Контакт

Култура

Изложба и претстава од работилниците на ХЕРА

Објавено пред

Oдделот за млади во Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување со особено задоволство во понеделник, 14-ти јуни организира фотографска изложба и театарската изведба „Под површината“ во просториите на Јавна соба – Промо центарот во Скопје

dobivaj vesti na viber

Како дел од активностите за зацврстување на младинското волонтерство во Х.Е.Р.А. се организираа театарски работилници и работилници за фотографија. Како резлултат на овие работилници произлегоа и изложбата на фотографии и театарската изведба насловени „Под површината“На фотографската изложба ќе бидат изложени 27 фотографии од девет млади автори. Тие својата изложба ја насловија „Под површината“ затоа што сите ние имаме нешто интересно, можеби провокативно, несекојдневно кое можеме да го покажеме, а што другите не го забележуваат на прв поглед. Кратката театарска изведба „Под површината“ исто така е целосно креирана од нашите млади волонтери. Приказната која што стои позади оваа театраска изведба е приказна на една млада девојка. Таа постојано е водена од она што ќе го кажат другите за нејзе, дури и кога треба да ја најде својата љубов. Но на крајот таа го слуша она што е скриено длабоко во нејзе, под површината на она што сите го гледаат и…. се разбира крајот е среќен.Отварањето на изложбата е во 19 часот, а театарската изведба е од 20 часот.Х.Е.Р.А. инаку е Асоцијација за здравствена едукација е лидер организација меѓу граѓанскиот сектор која работи на промоција и унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје и права, особено во делот на обезбедување на директни услуги преку нејзините сервисни центри и теренската работа. Како дел од Х.Е.Р.А. активно работи и одделот за млади. Во овој оддел активно се вклучени триесетина волонтери кои што работат на повеќе активности. Сите овие активности имаат за цел да се едуцираат младите за теми поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје и права, како и нивно активно вклучување во процесите на донесување на одлуки. Како дел од активностите за зацврстување на младинското волонтерство во Х.Е.Р.А. се организираа театарски работилници и работилници за фотографија. Како резлултат на овие работилници произлегоа и изложбата на фотографии и театарската изведба насловени „Под површината“



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Ретроспективна изложба на Анета Светиева во Даутпашиниот амам

Објавено пред

Од

Националната галерија го најавува претставувањето на творештвото на Анета Светиева. Изложбата ќе биде поставена во Даут пашиниот амам до крајот на месец август, а официјалното отворање ќе биде на 21 мај 2025 (среда), во 20 часот.

dobivaj vesti na viber

Ретроспективната изложба на Анета Светиева е дел од програмата на Националната галерија за сеопфатно презентирање на македонските современи уметници кои ја креираа нашата ликовна сцена. Проектот ја следи монографијата за Светиева издадена 2023 година, со што се заокружува долгогодишното следење и истражување на богатиот творечки опус на еден од најзначајните македонски скулптори.

Сложеното, комплексно, иновативно и креативното творештво на Анета Светиева, го поставува нејзиното дело на самиот врв не само на македонската ликовна сцена, туку и на една пиширока платформа која ги преминува границите на регионот.

Во почетокот на седумдесеттите , поинаквите видувања не само на формата, на појавниот облик, туку и на некои суштински прашања во однос кон делото, беа причина критиката да ги дефинира скулптурите на Анета Светиева (веќе во нејзините првични настапи) како дела со јасен концептуален и изведувачки проседе, вон од тогашните вообичаени јазички модели. Тие блескави мигови вон од општите стилски движења и веќе контурирани шеми, создаде еден индивидуален пробив во скулпторската материја. Нејзиниот самостоен пластички исказ кој се наметна со силината на автентичноста надвор од главните актуелни текови, го иницира внатрешното битие на делото, неговата вибрација што реагира на живиот дух на времето како знак на современоста. Внатрешните диктати се генерирани од изворите на нејзиниот интерес за етносот, фолклорот и печената земја како исконските артефаки, како прилози на делување на еманципираниот човечки дух. Нејзиното творештво е во темелен дијалог со етнолошката ризница и обичаите на Балканот и пошироко, врз кои што ги гради сопствените митолошки пејзажи и ги воскрснува колективните митови до степен на универзалното. Во нејзините форми, материјализираната идеја се наметнува со убедливо сведоштво за густо, слоевито преплетување на уметноста на сегашниот миг и оние слоеви кои можат да се разбудат во секој творец. Тој спој е кај Анета реализиран и нагласен и во него е содржан и одговорот на круцијалното прашање за потеклото и слоевитото значење на нејзиното дело. Во каталогот за изложбата во Белград, 1984, Анета кажува : “Моите размислувања, некој флуид …и порано, веке во првите чекори, беа насочени кон овој свет на митот како автохтоност, автентичност, како мој идентитет искажан со синтагми, со секвенци од разновидните области и начини на сфаќањето на животот на мојот народ, на мојата почва и поднебје. Се е поврзано на некој начин.”

