Култура
Есенски музички свечености – празник на класичната музика

Десетина концерти од областа на класичната музика се дел од програмата на 10. издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“, кои во текот на месец ноември ќе можат да се посетата на различни локации низ Скопје.
Десетина концерти од областа на класичната музика се дел од програмата на 10. издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“, кои во текот на месец ноември ќе можат да се посетата на различни локации низ СкопјеСвеченото отворање е во четврток, 5 ноември, во салонот на Македонската опера и балет, со концертот на Гордана Јосифова-Неделковска на обоа, заедно со нејзините гости, исклучителни музичари и состави – Един Карамазов – гитара (Хрватска), Суела Мулај – виолина (Италија), Влатко Стефановски – гитара (Македонија) и Теодосиј Спасов – кавал (Бугарија), заедно со Биг Бенд на Факултетот за музичка уметност, под диригенство на Кире Костов и камерниот оркестар, под диригенство на Саша Николовски-Ѓумар.Програмата поделена на 3 дела, опфаќа дела од Бах, Пиацола, Мориконе, Вила Лобос, Хајдн и Спасов. Средствата собрани од продажбата на билетите од овој концерт се наменети за обнова на манастирот „Свети Јован Бигорски“. До 30 ноември следуваат уште 9 концерти: настапот на женскиот младински хор „Менада“, под диригенство на Ивица Зориќ во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ (10 ноември), симфониски концерт на Македонската филхармонија, под диригенство на Борјан Цанев и Кристијан Фрон од Австрија како солист на виола во Домот на АРМ (12 ноември), Камерната вечер посветена на творештвото на композиторот Гоце Коларовски на Факултетот за музички уметности (16 ноември), концерт на Елена Костовска-пијано во Музејот на Град Скопје (19 ноември), операта „Турандот“ од Џакомо Пучини, под диригентство на Јануш Пшибилски од Полска во салонот на МОБ (20 ноември), концерт на Марјан Николовски – тенор и Марија Вршкова – пијано во Даут пашиниот амам (23 ноември), „Ѕaxorhapsody“ – концерт на Нинослав Димов – саксофон и рита Трпчева-Поповиќ на пијано во Музејот на Град Скопје (24 ноември), концерт на камерниот оркестар „Арко“ во Даут пашиниот амам (25 ноември), а свеченото затворање ќе биде со концертот на Аспарух Ќортошев – виолина и Маријана Николовска – пијано во даут пашин амам на 30 ноември./крај/форум
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Промоција на „Ќумур смоквин млеч“, дебитантската стихозбирка на Стефан Спасовски

В четврток од 20:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на „Ќумур смоквин млеч“, збирката првенче на младиот поет Стефан Спасовски. Преку разговор и читање на дел од песните ќе биде претставена стихозбирката.
Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „’Ќумур смоквин млеч’ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно одлично обмислена, интертекстуална и интердискурзивна книга. Таа е во широк дијалог со современата, пред сѐ, македонска книжевност, рефлектирајќи прашања кои се земени од општото, традиционалното и перенијалното, вметнувајќи ги во личните прашања, современиот контекст на светот во кој живееме и длабоко интимните проблеми и ставови.“
„Ќумур смоквин млеч“ беше наградена со Антев часовник од Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ за необјавена поетска збирка од млад автор и организаторите на манифестацијата за стихозбирката велат дека е интересно патување по сетилните меридијани на поетовата млада душа.
Стефан Спасовски е студент на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Дел е од тимот на кафе-книжарницата „Илика“, а во Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ работи врз јазично уредување и редакција на текстовите. Бил дел од уредничкиот одбор на студентското списание „In medias reѕ“. Се занимава со пишување есеи и поезија. Има учествувано на повеќе поетски читања („Поетска епизода“, Скопски поетски фестивал…).
Култура
Гала концерт на отворено „Од #MOБ за Скопје“

Националната опера и балет на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ) ќе одржи гала концерт „Од #MOБ за Скопје“,
Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.
Овој уникатен концерт е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1.
Култура
Проекција на седум кусометражни играни филма во Кинотеката

На 2 јули (среда) со почеток во 20 ч., во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ ќе се одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели.
На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 г., по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ; „Невољите на покојникот К. К.“ од 1963 г., по сценарио на Коле Чашуле, во режија на Здравко Велимировиќ; „Давид, Голијат и петел“ од 1960 г., по сценарио и режија на Славко Јаневски; „Лифт горе, лифт долу“ од 1967 г., по сценарио на Ташко Георгиевски, во режија на Душан Наумовски; „Човекот во црно“ од 1970 г., по сценарио на Мето Јовановски, во режија на Бранко Ставрев и „Споменик“ од 1968 г., по сценарио на Бошко Смаќоски, во режија на Вељо Личеноски.
Проекцијата е организирана од Кинотеката на РСМ, во соработка со Друштвото на писателите на Македонија, а селектор на програмата е вонр. проф. д-р Атанас Чупоски, вработен како филмолог советник во Кинотеката и член на ДПМ.