“ кога сите ја играат божикната лотарија бидејќи добивките се толку големи, заради што оваа лотарија ја нарекуваат Ел Гордо или Дебелиот.Началничката Роса Понс веднаш по објавата на броевите излегла на плоштадот со мегафон и на сите им честитала на добивката, а селаните со трактори парадирале низ местото.„Жените веднаш сакаа да отидат на фризер, но не можеа бидејќи и фризерката доби на лотарија и реши повеќе да не работи“, коментираше понс за „Њујорк тајмс“.Таа додаде дека луѓето најверојатно ќе ги вложат парите во земјоделски добра и можеби ќе купат нов кревет.Сепак, сите не добиле ист износ бидејќи парите ќе бидат поделени врз основа на тоа кој колку вложил.За жал, единствен кој немал среќа со лотаријата е истиот маж кој нема среќа ни во љубовта. Гркот Костис Мицотакис се доселил во Содето заради жената која по некое време го напуштила, а бидејќи неговата куќа била понастрана од останатите, жените од локалната заедница целосно го заборавиле додека собирале пари за лотарија. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Брејк објави нова песна „Една во милион“
Музичарот Дарко Гелев‑Брејк објави нова песна „Една во милион“.
Новиот сингл доби и видео спот. Ова музичко дело е плод на наши познати лица од музиката.
Музиката е на Никола Перевски Пере од „Нокаут“, аранжманот на Дарко Димитров, текстот е на Игор Џамбазов, а миксот и мастерингот на Дарко Димитров.
Забава
Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини хитови
Бритни Спирс ги продаде правата за целиот свој музички каталог, профитирајќи од наследството што го изгради со хитовите како Baby One More Time и Toxic. Според правните документи, каталогот е продаден на издавачката куќа Primary Wave, и иако износот не е откриен, медиумските извори го опишуваат како историски договор споредлив со продажбата на каталогот на Џастин Бибер за околу 200 милиони евра.
Според документите, 44-годишната пејачка го потпишала договорот на 30 декември. Извори блиски до Спирс велат дека таа е задоволна од одлуката и слави поминувајќи време со своите деца, синовите Шон (18) и Џејден (17), кои ги има со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.
Со овој потег, Спирс се придружува на голем број музички ѕвезди кои профитираа од своите каталози во последните години. Меѓу нив се Џастин Бибер, Брус Спрингстин, Боб Дилан, Шакира, Стинг и Фил Колинс.
Каталогот на Бритни Спирс се смета за еден од највредните во модерната поп музика. Нејзината кариера започна во 1999 година со нејзиниот деби албум Baby One More Time, кој се продаде во повеќе од 10 милиони примероци и помина две недели на врвот на табелата Billboard Hot 100.
За време на нејзината кариера, таа постигна 11 синглови број еден, повеќе од 30 песни во топ 10 и издаде девет студиски албуми. Вкупната продажба на нејзините албуми надминува 100 милиони примероци низ целиот свет.
Хитови како „Toxic“, „Oops!… I Did It Again“, „Gimme More“ и „Womanizer“ ѝ донесоа бројни номинации за Греми, МТВ и Билборд награди. Нејзината музика продолжува да генерира огромни приходи од услугите за стриминг, радио емитување, како и употреба во филмови, реклами и на платформи како TikTok.
Забава
(Видео) Најубавата жена на светот е номинирана и за најдобра актерка: Сите зборуваат за нејзиниот стил
Ема Стоун, која ја носи титулата најубава жена на светот, блесна на 98-та гала вечера на номинираните за Оскари. Самиот настан се одржува пред Оскарите и ги собира сите номинирани ѕвезди за таа година во хотелот Беверли Хилтон.
Ема, која беше номинирана за најдобра актерка во филмот „Бугонија“, беше таа што ги привлече сите погледи со необична, но привлечна комбинација. Таа носеше смокинг фустан кој комбинира класичен стил и гламур, и не завршува тука. Црната креација е исто така украсена со доза на сексапил бидејќи има длабоко деколте и мини крој.
Покрај тоа, цветниот детаљ беше забележлив – централниот мотив кој го нагласуваше тоа многу длабоко деколте. За да го комплетира стајлингот, таа се одлучи за отворени потпетици.
Што се однесува до шминката, таа носеше нежни, земјени тонови и едвај забележливи додатоци – ситни обетки.

