Црна хроника
Малолетници претепале тинјџер во Куманово

Кумановската полиција поднесе кривични пријави против тројца малолетници коишто претепале тинејџер, и против петмина други, кои во две одделни тепачки повредиле двајца.
Двајца шеснаесетгодишници и еден седумнаесетгодишник од Куманово заработија кривични поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Тие во неделата, во Куманово на улицата „Октомвриска револуција“ го нападнале М.Б. (19) удирајќи го со тупаници по телото при што му нанеле телесни повреди.Кривична пријава заработија и Г.Г. (38) и Д.М. (37), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Тие, порано месецов, по претходна расправија, на едно лице му нанеле тешка телесна повреда удирајќи го со тупаници по главата и телото. И Ш.Р. (42), С.С. (40) и М.С. (20), сите од Куманово, добија кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, затоа што воо јануари 2016 година, во ресторан во Куманово, физички го нападнале А.К. удирајќи го со тупаници по телото, при што му нанеле телесни повреди./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.