Контакт

Култура

Доделени наградите на Фестивалот „Војдан Чернодрински“

Објавено пред

Оценувачката комисија на 45-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински” кој се оджа измиантиве денови во Прилеп ги подели наградите 13-те награди образложувајќи го својот избор

dobivaj vesti na viber

Годинешново жири во состав Мустафа Јашар, претседател  и членовите Слободан Деспотовски и Братислав Димитров се реши да го награди Владо Ѓоревски Рафик за рекламниот материјал за претставата „Браќата Карамазови“ што ја изведе Народниот театар од Битола, оценувајќи го како „одлично  графичко решение“ кое го изразува основниот концепт на претставата но истовренемо и отвора флуиден простор на асоцијации. Наградата  за кореографија и сценски движења  му е доделена на „домашниот“ театар „Војдан Чернодрински“ за кореографија и сценски движења во претставата „Кавкаскиот круг со креда“  во режија на Мартин Кочовски. „Сценските движења во претставата беа во функција на базичната идеја на претставата“, се вели во образложението за оваа награда.Наградата за  млад актер иемнувана „Трајко Чоревски“ ја доби Осман Али за улогата  на Жан во претставата „Госпоѓица Јулија“ во изведба на Турскиот театар  Скопје.  Иако млад актер кој ги прави првите чекори на сцената, Осман Али лежерно и убедливо донесува зрел сценски резултат, оценува жирото на Фестивалот. Од истата претстава на Турскито театар од Скопје, е наградена за женска споредна улога е и Несрин Таир која ја толкуваше улогата на Кристина, успевајќи на мал и со минимални изразни средства да изгради впечатлив лик во функција на претставатаНаграда за машка епизодна улога именувана „Димче Трајковски“ е доделена на Адриан Азири за  улогата на Гробарот во претставата „Генерал на мртвата војска“ во изведба на Албанскиот театар од Скопје, кој како што нагласува жирито е „актер со природна актерска харизма кој суверено владее со ликот во секоја драмска ситуација“.Најдобра музика за претставата направила групат Фолтин. Тие ја „озвучија“ „Кавкаскиот круг со креда“ на прилепскиот театар, со музика која е комплетно во функција на претставата.Најдобра костомографија е онаа на Благој Мицевски за костимите во претставата „Генарал на мртвата војска“ што ја изведе Албанскиот театар од Скопје, презентирајќи костими кои го одредуваат духот на днешното време.Зад сценографијата која жирото на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ реши да ја награди се потпишаа Јулија Војкова Најман и Филип Јованоски, во „Кавкаскиот круг со креда“ што ја изведе прилепскиот театар. „И покрај тоа што е доста сложена и обемна, оваа сценографија на лесен и функционален  начин  го поддржува и динамизира сложеното драмско дејство“, образложи жирито. Најдобра е режијата на Мартин Кочовски  за претставата „Кавкаскиот круг со креда“  на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, за која се нагласува дека остава впечаток на фасцинантна посветеност, страст и верба во својата професија, со која Кочовски жестоко и храбро влетува во најдалечните и неистражени предели на сценската уметност.Годинава најдобар драмски текст е прогласен текстот на Горан Стефановски „Баханали“ за истоимената претстава која во Прилеп ја изведе велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. „На добро познати митови и легенди, Горан Стефановски на креативен начин создал оргинален текст кој комуницира со нашата современост“, се вели во соопштението на жирито на 45-тите театарски игри во ПрилепНаградата за современа сценска драматизација му припадна на Андреј Хинг за драматизација на романот „Браќата Карамазови“ од Достоевски која беше изведена од  Народниот театар од Битола, бидејќи од сложениот и слоевит свет на Достоевски, Хинг успеал да ја извлече есенцијата и да направи динамично и жестоко драмско дејство.Награда за главна машка улога е доделена на Огнен Дранговски за улогата на Аљоша во претставата „Браќата Карамазови“ на битолскиот Народен театар, бидејќи со „восхитувачка духовна смиреност, сценски магнетизам, сугестивност но истовремнено и жестока драматичност огнен дранговски успеа да изгради лик кој ни ја доловува материјалната и духовна димензија на човекот, метефора на есенцијалните човечки дилеми стремежи и надежи“.За најдобра главна женска улога наградена е Биљана Драгичевиќ Пројковска која ја толкуваше улогата на Кејт во претставата „Жената како воено поле“ во изведба на Драмски театар од Скопје. „Под наизглед студениот и човечки и професионален оклоп чука обично топло човечко срце . тоа срце во клучниот момент се соочува со својата лична драма.  лик кој е растргнат помеѓу сигурниот и конфорен дом и хаосот на суровата војна“м ја образложи оваа нгадата прилепското жири.И на крајот за најдобра претстава како  уметничко остварување во целина е проглесена претставата „Кавкаскиот круг со креда“ во режија на Мартин Кочовски во изведба на  театарот  „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Жирото вели дека станува збор за редок пример на колективна игра и тотален театар со бескрајна страст и верба во театарот, живот на конкретност и прецизност, но истовремено и храбро истражување во сите сегменти на изразот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Приказната за Силјан“ ја освои наградата од публиката на Cinema Eye Honors

Објавено пред

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на Audience Choice Prize на Cinema Eye Honors, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм.

dobivaj vesti na viber

Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од Бразил, Канада, Палестина, Гана, САД, Данска и Нов Зеланд, потврдувајќи дека македонската приказна има моќ да одекне на светската сцена.

