Забава
Комерцијална битка за мечето Кнут
Најпознатото бело мече Кнут предизвика судир во кој што првичниот сопственик на медиумскиот миленик бара 700 илјади евра од Зоолошката градина
Најпознатото бело мече Кнут предизвика судир во кој што првичниот сопственик на медиумскиот миленик бара 700 илјади евра од Зоолошката градина во Берлин каде се наоѓа мечката.
„Судот на двете спротивставени страни им даде период до средината на јуни да се договорат за иднината на Кнут“, соопшти покраинскиот суд во Берлин.
Судирот се појавил откако Зоолошката градина од Нојминстер побарала дел од приходите од маркетиншкиот успех на светски познатото поларно мече.
Управата на Зоолошката градина во Нојминстер се повикува на договор според кој што Кнут всушност и припаѓа нејзе, затоа што таткото на Кнут, Ларс, и бил позајмен на берлинската Зоолошка градина за оплодување, а според договорот, првото животно од оплодувањето припаѓа на сопственикот на таткото.
Во предлогот за вонсудски договор, берлинската Зоолошка градина им понудила на колегите од Нојминстер 350 илјади евра за Кнут, но од другата страна бараат 700 илјади евра. Таквото барање од Зоолошката градина во Берлин одлучно го одбиваат повикувајќи се на тоа дека тие се јавна установа која што работи без добивка.
Според набљудувачите на спорот, кавгата околу мечето Кнут е всушност судир за пари, затоа што се случува во годината кога мечето стекна светска слава според бројот на посети во Зоолошката градина во Берлин, која што порасна за 27 отсто.
Адвокатот на Зоолошката градина во Нојминстер тврди дека берлинците во 2007 година, само од употребата на името Кнут, заработиле над милион евра.
Кнут се стекна со светска слава откако неговата мајка го одби, а неговото одгледување го презедоа негувателите од Зоолошката градина во Берлин./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Брејк објави нова песна „Една во милион“
Музичарот Дарко Гелев‑Брејк објави нова песна „Една во милион“.
Новиот сингл доби и видео спот. Ова музичко дело е плод на наши познати лица од музиката.
Музиката е на Никола Перевски Пере од „Нокаут“, аранжманот на Дарко Димитров, текстот е на Игор Џамбазов, а миксот и мастерингот на Дарко Димитров.
Забава
Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини хитови
Бритни Спирс ги продаде правата за целиот свој музички каталог, профитирајќи од наследството што го изгради со хитовите како Baby One More Time и Toxic. Според правните документи, каталогот е продаден на издавачката куќа Primary Wave, и иако износот не е откриен, медиумските извори го опишуваат како историски договор споредлив со продажбата на каталогот на Џастин Бибер за околу 200 милиони евра.
Според документите, 44-годишната пејачка го потпишала договорот на 30 декември. Извори блиски до Спирс велат дека таа е задоволна од одлуката и слави поминувајќи време со своите деца, синовите Шон (18) и Џејден (17), кои ги има со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.
Со овој потег, Спирс се придружува на голем број музички ѕвезди кои профитираа од своите каталози во последните години. Меѓу нив се Џастин Бибер, Брус Спрингстин, Боб Дилан, Шакира, Стинг и Фил Колинс.
Каталогот на Бритни Спирс се смета за еден од највредните во модерната поп музика. Нејзината кариера започна во 1999 година со нејзиниот деби албум Baby One More Time, кој се продаде во повеќе од 10 милиони примероци и помина две недели на врвот на табелата Billboard Hot 100.
За време на нејзината кариера, таа постигна 11 синглови број еден, повеќе од 30 песни во топ 10 и издаде девет студиски албуми. Вкупната продажба на нејзините албуми надминува 100 милиони примероци низ целиот свет.
Хитови како „Toxic“, „Oops!… I Did It Again“, „Gimme More“ и „Womanizer“ ѝ донесоа бројни номинации за Греми, МТВ и Билборд награди. Нејзината музика продолжува да генерира огромни приходи од услугите за стриминг, радио емитување, како и употреба во филмови, реклами и на платформи како TikTok.
Забава
(Видео) Најубавата жена на светот е номинирана и за најдобра актерка: Сите зборуваат за нејзиниот стил
Ема Стоун, која ја носи титулата најубава жена на светот, блесна на 98-та гала вечера на номинираните за Оскари. Самиот настан се одржува пред Оскарите и ги собира сите номинирани ѕвезди за таа година во хотелот Беверли Хилтон.
Ема, која беше номинирана за најдобра актерка во филмот „Бугонија“, беше таа што ги привлече сите погледи со необична, но привлечна комбинација. Таа носеше смокинг фустан кој комбинира класичен стил и гламур, и не завршува тука. Црната креација е исто така украсена со доза на сексапил бидејќи има длабоко деколте и мини крој.
Покрај тоа, цветниот детаљ беше забележлив – централниот мотив кој го нагласуваше тоа многу длабоко деколте. За да го комплетира стајлингот, таа се одлучи за отворени потпетици.
Што се однесува до шминката, таа носеше нежни, земјени тонови и едвај забележливи додатоци – ситни обетки.

