Култура
Избран најдобриот архитект за 2009 година

Професорот во пензија на архитектонскиот факултет, Никола Павловски е добитник на овогодинешната награда за архитектура која што во вторник ја додели Асоцијацијата на
Професорот во пензија на архитектонскиот факултет, Никола Павловски е добитник на овогодинешната награда за архитектура која што во вторник ја додели Асоцијацијата на архитекти на Македонија.
Павловски го доби признанието за проектирањето на објектот Југоекспорт Стил, а наградата му ја врачи претседателот Ѓорѓе Иванов.
Иванов истакна дека изнесувањето на своето мислење и борбата за негово остварување како и натпреварот со факти и квалитетни идеи ќе биде од полза за сите нас.
“Се надевам дека пораката која ќе остане испишана во објектите изградени во времето кое ни е дадено ќе биде токму таа за луѓето да станат свесни за своето минатото, искрени кон сегашноста но и подготвени за иднината.”, рече Иванов.
Оваа награда се доделува веќе 33 години./крај/фф/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
„Центарска симфонија“ – в сабота концерт на отворено со филмска музика, Тарабунов е специјален гостин

„Центарска симфонија“, – концерт посветен на најубавата филмска музика, изведена во живо од камерен оркестар и бенд, со специјален гостин музичката ѕвезда Александар Тарабунов.
Концертот ќе се одржи оваа сабота (28 јуни 2025) со почеток во 20:00 часот, на плочникот кај Градски ѕид (Клуб на новинари).
„Центарска симфонија е музичко патување низ емоции, спомени и современи интерпретации во Центар, во срцето на Скопје. Ќе слушаме македонска и светска филмска музика во ново, моќно симфониско руво. Со настани како ‘Центарска симфонија’ ја збогатуваме културната понуда на Општина Центар и ја доближуваме уметноста до секој граѓанин. Горди сме што инвестираме во култура која ги поврзува генерациите и ја разубавува заедничката слика за животот во Центар“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Концертот е бесплатен за граѓаните и е дел од културната програма на Општина Центар, која годинава носи повеќе настани.
„Ве поканувам на 28 јуни на ‘Центарска симфонија’, ќе пееме филмска музика и за првпат ќе имате можност да ја слушнете мојата најнова песна „Заедно“ со симфониски оркестар. Дојдете да пееме заедно и да уживаме таа вечер”, порачува Тарабунов.
Култура
Почнува седмото издание на филмската ревија „Златна рамка“

Од 26. до 28. јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.
Иницирана како дел од стратешката програма за афирмација на филмската уметност и поддршка на домашната продукција, филмската ревија „Златна рамка“ се етаблира како еден од клучните настани во македонската културна сцена. Со своето седмо издание, ревијата ја продолжува својата мисија – да ја претстави актуелната продукција транспарентно и критички, да ја доближи до домашната публика и медиумите, како и да придонесе кон унапредувањето и квалитетот на македонската кинематографија преку стимулирање на продукциската и креативната динамика во индустријата.
„Златна Рамка“, покрај тоа што е филмска ревија, претставува и платформа за професионален дијалог, каде филмските автори, продуценти и актери дискутираат за релевантни прашања, ги споделуваат своите достигнувања и остваруваат соработки.
Особено значајно е што овогодинешното издание на „Златна рамка“ се совпаѓа со јубилејот – 75. години од основањето на Друштвото на филмски работници на Македонија – здружение што има витално значење за развојот и заштитата на македонската кинематографија од нејзините почетоци до денес. Од своето основање, ДФРМ претставува глас и поткрепа за сите професионалци во домашната филмска индустрија.
„Златна рамка“ ја симболизира основната кинематографска единица, рамката, и на симболичен начин ги обединува творештвото, критиката, традицијата и современоста во македонскиот филм. Со секое ново издание, ревијата ја афирмира својата важност како двигател на културен дијалог што ги надминува жанровските, лингвистичките и културните граници.
Во рамки на тридневната програма, присутните може да очекуваат да уживаат во програма со различни долгометражни филмови, кратки и документарни филмови од најновата македонска филмска продукција.
ПРОГРАМА
Краткометражни филмови:
На 26 јуни со почеток во 18 часот ќе бидат прикажани пет кратки филмови. На програмата се остварувања на режисерите: Елеонора Венинова, Халим Лута, Надежда Панов, Трифун Ситниковски и Васил Христов.
Долгометражни филмови:
27 јуни, 20:30 часот: “Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец, во продукција на “Трис Филмс“.
28 јуни, 20:00 часот: “Најтешкото нешто“ во режија на Сердар Акар, во продукција на “Сектор филм“.
Документарна програма:
27 јуни, 19:00 часот: “Време на бетон“ во режија на Игор Иванов, во продукција на “Скопје Филм Студио“.
28 јуни, 18:00 часот: “Богатство“ во режија на Арсим Фазлија, “Сејви Продукција“.
Дополнително, на 28 јуни, како дел од социјалната програма ќе се одржи и специјална проекција на „Најтешкото нешто“ во Домот за стари лица “Мајка Тереза“ за публиката која не може да го посети киното “Фросина“.
Култура
Изложба на фотографии во чест на 50 години соло кариера на Влатко Стефановски во Загреб

Покрај фотографиите, изложбата вклучува и промотивни материјали поврзани со соработката на Стефановски со Теохаров Аудио, со кои заеднички ги дизајнираа познатите звучници ‘Legendary’ – технолошки и дизајнерски напредни уреди кои се здобија со голема популарност.
Во просториите на Македонскиот културен центар во Загреб, во среда, на 3 јули со почеток од 19 часот, ќе биде отворена изложбата The Vlatko Stefanovski Experience, посветена на значајниот јубилеј – 50 години музичка кариера на Влатко Стефановски.
Изложбата претставува избор од концертни фотографии кои ги документираат различните фази од солистичката кариера на Стефановски. Автори на фотографиите се Ангел Ситновски, Стефан Рајхл, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ – фотографи кои долги години го следат Стефановски на неговите настапи и турнеи во Македонија, Србија и пошироко. Таа за првпат беше поставена во галеријата Мала Станица во јуни 2024, во рамките на фестивалот Скопје Синема Сити.
Преку објективот на овие четворица фотографи се отвора еден визуелен архив кој сведочи за уметничкиот раст и развој на Стефановски – од неговите рани соло настапи, преку бројните музички соработки, па сè до денешните концерти кои сè уште пленат со виртуозност и силна емоционалност. Фотографиите ја доловуваат не само динамиката на настапите, туку и атмосферата на концертите, реакциите на публиката и посветеноста со која Влатко излегува на сцена.
Покрај фотографиите, изложбата вклучува и промотивни материјали поврзани со соработката на Стефановски со Теохаров Аудио, со кои заеднички ги дизајнираа познатите звучници ‘Legendary’ – технолошки и дизајнерски напредни уреди кои се здобија со голема популарност.
„Концертната сцена е местото каде што музиката се доживува најнепосредно – под рефлектори, без филтери“, вели авторот на изложбата, новинарот и куратор Ненад Георгиевски. „Влатко Стефановски е уметник кој постојано покажува дека звукот може да биде и емоционален компас и културен идентитет.“
Изложбата The Vlatko Stefanovski Experience е во организација на здружението Номад-Арт Скопје и ќе биде отворена за посетители до 8 јули. Таа е поддржана од Министерството за култура и туризам. Публиката е поканета да ја доживее оваа визуелна ретроспектива како омаж за еден уметник чие музичко творештво надминува граници, жанрови и генерации.