Забава
Обама луд по Витни Хјустон, Милошевиќ го обожувал Френк Синатра
Британскиот весник The Telegraph истражувал каква музика слушаат тамошните политичари, но биле вдахновени да истражат и каква музика обожуваат светските диктатори
Британскиот премиер Гордон Браун се релаксирал додека ја слушал музијката на Arctic Monkeys, лидерот на британските конзервативци, Дејвид Камерон, пак, ги слуша Killers, а поранешниот премиер Тони Блер во една прилика пред ученици изјавил дека ужива да ги слуша Dаrkness.Новинарите заклучиле дека демократските лидери слушаат актуелна музика, додека најозлогласените светски политичари уживаат во старите хитови и евергрини.Така, на пример, „ископана“ е изјавата на претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, кој во 1980 г. кога слушнал дека на прославата на независноста на неговата земја во 1980 г. ќе пее Боб Марли, изјавил дека тој лично повеќе би сакал да го слушне Клиф Ричард. Суданската поетеса Кола Бооф, која тврди дека лидерот на терористичката Ал Каеда, Осама бин Ладен ја држел како сексуална робинка во 1996 г. откри пред медиумите дека најбараниот терорист на светот не останувал рамнодушен на музиката на Van Halen, B-52s…, но пред се’ на пеењето на Витни Хјустон. Бооф тврди дека бин Ладен сонувал да ја запознае американската пејачка, да и’ купи куќа во Судан и да го убие нејзиниот тогашен сопруг Бобу Браун.Либискиот диктатор, полковникот Моамер ел Гадафи го преферирал Лајонел Ричи, и замолил за негов автограм по неговиот настап на „Концертот за мир“ во Либија во 2006 г. Со овој концерт била одбележана 20-годишнината од американскиот напад врз Триполи во кој загинала усвоената ќерка на полковникот, Хана. Во врска со ова истражувње, Ричи изјавил дека ноќта кога американските тенкови го напаѓаа Багдат, ирачките радиостаници го емитувале еден од неговите најголеми хотови – All Night Long.Вождот на нашите северни соседи, Слободан Милошевиќ, кој почина додека му се судеште во Хаг за воени злосторства и геноцид, многу често во затворската самица го слушал евергринот на Френк Синатра, My Way. Според неговите искажувања, тој почнал да го слуша Синатра додека работел како банкарски службеник во претставништвото на Беобанка во Њујорк во 1970-тите.Севернокорејскиот комунистички водач Ким Јонг-Ил, кој постојано го предизвикува светот ѕвецкајќи со нуклеарно оружје, го обожува Ерик Клептон. Но пејачот ја одби можноста да биде првиот музичар од западот кој настапил во Пјонгјанг, кога минатата година беше поканет од страна на самиот Јонг-Ил. Се зборува и дека еден од синовите на севернокорејскиот претседател, Ким Јонг-Чу, додека студирал во Швајцарија, дури четирипати престојувал во Германија на концертите на Клептон.Списокот на темните личности од светската политика и нивните афинитети во популарната музика, завршува со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад против чија власт веќе половина годиан иранската опозција организра гоелми протести на кои има многу загинати и повредени. Личноста која можеби многу повеќе од Јонг-Ил го плаши западот со нуклеарно оружје, го обожува ирскиот поп-пејач Крис де Бар. Тој требаше минатото лето да настапи на концерти во Иран, за што му беше издадена дозвола за јавни настапи, но гостувањето беше откажано заради безредијата кои избувнаа по јунските претседателски избори. Така пропадна можноста авторот и исполнувачот на големиот хит Lady in Red да стане првиот западен поп-уметник кој настапувал во Техеран по 1979 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
ChatGPT Health пристигнува со јасна порака: поддршка за пациентите, не замена за лекар
OPENAI го претстави ChatGPT Health, нова функција во рамките на ChatGPT што им овозможува на корисниците да поврзуваат медицински картони и податоци од апликации за следење на здравјето за подобро да ги разберат сопствените наоди, да ги следат здравствените обрасци и да се подготват за дискусии со лекарите. Компанијата нагласува дека алатката не е наменета за дијагностицирање или лекување на болести.
Иако алатките за вештачка интелигенција сè повеќе влегуваат во областа на здравството, OpenAI наведува дека ChatGPT Health има чисто информативна и организациска улога – нејзината цел е да им помогне на корисниците да се движат низ сопствените здравствени податоци, а не да донесуваат медицински одлуки.