Audience Choice Prize е награда што произлегува директно од изборот на публиката и ја одразува нејзината поврзаност со филмот, поради што се смета за едно од најрелевантните признанија во современиот документарен филм, често препознаено како силен показател за меѓународен одек и понатамошен успех.

Ова признание е резултат на масовна поддршка од Македонија и светот, кои се вклучија во гласањето и ја претворија оваа награда во заедничка победа, надминувајќи национални и географски граници.

„Ова е можеби најважната награда што ја освои „Силјан“, затоа што доаѓа од публиката. Таа не е само признание за филмот, туку и за луѓето кои гласаа за него. Гласањето за оваа награда ја сплоти македонската јавност и безусловно го даде својот глас за оваа фолклорна бајка. Во силна меѓународна конкуренција, победи гласот на публиката и искрената емоција“, изјави режисерката и продуцентка на „Силјан“, Тамара Котевска.

Филмот, кој беше откупен од National Geographic Documentary Films и прикажан на низа престижни меѓународни фестивали, уште еднаш потврди дека локалните, автентични приказни имаат моќ да зборуваат универзален јазик и да обединат публика ширум светот.

Со освојувањето на Audience Choice Prize, „Приказната за Силјан“ го заокружува својот исклучителен меѓународен пат и јасно ја позиционира Македонија како простор од кој доаѓаат приказни со силен, препознатлив и човечки глас на светската документарна сцена.

Прикажи повеќе...

Култура

Кинотеката на Македонија – Половина век филмска меморија

Објавено пред

Програмата на Кинотеката на Македонија за јануари 2026 претставува внимателно осмислена и содржински богата целина што уште еднаш ја потврдува улогата на оваа институција како темел на филмската култура, едукацијата и критичката мисла во земјава. Во година во која Кинотеката одбележува значајни педесет години од своето формирање, јануарската програма функционира и како симболичен преглед на нејзината мисија — да го чува, прикажува и контекстуализира филмското наследство, истовремено отворајќи простор за современи авторски гласови и нови генерации гледачи.

dobivaj vesti na viber

Посебно место во програмата заземаат тематските целини КИНО УТРО, со проекции на анимирани филмови наменети за младата публика, чија цел е да ѝ се приближи киното како уметност и искуство уште од најрана возраст. Преку овие проекции, Кинотеката активно ја гради идната публика и ја зацврстува врската помеѓу младите и филмскиот медиум. Во јануарската селекција се вклучени и избрани содржини од фестивалот КИНЕНОВА, кои носат свежи авторски перспективи и современи филмски практики, како и проекции на значајни документарни остварувања, меѓу кои „Југо Флорида“ и „Фанк Ју“, филмови што со ангажиран и аналитичен пристап ги отвораат културните и општествените прашања на регионот.

Особено внимание привлекува и долгоочекуваниот музички документарец „Трет свет“, посветен на култниот хрватски бенд Хаустор, кој преку архивски материјали и сведоштва нуди длабински поглед кон една од највлијателните музички појави на екс-југословенскиот културен простор. Домашната продукција е застапена со проекции на најновите македонски филмови „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, и „Сите го викаат Реџо“, копродукција со Косово и Албанија, што сведочи за отвореноста на македонската кинематографија кон регионалната соработка и актуелните тематски предизвици.

Програмата се заокружува со проекцијата на антологиското ремек-дело „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс — филм што и по децении останува непресушен извор на инспирација, поетски запис за човечката осаменост, љубовта и духовната потрага по смисла. Неговото прикажување во рамките на јубилејната година на Кинотеката има и дополнителна симболичка тежина, потсетувајќи на континуитетот на филмската уметност и нејзината моќ да опстои над времето.

Половина век по своето основање, Кинотеката на Македонија не е само простор за проекции, туку жив културен организам што активно ја обликува филмската свест, го чува колективното паметење и создава простор за дијалог меѓу минатото, сегашноста и иднината на киното. Јануари 2026 е уште една потврда дека оваа институција останува незаменлив столб на културниот живот и еден од најважните чувари на филмската уметност во земјава, се наведува во соопштението на Кинотеката.

Целосна ПРОГРАМА

Прикажи повеќе...

Култура

Денеска ќе биде погребана Брижит Бардо

Објавено пред

Француската филмска актерка Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, денеска ќе биде погребана во летувалиштето Сен Тропе на француската ривиера, објави Ројтерс, повикувајќи се на локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Погребната церемонија ќе се одржи во 10 часот во црквата „Нотр Дам де л’Асумпсион“, по што Бардо ќе биде погребана во строга приватност на градските гробишта. Комеморација отворена за граѓаните и обожавателите ќе се одржи во старата градска четврт Ла Понш.

Бардо светската слава ја стекна со филмот „И Бог ја создаде жената“ и стана една од најголемите икони на француската поп-култура. По повлекувањето од филмот во 1973 година, се посвети на заштита на животните, но подоцна беше контроверзна фигура поради своите политички ставови.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет39 минути

Бројот на жртви во иранските протести се искачи на 466

Бројот на загинати во протестите во Иран се зголеми повеќе од двојно во последните часови, објави Ројтерс, повикувајќи се на...

Македонија6 часа

(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе

Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на...

Свет7 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет7 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет7 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет8 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет8 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија20 часа

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија22 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија24 часа

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија24 часа

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ1 ден

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет1 ден

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа1 ден

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет1 ден

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...