Забава
Рики Мартин призна дека е геј
Латино ѕвездата Рики Мартин ги потврди долгогодишните шпекулации дека е хомосексуалец.
Латино ѕвездата Рики Мартин ги потврди долгогодишните шпекулации дека е хомосексуалец.„Горд сум што можам да кажам дека сум среќен хомосексуален маж и се чувствувам благословен поради тоа што сум. Денес ја прифатив својата хомосексуалност како подарок кој ми го дава животот“, изјави пејачот на својата службена страница.Ѕвездата која пееше „Livin’ la vida e loca“, вели дека го прифатил своето сексуално определување и дека „со радост го прифаќа својот геј идентитет“.Тој на својот сајт открива дека ја криел својата сексуална ориентација со години, бидејќи многу луѓе од шоу бизнисот го советувале да се крие бидејќи би можел да ги загуби обожавателите и „да го урне она што го градел со години“. Голем број обожаватели му честитале на храброста, но имало и такви кои му пишувале дека „душата ќе му гори во пеколот“.38-годишниот пејач од Пуерто Рико вели дека причината за неговиот „каминг аут“ се неговите две синчиња, родени од сурогат мајка во 2008 година, кои го инспирирале да ја каже вистината на светот.„Што е доста, доста е’. Ова мора да се промени. Ова не требало да се случи пред 5 или 10 години, требало да се случи сега. Денес е мојот ден, денес е моето време, и ова е мој момент,“ изјавил латино музичарот и додал дека признавањето го исполнува со сила и храброст. Водечката организација за правата на хомосексуалците ГЛААД го поздрави ваквиот негов потег, сметајќи дека неговото признавање веројатно ќе влијае на „подобро прифаќање на големиот број хомосексуалци во САД и Латинска Америка“. Рики Мартин е еден од најпопуларните пејачи на Латинска Америка, а стана славен уште како дете пеејќи во порториканскиот бенд Менудо. Тој се прослави ширум светот и продаде околу 60 милиони албуми, а добитник е и на пет Греми награди. Пред две години посвои близнаци, кои му ги роди сурогат мајка. Основач е на непрофитна хуманитарна организација, Рики Мартин Фондејшн, која се бори за правата на децата. /крај/вџ/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Астролозите откриваат: најнезгодните свекрви се раѓаат во три хороскопски знаци
Понекогаш зад семејните тензии не стои само различноста во ставовите, туку и – хороскопот. Според астролозите, некои знаци едноставно имаат карактер што тешко се носи со улогата на свекрва. Тие имаат силна потреба за контрола, тешко прифаќаат поинаков начин на живот и често сметаат дека „знаат најдобро“.
Најпредизвикувачки свекрви, според хороскопот, најчесто се родени во знаците Девица, Шкорпија и Јарец.
Девиците се перфекционисти кои тешко се опуштаат и бараат сè да биде по нивно, дури и кога имаат најдобри намери.
Шкорпиите се интензивни, љубоморни и сакаат контрола; ако почувствуваат дека губат влијание – стануваат пасивно-агресивни.
Јарците се авторитетни, традиционални и очекуваат ред и дисциплина – а нивните критики често знаат да бидат незгодни,
Иако сите се грижат од љубов, нивниот начин знае да биде предизвик и за најстрпливите снаи.
Забава
Oткриено е зошто Ана де Армас ја прекинала врската со Том Круз: „Сè се одвиваше премногу брзо“
Холивудската актерка Ана де Армас и славниот Том Круз раскинале по девет месеци врска, пишува „Ју-ес викли“.
Извор близок до парот открил дека Ана се чувствувала „непријатно“ поради тоа колку брзо се одвивала нивната врска, иако меѓу нив, како што се наведува, „постоела неоспорна хемија“.
Двајцата глумци се запознале за време на снимањето на трилерот „Дипер“, а нивната блискост на сетот прераснала во романса. По прекинот, останале во пријателски односи и планираат да продолжат со заеднички проекти.
Забава
(Видео) „На брод сите знаат сè“ – работничка предупредува на љубовните драми на крузерите
Луси Саутертон, поранешна масерка од Бирмингем која од 19 години работела на крузери, споделува дека романтичните врски меѓу членови на екипажот ретко завршуваат добро. Таа објаснува дека на брод „нема бегство“ – сите живеат, работат и се дружат заедно, па љубовните врски брзо стануваат комплицирани.
„Кога врската ќе заврши, останувате заробени со бившиот. Го гледате секој ден, со сите заеднички колеги што знаат сè,“ раскажува Луси на својот YouTube канал Cruising As Crew.
Таа предупредува дека, иако животот на море изгледа гламурозно, љубовните драми на бродот можат брзо да се претворат во ноќна мора.