„ChatGPT Health е уште еден чекор кон тоа ChatGPT да стане личен супер-асистент што може да им помогне на корисниците со информации и алатки за да постигнат цели во различни области од животот“, напиша Фиџи Симо, извршен директор за апликации во OpenAI, во објава на Substack.
Според компанијата, здравјето е веќе една од најчестите области каде што се користи ChatGPT. Повеќе од 230 милиони луѓе ширум светот поставуваат прашања на четботот поврзани со здравјето и благосостојбата секоја недела.
Една од главните карактеристики на ChatGPT Health е можноста за поврзување на различни извори на лични здравствени податоци. Корисниците можат да поврзуваат медицински картони и апликации за следење на здравјето, како што се Apple Health, Function и MyFitnessPal.
OpenAI наведува дека ChatGPT потоа може да им помогне на корисниците: полесно ги разберат резултатите од лабораториските тестови, подготват прашања и белешки за прегледот кај лекарот, добијат општи упатства за исхрана и вежбање, споредат различни опции за здравствено осигурување врз основа на вашите сопствени здравствени обрасци
Компанијата нагласува дека ова е информативна поддршка, а не медицински препораки.
OpenAI конкретно истакнува дека ChatGPT Health не поставува дијагнози, не препорачува терапии и не служи за итни медицински ситуации.
„Здравјето е дизајнирано да ја поддржи, а не да ја замени, медицинската грижа. Им помага на корисниците да ги разберат долгорочните шеми во сопственото здравје и да се подготват за важни разговори со лекарите“, соопшти компанијата.
Алатката е развиена во соработка со лекари од различни делови на светот. OpenAI вели дека во изминатите две години работела со повеќе од 260 лекари од 60 земји и десетици медицински специјалности, кои дале повратни информации за одговорите на моделот повеќе од 600.000 пати.
ChatGPT Health моментално е достапен само за ограничен број корисници. OpenAI наведува дека пристапот е достапен за мала група корисници со сметки ChatGPT Free, Go, Plus и Pro, кои можат да се регистрираат на листа на чекање.
Во раната фаза на употреба, корисниците од Европската економска зона, Швајцарија и Обединетото Кралство, каде што важат построги прописи за заштита на здравјето и личните податоци, не се вклучени.
Покрај тоа, поврзувањето на медицинските картони и дел од апликациите ќе биде достапно исклучиво за корисниците во САД.
OpenAI објавува дека планира постепено да ја прошири достапноста на ChatGPT Health за сите корисници на интернет и iOS во наредните недели, бидејќи системот дополнително се тестира и усовршува.
Забава
Бруклин Бекам ги блокирал своите родители и сака да комуницира со нив само преку адвокат
Драмата во семејството Бекам изгледа достигна ново ниво. Бруклин Бекам наводно испратил правно писмо до своите родители, Дејвид и Викторија, предупредувајќи ги да го контактираат само преку адвокат. Според извештаите на таблоидите, наводно им била доставена „наредба за прекин на комуникацијата“ кон крајот на минатото лето, што дополнително го разгоре растечкиот јаз во семејството.
Кавгата наводно трае од 2022 година.
Овој потег е само последен во низата настани во наводната кавга меѓу Бруклин и неговото семејство, која наводно започнала пред неговата свадба со Никола Пелц во 2022 година. Во медиумите веќе кружат гласини дека односите меѓу Никол и Викторија биле затегнати, со несогласувања околу организацијата на свадбата, а подоцна и како целата церемонија била претставена на јавноста.
Иако ниту Бруклин ниту неговите родители официјално не коментирале за обвинувањата за „студена војна“, неколку американски медиуми со години споменуваат дека станува збор за долгогодишни тензии кои повремено се смируваат, но потоа повторно се разгоруваат.
Раздорот стана поочигледен минатата година, кога 26-годишниот Бруклин пропушти некои важни семејни настани. Некои извори тврдеа дека тој не присуствувал на прославите по повод 50-тиот роденден и прогласувањето за витез на својот татко, како и на премиерата на документарецот на неговата мајка на Нетфликс, што веднаш предизвика шпекулации дека станува збор за намерно дистанцирање.