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на романот „Арагон“ од Михајло Свидерски

Објавено пред

Од

Вечерва, 12 мај, во 19 часот, на Саемот на книгата, во Арена Борис Трајковски, на штандот на издавачката куќа Антолог, ќе се одржи промоцијата на романот од македонскиот писател Михајло Свидерски. Промотор ќе биде младиот македонски писател на крими романи Анде Јанков.

dobivaj vesti na viber

Романот „Арагон“ е структуриран во три поглавја, Овој свет (Олам ха Зе), Светот што ќе дојде (Олам ха Ба), и Дрвото на животот (Ец Хаим).

Во „Арагон“ Свидерски ја обработува темата на животот на Сефардските Евреи кои живеат во Битола, сè додека не се соочат со суровоста на војната. Централната приказна се движи околу Алегра, која е заробена во брак без љубов, и се осмелува да побегне со својот љубовник Јешуа, но нивната забранета љубов завршува со трагичен крај кога нејзиниот сопруг, Рахамим, го убива Јешуа. Во една конзервативна заедница, која дотогаш живеела спокоен живот, покрај присутниот страв и злокобните најави за депортацијата се случува и убиство.

Младиот Елиезер, кој случајно ја избегнува депортацијата, се вљубува во Марија. И двајцата успеваат да се спротистават на забраните на домашните. Приказната се испреплетува со храброста на Несима Ерен, муслиманка која во тие сложени времиња ризикува сè за да ги спаси Алегра и Елиезер од депортацијата. Понекогаш и во најтешките моменти има мигови на среќа. Некои членови на организацијата „Хашомер Хацаир“ кратко пред депортацијата, преку илегални канали, заминуваат за ветената земја, и така ќе се спасат.

Во поговорот на книгата, истакнатата критичарка, книжевна теоретичарка и универзитетски професор, Елизабета Шелева ќе напише: „Арагон на Свидерски е проникнат во духот на парадокасалната (загадочна) метафизика на загубата и на тежината, вградена во чинот на (принудниот) избор, заедно со ироничната лаовност на светот, што му се разоткрива на Елиезер, небаре оксиморонски исход од бегството како негов животен и судбински хазард“.

Прикажи повеќе...

Култура

Француската иновативна танчарска претстава MYSELVES ќе го затвори „Танц-фест“

Објавено пред

Од

Дваесет и првото издание на Танц-фест ќе биде затворено утре, 13 мај, со иновативната и интерактивна танцова претстава „MYSELVES“, на француската група K. DANSE

dobivaj vesti na viber

Настанот ќе се одржи со почеток во 20 часот, во Македонскиот народен театар.

Оваа извонредна танцова претстава е дијалог помеѓу танчерот и неговите повеќекратни идентитети, отелотворени во визуелно и звучно единство. Танцовата креација ги вкрстува современиот танц и дигиталната уметност, прикажувајќи интеракција помеѓу изведувачот и неговите многубројни лица низ најразновидни трансформации.

Со употреба на телесни и оптички сензори, танчерката нè внесува во единствено ументичко искуство каде површините за проекција стануваат портали кон невидливото, а виртуелните идентитети на изведувачот се појавуваат и исчезнуваат.

