Забава
Прочитај ја тетоважата и кажи „да“
Момче од Велика Британија ја запросило девојката така што прашањето „Сакаш ли да се омажиш за мене Керолајн Самерс“ го истетовирал на грбот
Момче од Велика Британија ја запросило девојката така што прашањето „Сакаш ли да се омажиш за мене Керолајн Самерс“ го истетовирал на грбот.
Наместо клечење на колена или десерт на крајот на романтичната вечера во кој се крие дијамантски веренички прстен, Алекс Џенкинс пред „големото прашање“ скокнал до салонот за тетовирање.
Тетоважата „Сакаш ли да се омажиш за мене Керолајн Самерс“, освен што била болна, го чинела заљубениот Алекс 145 фунти и „вообичаената“ нервоза околу исчекувањето на одговорот.
„Вработените во салонот сакаа да ме одвратат, но јас знаев дека нема да ме одбие“, рече Алекс.
По тетовирањето, тој ја одвел Каролајн на пикник и ја соблекол маицата.
„Заплакав кога видов што сторил за мене“, изјави идната невеста, додавајќи дека „тоа ќе биде потсетник колку ме сака“.
Венчавката е закажана за април 2011. година. /крај/мо/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Генијален трик: Со даска за пеглање спакувајте подарок како професионалец
На сите кои сакаат да пакуваат подароци, овој трик со даска за пеглање и метла може многу да им користи.
Празниците се период кога се купуваат и подаруваат најмногу подароци, а ако сте меѓу оние што обрнуваат посебно внимание на деталите, тогаш пакувањето сигурно ви е важен дел од процесот.
View this post on Instagram
Сепак, ако имате повеќе подароци за пакување, тоа може да стане непрактично, иако е забавно. Токму затоа во помош доаѓа — даската за пеглање.
Како изгледа овој трик во пракса, можете да видите во видеото.
Забава
Колку често треба да водите љубов за да бидете здрави
Сексот не е само пријатен, туку може да има и значајни здравствени придобивки, а ефектите зависат од тоа колку често се практикува. Професорката по сексуално и репродуктивно здравје, Кајл Велингс истакнува дека редовната сексуална активност може да го подобри имунитетот, менталното здравје и здравјето на срцето.
Истражувањата покажуваат дека секс еднаш до двапати неделно ја зголемува заштитата од инфекции.
Според студиите, исто така, секс еднаш во неделата позитивно влијае на линијата; 2 пати неделно – зајакнување на имунитетот; 3 пати неделно – двојно помал ризик од срцев удар; 4 пати неделно – подобар тен; 5 пати неделно – повеќе енергија, оптимизам и креативност.
Забава
Џејми Ли Кертис: Направив пластична операција на 25 години и се каам
Познатата актерка Џејми Ли Кертис откри дека направила пластична операција на 25 години и дека тоа денес го смета за една од најголемите грешки во животот. Одлуката ја донела по навредлив коментар на снимање во 1985 година, по што направила корекција на подочниците, но, како што вели, зажалила веднаш.
Таа истакна дека искуството ја поттикнало да стане силен поддржувач на природниот изглед и самоприфаќањето, предупредувајќи дека естетската индустрија и филтрите на социјалните мрежи создаваат нереални стандарди за убавина.
Кертис неодамна изјави дека масовната употреба на филери и операции претставува „геноцид над генерација жени“, додавајќи дека ваквите трендови го бришат природниот човечки изглед. Таа јавно ги советува и своите ќерки да не прават интервенции на лицето, нагласувајќи дека „кога еднаш ќе се вмешаш во лицето, нема враќање назад“.
Фото: depositphotos

