Култура
„Дон Кихот“ повторно на сцената на МОБ
Со премиерната изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ по музика на Лудвиг Минкус во петок, 18 декември, на сцената на Македонската опера и балет се заокружува одбележувањето на шеесетгодишниот јубилеј на националниот балет оваа година
Со премиерната изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ по музика на Лудвиг Минкус во петок, 18 декември, на сцената на Македонската опера и балет се заокружува одбележувањето на шеесетгодишниот јубилеј на националниот балет оваа годинаПодготовките на „Дон Кихот“ започнаа уште од април годинава и публиката ќе има можност да види комплетно нова претстава – нова сценографија, костими, промени во некои музички делници, подмладен ансамбл и нови солисти. Последната поставка на „Дон Кихот“ беше пред шест години. Кореографијата е на Виктор Јаременко, сценографијата на Андреј Злобин, а костимите на Гана Ипатиева, уметничкиот тим од Украина кој во Македонскиот балет ги постави и мошне успешните „Лебедово езеро“ и „Рајмонда“. Главните ролји ги играат Мирјана Поп Алексова како Китри и Бобан Ковачевски како Базил. Славчо Димовски, член на хорот на Операта се појавува во улогата на Дон Кихот. Останатата екипа ја сочинуваат Ивана Коцевска, Дмитро Чеботар (Украина), Александра Мијалкова, балетскиот ансамбл и оркестарот при МОБ. Диригент е Саша Николовски-Ѓумар. Македонскиот балет за наредната година најави и еден поголем копродукциски проект помеѓу Македонија, Германија и Франција, односно МОБ, Балетот од Визбаден и Националниот балет од Бордо во кој ќе учествуваат по 8 танчери и 1 кореограф од секоја земја. Проектот ќе се реализира во текот на месец мај. /крај/форум/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Јон Вардар повторно во Бразил
После Јужноамериканската премиера на Јон Вардар против Галаксијата на еден од најголемите филмски фестивали во Латинска Америка, престижниот Мостра до Сао Паоло, првиот македонски долгометражен анимиран филм повторно патува за Бразил.
Овојпат, Јон Вардар ќе биде прикажан во „бразилското Сен Тропе“ на 6. декември, на 14тото издание на меѓународниот филмски фестивал Балнеарио Камбориу.
Режисерот Цветановски изјави дека поканата за учество ја добил од директорот на фестивалот веднаш после проекцијата во Сао Паоло.
„Се‘ уште сум воодушевен од реакцијата на бразилската публика. После првата проекција се сликав со група весели ученици со кои разговаравме за филмот, а потоа следеше и интервјуто за бразилскиот сервис на ‘Си-ен-ен’. Драго ми е што филмот наиде на интерес во Бразил и повторно ќе биде прикажан таму“, изјави Цветановски.
Ова е четврта фестивалска презентација на Јон Вардар против Галаксијата, а Цветановски најави возбудливи новости во текот на 2025.
Култура
Македонскиот филм М со ново гран при, овој пат во Шведска
Македонскиот филм М, во режија на Вардан Тозија, а во продукција на „Фокус покус“, ја освои главната награда за најдобар филм на интернационалниот фестивал на жанровски филм Light Till Dark во Оребро, Шведска.
„Овој филм носи нова перспектива на еден познат жанр. Филм со силни актерски изведби и сензитивна режија. Тоа е прекрасен филм, еднакво визуелно и тематски. Филм кој нè остава со надеж, но и скршено срце“, беше образложението на интернационалното жири.
Фестивалот Light Till Dark е фестивал чија селекција обединува нови и класични филмски дела од областа на фантастиката, научната фантастика и хоророт. „Целта на овој фетивал е да се промовираат жанровски филмови, но и да се откриваат нови дела, кои не стигнуваат во широка дистрбуција“, изјави Даниел Лундстен, директорот на фестивалот.
М не запира со својата фестивалска турнеја. Следни проекции ќе се одржат на почетокот на декември, каде што М ќе ги има својата холандска и финска премиера во рамките на официјалните селекции на фестивалот Eastern Neighbors во Хаг и Интернационалниот скандинавски филмски фестивал во Хелсинки.
Култура
Прва читачка проба на претставата „Народен пратеник“
Првата читачка проба на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во адаптација и режија на Егон Савин започна денес, а асистент на режија е Шенај Мандак.
Во претставата играат: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Тања Кочовска. Како сценограф се потпишува Весна Поповиќ, костимограф е Роза Трајческа – Ристовска, а преводот е на Загорка Поп-Антоска Андовска.
Овој „Народен пратеник“ е трета постановка на познатата драма на Бранислав Нушиќ. Првата постановка премиерно е изведена на 8 мај 1945 година, во режија на Тодор Николовски, и таа е втората поставена драма на сцената на МНТ. Поставена е уште еднаш – 24 април 1993 година, во режија на Димитрие Османли. Таа е една од најпосетените и најдолговечни претстави: се игра до 2008 година, со вкупно 188 изведби. Режисерот Савин и авторот Нушиќ се неминовен и неизоставен дел од МНТ. Егон Савин се враќа во МНТ по подолг период – ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и паралаж“ (1996). Бранислав Нушиќ, пак, е еден од најпоставуваните автори на сцената на МНТ.
Во 80 години постоење, од 1945 година до денес, поставени се осум негови дела со вкупно шеснаесет постановки од повеќе режисери и во различни верзии.