Македонија
Груевски се сретна со жителите на скопските села Љубош, Батинци и Цветово

Премиерот Никола Груевски во неделата заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директори на повеќе јавни градски претпријатија ги посети населените места Љубош, Батници и Цветово во општина Студеничани каде имаше средби со жителите.
Граѓаните изразиле благодарност за ангажманот на институциите при неодамнешната изградба на патот Скопје – Козјак и за патот до Маркова Река што го реализира Агенцијата за државни патишта, како и за инвестицијата на Град Скопје во вредност од 17 милиони денари за изградба на тротоари и улична мрежа во овие населени места, како и за изградбтаа на водовод во должина од 1,2 километри.
Според жителите би било добро да се изнајде решение и да се отвори подрачна единица, односно паралелки на училиштето во Љубош, а заменик министерот за образование Ристовски покани претставници од населеното место да дојдат во Министерството за образование и наука во вторник за да се скенира состојбата и да се изнајде решение.
На барање на граѓаните градоначалникот Коце Трајановски вети дека до 11 окотомври ќе биде асфалтиран локалниот пат во должина од 200 метри.
Граѓаните на Цветово, пак, побараа да се санира патот до селото, на што премиерот Груевски рече дека очекува овие проблеми да бидат надминати.
Премиерот нагласил дека од Владината програма за рурален развој ќе се инвестира, а општина Студеничани, користејќи ги овие средства треба до ноември годинава или ако не дозволат временските прилики од напролет идната година да почне со санацијата на патот и на мостот./крај/мф/бс
Извор: Фото/МИА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зајкова: Имаме искуство што гарантира успех – во недела да го заокружиме бројот 1 и да ставиме крај на поделбите

Со пораки за обединување на центарот и успех на претстојните локални избори во недела, финишираше завршниот митинг на коалицијата „Искуство за успех“.
Пред полната сала за последен пат пред почетокот на изборниот молк се обратија лидерите на партиите кои ја сочинуваат коалицијата, ЛДП, ГРОМ, Интегра и ПЦЕР со поздравни говори, во кои го повикаа своето членство на мобилизација и ги споделија своите очекувања за изборите во недела.
„Се воздржував цела кампања да не влезам во дебатата која се трудат да ја наметнат лидерите на двете бивши најголеми партии. Наместо да се бават со локалните проблеми на граѓаните, упорно се занимаваат со теми кои се однесуваат на национални прашања. Престанете со изговори, на народот му требаат резултати. Затоа оваа Коалиција на овие избори се занимаваше со идентификување на клучните проблеми и понуда на решенија. Народот се гуши во смрдеа, умира од карциноми, заглавен е во сообраќаен метеж. ЛДП заедно со оваа коалиција ја презема опозиционата палка на оние во државата кои што се водат од разум и идеја да се направи нешто, а не само да се критикува, плука и навредува. Доста е“, порача во својата изјава претседателката на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, додавајќи дека „големите партии“ 20 дена се рекламираат со народни пари, без да понудат ништо конкретно.
Во својот говор Зајкова вели дека не е точно дека гласот за малите партии е изгубен. Напротив, секој глас е силен и вреден и тоа совршено добро го знаат, затоа и се противат на воведување една изборна единица и отворени листи. Тие, ‘големите партии’, зад себе имаат цели машниерии, имаат милиони народни пари, имаат платени од вас граѓаните аналитички центри, имаат платеници во разни општествени слоеви.
Но, ние имаме искуство, имаме дела, имаме храброст, имаме визија, имаме сон за подобро утре и на крајот и најважно ве имаме вас, драги сограѓани. И вашето присуство вечерва тука е доказ дека сме успеале, сме успеале да создадеме здраво ткиво спремно на борба за промени, спремно за работа, за подобра иднина“, посочува претседателката Зајкова и побара поддршка за бројот 1 да биде нов почеток на граѓанско-политички центар во државата.
„И додека останатите се надвикуваат меѓусебно објаснувајќи кој е повеќе виновен за денешната катастрофа, а всушност сите они се највиновни, ние сме тивки и вредни. Додека останатите ветуваат автопати и авении, ние скромно, со системски решенија чекориме по нашиот пат. Но, убедена сум и како жена и како млада личност, дека веќе во понеделник ќе станеме сериозно гласни, дека нашиот пат, на 19 октомври ќе нѐ одведе на светлата страна на успехот. Затоа што ова општество мора да се помрдне од статус-квото што го живееме повеќе од три децении“, изјави Зајкова, завршувајќи го своето обраќање со повик до граѓаните да стават крај на поделбите и во недела да го заокружат бројот 1.
На митингот се обрати и Стевчо Јакимовски, лидерот на ГРОМ, ги поздрави присутните граѓани и ги претстави проектите за наредните 4 години во Општина Карпош. Со поздравни говори се обратија и носителот на советничката листа за Советот на Град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“, Ристо Пенов, кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Александар Трајановски, и лидерите на Интегра и ПЦЕР, Љупчо Ристовски и Самка Ибраимовски.
Македонија
Меџити: Милиони евра се инвестираат за развојот на Чаир

Чаир, како историско и академско средиште на Скопје, доживува значајна фаза на развој благодарение на поддршката од Владата.
Кандидатот на коалицијата „Влен“ за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, во дебатната емисија на МРТ соопшти дека во последните 15 месеци се инвестирани околу 100 милиони евра, што претставува само почеток на трансформацијата.
Меѓу главните проекти, Меџити ги спомена:
- Универзитетот „Мајка Тереза“ – инвестиција од 40 милиони евра за изградба на најголемиот и најмодерниот универзитетски кампус во земјата, со што Чаир станува академско средиште со околу 20.000 студенти вклучени во четири универзитети.
- Стар Чаир – инвестиција од 25 милиони евра за реновирање на најстарата чаршија на Балканот, која не била обновувана од османлискиот период.
- Плоштадот „Скендербег“ – проект кој ќе создаде паркинг простор за 800 возила, модернизирајќи ја и функционализирајќи ја централната зона.
Меџити истакна дека Чаир за првпат се трансформира не само со зборови, туку со конкретни проекти и реални инвестиции, кои ќе го донесат овој дел на Скопје во ерата на развојот и ќе ја зајакнат неговата улога како академско, културно и историско средиште.
Македонија
Шукова: Отпадот е ресурс, време е Скопје да добие чист и одржлив систем за управување со отпад

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во гостување на телевизијата Алсат М, зборуваше за проблемите со отпадот, нечистотијата и дивите депонии во градот, нагласувајќи дека потребни се два паралелни процеси итно чистење на градот и долгорочна поставеност на систем по европски стандарди.
„Мора веднаш да се почне со расчистување на отпадот пред секоја куќа, пред секоја зграда, по целиот град, како и со дивите депонии, каде што ќе воспоставиме контрола за да не настануваат повторно”, истакна Шукова.
Според неа, проблемот со Вардариште е еден од најакутните во Скопје.
„Таму мора да имаме 24-часовна заштита, да го преземеме просторот и да започнеме со постепено расчистување. Вардариште, според сите стратешки документи, треба да биде претоварна станица – затоа што мора да имаме претовар на отпадот пред неговото носење во Дрисла“, објасни Шукова.
Таа подвлече дека градот мора итно да воспостави одржлив систем за управување со отпад, кој ќе ја намали количината што завршува на депонии и ќе ја зголеми повторната употреба и рециклирањето.