Македонија
Промовирани нови 10 наслови од проектот за превод на стручна и научна светска литература
Нови 10 наслови беа промовирани во петок во читална „1000 книги“, кои се дел од проектот за превод на 1000 стручни и научни книги.
Новите 10 изданија се од областа на медицината и стоматологијата, транспортот и телекомуникациите, туризмот и бизнис логистиката, правото, ликовната уметност, природно математичките науки, како и од областа на машинството и електротехниката.
„Ние како Влада сме секогаш отворени за добри идеи и предлози и бидејќи овој предлог е во целост компатибилен со нашата цел, а тоа е што поквалитетно образование и што посилни основи на нашите студенти и научници решивме да го прифатиме и да го надополниме проектот. Согласно оваа одлука, годинава ќе бидат преведени дополнителни учебници од три области и тоа педагогија, земјоделство и медицина“, рече на промоцијата премиерот Никола Груевски.
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски потенцираше дека оваа промоција претставува чекор напред кон реализација на една од најголемите инвестиции во македонскиот високообразоваен систем и науката која придонесува за збогатување на фондот на современа стручна и научна литература. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

