Забава
Витаминот Ц – клуч за креирање матични клетки

Витаминот Ц игра есенцијална улога во производството на матични клетки кои би се употребувале за лечење разни заболувања, покажаа новите медицински истражувања
Познат по своите антиоксидантски својства и улогата што ја игра при репарација на ткивата, добротворноста на витаминот Ц сега стана побогата за уште едно многу важно својство. Научниците открија дека витаминот го поттикнува репрограмирањето на возрасните клетки, со што тие добиваат својства на ембрионски матични клетки. Од досегашните истражувања беше познато дека возрасните клетки може да се репрограмираат за да се поттикне нивната трансформација во матични клетки. Тие новоформирани облици, наречени плурипотентни матични клетки, имаат огромен потенцијал за регенеративната медицина, меѓутоа нивната конверзија е екстремно неефикасна. – Ниската ефикасност на процесот на репрограмирање досега го оневозможуваше напредокот на таквата технологија и покажа колку малку го познаваме – велат научниците. Новите истражувања на таа тема покажаа дека додавањето на витаминот Ц, кој е есенцијална хранлива состојка природно присутна во цитрусите, ефикасно го поттикнува создавањето матични клетки. Витаминот ги забрзувал генетските промени и овозможувал поефикасна транзиција кон целосна трансформација. Освен ова изненадувачко откритие, експертите дошле и до сознание дека другите антиоксиданси го немаат истиот ефект, за разлика од витаминот Ц, кој воедно игра екстремно важна улога во забавувањето на стареењето на клетките. – Резултатите од истражувањата ни открија едноставен начин за подобрување на генерацијата на матични клетки и ни овозможија потемелен поглед во механичката основа на репрограмирањето. Интересен за нас е и фактот што таквото дејство на витаминот може да се смета како преобратување на процесот на стареење на молекуларно ниво. Ова откритие без сомнение ќе стимулира дополнителни истражувања од оваа област – велат научниците. Според нив, моќните антиоксидантски својства на витаминот Ц најверојатно се главните „виновници“ за неговото инспиративно делување врз процесот на репрограмирање на клетките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Безос малку се „опушти“ по свадбата, но неговата сакана сè уште „пука од сексапил“

Основачот на Амазон, Џеф Безос, и неговата сакана Лорен Санчез уживаат во животот и бракот.
Папараците неодамна ги фотографираа пред ресторан во Западен Холивуд, а вљубените, покрај нивните блескави насмевки, ги покажаа и квалитетите на брачниот живот.
Се чини дека Безос малку се „опуштил“ по свадбата. Тој ја покажа својата брада која штотуку почнала да расте, а досега не сме го виделе во тоа издание јавно.
Што се однесува до стајлингот, тој се одлучи, како и претходно, за црно издание – од глава до пети.
Од друга страна, неговата сакана сопруга сè уште „пука“ од сексапил. Лорен носеше кафеав фустан со бели реси и интересни детали на долниот дел.
Фустанот имаше длабоко деколте, и на тој начин госпоѓа Санчез Безос, по којзнае кој пат, ги истакна своите гради.
Таа го комплетираше изгледот со брановидна фризура и минимална шминка во земјени тонови.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Се ожени синот на Шварценегер: невестата блесна во класична бела венчаница

Актерот Патрик Шварценегер и Аби Чемпион решија да ја официјализираат својата врска и на интимна церемонија покрај езерото Кер д’Ален си се заколнаа на вечна љубов.
Свадбата беше организирана за семејството и пријателите, а според списанието „Пипл“, невестата блескаше во класична бела венчаница, додека младоженецот носеше елегантно бело сако и црни панталони.
На свадбата присуствуваа родителите на Патрик, Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер, сестрата Кетрин Шварценегер Прат со нејзиниот сопруг Крис Прат, како и братот Џозеф Бин. Среќната двојка беше поддржана и од родителите на Аби, Лора и Грег Чемпион.
Patrick Schwarzenegger marries longtime girlfriend Abby Champion in lavish Idaho weddinghttps://t.co/ZnLPdjwB39
— BREAKING NEWZ Alert (@MustReadNewz) September 7, 2025
Меѓу познатите лица на списокот на гости беа актерот Роб Лоу, како и Џејсон Исак, колегата на Патрик од популарната серија „Бел лотос“. Церемонијата се одржа на ранчот „Гозер“, кој двојката го посети неколку пати.
Романтичната врска на Патрик и Аби првпат беше откриена во септември 2015 година, а тие ја потврдија својата врска на Инстаграм во февруари 2016 година. Веста за нивната свршувачка ја објавија во декември 2023 година.
Аби Чемпион е модел која работела за големи брендови, па дури и неколку пати снимала реклами за модни брендови со своето момче.
фотo: принтскрин
Забава
(Фото) Експериментот не успеа? По сите критики, Кејт Мидлтон се врати на старата варијанта

Само неколку дена откако предизвика шок и јавни критики за нејзината руса коса, принцезата од Велс Кејт Мидлтон (43) одлучи да се врати „на старо“.
На трибините на Светското првенство во рагби за жени во саботата, Кејт блесна во елегантен комплет – сако, бела блуза и панталони кои ги комбинираше со дискретни обетки.
Kate Middleton seemingly reverts to her signature brown hair only days after debuting new blond ‘do https://t.co/QICYkGileA pic.twitter.com/c5cSubdojd
— Page Six (@PageSix) September 6, 2025
Сепак, токму нејзината коса привлече најголемо внимание. Принцезата од Велс не можеше да ги издржи бројните критики за нејзината нова фризура и се врати на својата оригинална кафеава боја.
Beaming Kate ties back her lighter locks as she cheers on England at the Women's Rugby World Cup https://t.co/DXT9mYN1Ux via https://t.co/ft5Jcq2hOb
— Jim Polk 🇺🇸 (@JimPolk) September 7, 2025
Се чини дека нејзиниот експеримент со новата боја не успеал и под притисок на јавноста морала да се врати на својот оригинален изглед.
фото: принтскрин