Од друга страна, медиумите истовремено пишуваа дека Дејвид и Викторија не присуствувале на неговото обновување на заветите минатото лето, што дополнително ги засили шпекулациите за „целосен прекин“. Иако семејството наводно го поминало Божиќ 2024 година заедно, заедничките фотографии и објави не се повторија во 2025 година, па многумина заклучија дека конфликтот се продлабочил.
Покрај историјата на тензии од свадбата, минатата година како дополнителен можен поттик беше спомената и расправија меѓу Бруклин и неговиот помлад брат Ромео. Ромео беше во врска со Ким Тернбул, а некои медиуми тврдеа дека Ким претходно била во врска со Бруклин, што, според овие извештаи, довело до нови несогласувања меѓу браќата. Оваа епизода често се наведува како една од точките кога работите повторно тргнаа наопаку, иако ниту семејството ниту Ким Тернбул јавно не ја потврдија оваа верзија.
Блокирани родители на социјалните мрежи
Ситуацијата неодамна дополнително ескалираше кога најмладиот син Круз откри дека Бруклин ги блокирал на социјалните мрежи. Во објава, Круз, реагирајќи на коментарите од следбениците, наговести дека родителите не одлучиле сами да го „престанат да го следат“ својот син, туку дека, како што напиша, „се разбудиле блокирани“ – што беше еден од ретките моменти кога некој од семејството практично јавно потврди дека има сериозен проблем. Овој детаљ беше сигнал за многумина дека расколот не се случува само зад затворени врати, туку дека станал видлив и во јавноста.
Сега се чини дека овој потег можеби бил поврзан со претходно споменатото правно писмо, или дека блокирањето било дел од обидот на Бруклин да ја ограничи комуникацијата и да се дистанцира од семејството. Извор близок до семејството изјави за The Sun дека јавноста не ги знае сите детали од оваа приказна и дека станува збор за многу посложена ситуација отколку што изгледа однадвор, тврдејќи дека тензиите се градат со години, и дека во последните месеци тие само избувнале во низа конкретни потези.

epaselect epa10897781 (L-R) Mia Regan, Romeo Beckham, Cruz Beckham, Harper Beckham, David Beckham, Victoria Beckham, Brooklyn Peltz Beckham, and Nicola Peltz Beckham attend the premiere of ‘Beckham’ at the Curzon Mayfair, London, Britain, 03 October 2023. The four-part documentary series launches on Netflix on 04 October 2023. EPA/Tolga Akmen
Во меѓувреме, ниту Бруклин ниту Дејвид и Викторија не дадоа официјална изјава за наводното писмо, па затоа поголемиот дел од информациите остануваат базирани на изјави од извори и извештаи од таблоиди. Сепак, сè почестите сигнали – отсуства од настани, помалку заеднички објави, а сега и блокирање на социјалните медиуми – ги поттикнаа шпекулациите дека овој конфликт би можел да биде најсериозен досега и дека, ако оваа динамика продолжи, трајно ќе го промени односот во едно од најпознатите семејства во светот на славните.
Забава
(Фото) Никол Кидман позираше со својата помлада сестра, фановите коментираат исто под фотографијата
Во тешкиот период по разводот од музичарот Кит Урбан, холивудската ѕвезда Никол Кидман ја смета својата помлада сестра Антонија за своја најголема поддршка.
58-годишната актерка сподели емотивна фотографија од себе со својата сестра на Инстаграм во петокот, само неколку дена откако официјално заврши нејзиниот 19-годишен брак, објавува „Дејли меил“.
На фотографијата, сестрите изгледаат релаксирано, а Никол ја прегрнува 55-годишната Антонија. Актерката изгледа блескаво во зелен фустан, а младешкиот изглед на двете сестри ги воодушеви следбениците.
Објавата не остана незабележана од многу обожаватели кои го изразија своето восхитување во коментарите. „Величествено и совршено“, напиша еден следбеник, додека друг додаде: „Сакам да имав ваков однос со сестра ми. Задржи ја таа љубов“. Трет коментар ги сумираше чувствата на многумина: „Прекрасна фотографија од две прекрасни сестри кои очигледно се обожаваат една со друга“.
Многумина исто така брзо ја истакнаа неверојатната физичка сличност на сестрите. „Како близначки“, коментираше еден обожавател. Друг коментираше: „Дали сите австралиски девојки се вака згодни или само вие две сте?“, а трет заклучи: „Сличноста е вистинска! Прекрасно!“