Францускиот институт во Скопје и Фестивалот Танц-феат ги поканува сите љубители на современиот танц и дигиталната уметност да ни се придружат и да бидат дел од ова единствено уметничко доживување.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Левица предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот знамето и химната: МВР реагира за сквернавење, но не влегува по канцеларии

Партијата Левица оваа недела ќе поднесе предлог-закон за формирање инспекторат за употреба на грбот, знамето и химната на државата, како...

Македонија1 час

Мицкоски: Државата беше во слободно паѓање, ни требаше стабилизација во оваа прва година

Премиерот, Христијан Мицкоски, на денешниот Самит 2025 во организација на „Македонија 2025“ истакна дека првиот ден од стапување на функцијата...

Економија1 час

Се зголемуваат цените на бензините, се намалува на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија3 часа

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

„ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции...

Свет3 часа

Масовни апсења деца во Европа, планирале терористички напади врз концертни сали и верски објекти

Вештачката интелигенција, колку и да е корисна, е сè повеќе фактор во радикализацијата на младите луѓе, што го покажуваат случаите...

Свет3 часа

САД и Кина постигнаа договор

САД И Кина се согласија за значително намалување на царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по разговорите...

Македонија6 часа

Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата не може да биде под минималната во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест. „Полициската...

Европа7 часа

Захарова: Русија и Кина се борат да го зачуваат историското сеќавање на Втората светска војна

Русија и Кина се борат да го зачуваат историското сеќавање на херојските дела на своите народи во Втората светска војна,...

Свет7 часа

Трамп: На корумпираните демократи им пречи бесплатниот авион

Владата на американскиот претседател Доналд Трамп има намера да прифати авион „Боинг 747-8“ како подарок од катарското кралско семејство, кој...

Свет13 часа

Зеленски согласен в четврток во Истанбул да се сретне со Путин за крај на војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е согласен в четврток во Истанбул да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за...

Македонија14 часа

Предложен притвор за кичевецот кој утрово со секира си го уби таткото и тешко ја повреди мајка си

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против кичевец осомничен за кривични дела убиство и обид за убиство. „При вршење...

Македонија15 часа

Невреме со град, дожд и грмотевици вечерва во Струмица: поплавени улици, паднати дрвја и делови од градот без струја

Откорнати дрвја, поплавени улици и делови од центарот без струја е билансот од невремето со град, дожд и грмежи вечерва...

Топ16 часа

Малолетничка на болничко лекување пријавила дека лекар од Клинички центар во тоалет ја допирал по телото

Вчеравечер во СВР Скопје малолетничка од Виничко, која била згрижена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пријавила дека околу...

Свет19 часа

Прво обраќање на папата Лав XIV: Запрете ги сите војни

Папа Лав XIV повика глобалните лидери да престанат да водат војни во првиот поголем говор до верниците. “Јас исто така...

Македонија22 часа

(Видео) Кривична пријава за 23 – годишниот кривопаланчанец кој со автомобил влечеше куче

Против 23- годишникот кој со автомобил влечеше куче ќе биде поднесена кривична пријава за мачење животни. „На 10.05.2025 во 23.30...

Македонија22 часа

(Видео) Таравари е одлучен да се врати во прегратките на Али Амети и ДУИ, следната недела ќе имаме завршно пиење кафе, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе има уште една, завршна средба со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за Кочани: Нема закон што ќе ја избрише тагата, но да покажеме дека сме тука за семејствата

Социјадемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја повика партијата ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за Кочани.  Од СДСМ велат дека како...

Македонија1 ден

Уапсен кичевец, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Утрово полицијата во Кичево го уапси Е.А. (48) оти со секира ги нападнал родителите и си го убил таткото. „Околу...

Македонија1 ден

Кривична и притвор за Турчин поради обид за убиство во Скопје

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против У.Х. (35) од...

Македонија1 ден

Димитриевски од Охрид: Венко, за што ќе ја користиш златната виза од Дубаи, со една нога надвор не се станува водач

На средбата со граѓани, членови и симпатизери на Движење ЗНАМ за Наша Македонија во Охрид, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски...