Македонија
Здружението на судии ќе го слушне мислењето на сите судови па ќе изгради став за „бомбите“

Здружението на судиите на Македонија ќе го слушне мислењето на сите судови, па потоа ќе изгради став во врска со снимките кои ги обелодени опозициската СДСМ, коишто според лидерот на опизицијата, Зоран Заев се доказ за спрегата меѓу власта и судскиот систем.
„Во контекст на последните случувања и објавените аудио снимки на една од политичките партии, кои во јавноста се конотираат како директно мешање на судската власт и атакт врз независноста на судиите, Здружението на судиите на Република Македонија истакнува загриженост и смета дека е непримерно судиите да се ставаат во состојба јавно да се бранат од притисоци. Во таа насока Управниот одбор заклучи да го слушне мислењето и да ги сублимира изградените ставови на подружниците на сите судови после кое ќе следи конзинстентен став“ соопштијата од Здружението на судиите.Заев презентираше аудио снимка на телефонски разговор меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот министер за правда Михајло Маневски, во кој, како што рече Заев, било договарано да се намести судска одлука.Претседателот на СДСМ обвини дека и коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се пазареле при поставувањето на свои луѓе во судовите. Презентираше разговор, за како што рече, местење на претседател на Врховниот суд, помеѓу директорот на УБК, Сашо Мијалков и Муса Џафери од ДУИ./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. 103 – Волково во близина на кружниот тек во Волково, во општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. 100 и 21 во село Волково, во општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од село Сопиште (ул. 14 и ул. 16 кај Св. Мина) во општина Сопиште.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во работна посета на високо ниво на Велика Британија

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од попладнево е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство, каде ќе оствари работнa средбa со Герет Томас, министер за бизниси, извоз и услуги, средба со министерот за Европа, Стефан Доти, како и со Дејм Карен, специјален пратеник на премиерот на Велика Британија за Западен Балкан. Исто така предвидени се средби и со претставници од бизнис заедницата во Лондон.
Тема на работните средби е зацврстување на стратешката соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.
Предвидено е на средбите да се разговара за економската и трговска соработка со посебен фокус на инвестиции во инфраструктурниот сектор.
Покрај економските теми, ќе се потврдат и добрите политички односи меѓу двете земји.
Обединетото Кралство е стратешки партнер на Република Македонија во НАТО Алијансата и земја на второ место со која остваруваме најголем обем на трговска размена.